Итала (ловиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Ловиште Итала
Место Квазулу-Натал, ЈАР
Најблизок град Дурбан, ЈАР
Површина 290 km²
Основан 1973
Управен орган Ezemvelo KZN Wildlife

Ловиштето Итала (англ. Itala Game Reserve) е површина од 290 km² нерамен планински крај на северот на провинцијата Квазулу-Натал, околу 400 km северно од градот Дурбан во ЈАР. Ова е едно од најновите ловишта во ЈАР. Надморската височина се движи од 400 m до 1450 m, па затоа теренот се одликува со голема разноликост - од густо обраснати речни долини, па сѐ до тревнати висорамнини, с'ртови и гребени.

Во ловиштето живее секаков крупен дивеч, освен лавот.

Историја[уреди]

  • Во доцниот XIX век кралот Динизулу им го дал ова земјиште на бели земјоделци.
  • Во 1973 одборот за национални паркови почнал да откупува поединечни чифлици и да ги претвора во резерват.

Занимливости[уреди]

  • Во Итала се наоѓаат два напуштени рудника за злато.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]