Италијанистика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Со терминот италијанистика се дефинира во Италија изучувањето на италијанскиот јазик, италијанската литература и италијанската култура на универзитетско ниво. Овој термин соодветствува на аглискиот Italian Studies, кој е во употреба на англосаксонските универзитети. Во Македонија изучувањето на италијанскиот јазик датира уште од 1959 година кога за првпат на Филозофскиот факултет во Скопје бил воведен како двогодишен предмет со ангажирање на првиот лектор Катја Младинео од Филозофскиот факултет во Загреб. Од 1960 година за оваа настава е избран Наум Китановски, кој работи при лекторатот по италијански јазик, најпрвин како лектор, а потоа како предавач и виш предавач. Првиот отсек по Италијанистика при катедрата за Романски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ започнала со работа во ноември 1997 година со помош и поддршка од страна на Амбасадата на Италија во Република Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Италијанистика[уреди | уреди извор]