Прејди на содржината

Исфрлање сперма во сон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гаќи исфлекани со сперма од ноќно изливање

Исфрлање сперма во сон или полуција (латински: pollutio) — неволна (понекогаш придружена со соништа со предмет на возбуда) ејакулација кај момчињата и мажите. Обично е од 14 до 16 години. Може да се појави за време на полово воздржување кај возрасни. Исфрлањето сперма во сон е една од пројавите на пубертетот. Честотата на исфрлањето сперма во сон е индивидуална за секој човек. Во некои случаи, исфрлањето сперма во сон може да се појави секоја вечер или дури и неколкупати во текот на ноќта. При воздржувањето, исфрлањето сперма се јавува и во будна состојба. Нејзината појава обично се смета дека е од 1 до 2 пати неделно до 1 пат на 2–3 месеци. Исфрлањето сперма во сон се јавува почесто ако мажот не мастурбира или нема полови односи; доволно зачестената полова активност спречува појава на исфрлање сперма во вон. Меѓутоа, долготрајната полова воздржаност (неколку месеци или години) води до намалување на зачестеноста на исфрлање сперма во сон, иако таа целосно исчезнува само кај некои мажи на возраст од 50 до 60 години.[1]

Во подробно проучување, мажите и жените изјавиле дека околу 8 % од нивните секојдневни соништа содржат некаков облик на полова дејност. 4 % од половите соништа и кај мажите и кај жените воделе до оргазам.[2]

Кај мажите

[уреди | уреди извор]

Честотата на исфрлање сперма во сон е многу променлива. Некои објавиле дека тоа се должи на тоа што се полово неактивни во период од 1 до 2 недели, без ангажман ниту во однос, ниту во мастурбација. Некои мажи доживеале голем број на исфрлања на сперма во сон како тинејџери, додека други никогаш не доживеале никакви. Во САД, 83 % од мажите доживуваат исфрлања на сперма во сон во одреден период од нивниот живот.[3]

За мажите што доживеале исфрлања на сперма во сон, средната честота се движи од 0,36 пати неделно (околу еднаш на секои три недели) за 15-годишни самци до 0,18 пати неделно (околу еднаш на секои пет и пол недели) за 40-годишни самци. За оженетите мажи, средната вредност се движи од 0,23 пати неделно (околу еднаш месечно) за 19-годишни оженети мажи до 0,15 пати неделно (околу еднаш на два месеци) за 50-годишни оженети мажи.

Некои мажи имаат исфрлања на сперма во сон само на одредена возраст, додека други имаат во текот на целиот живот по пубертетот. Честотата со која некој има ноќни изливи не е категорично поврзана со честотата на мастурбацијата.

Кај жените

[уреди | уреди извор]

Во 1953 г., сексологот Алфред Кинси открил дека речиси 40 % од жените што ги интервјуирал имале еден или повеќе ноќни оргазми или мокри соништа. Оние што пријавиле дека ги доживеале рекле дека обично ги имале неколкупати годишно и дека првпат ги добиле на тринаесет, а обично траеле до 21-годишна возраст. Кинси го определил женскиот ноќен оргазам како полова возбуда за време на спиењето што ја буди личноста да го согледа доживувањето на оргазам.[4]

Истражувањето објавено од Барбара Л. Велс во 1986 г. во списанието Journal of Sex Research покажува дека дури 85 % од жените доживеале ноќен оргазам до 21-та година. Ова истражување се заснова на будење на жени со организам или по време на оргазам.

Проучувањата покажале дека мажите обично имаат почести спонтани ноќни полови доживувања отколку жените. Меѓутоа, женските мокри соништа, исто така, може потешко да се утврдат со сигурност од машките мокри соништа бидејќи ејакулацијата обично е поврзана со машкиот оргазам додека жените немаат јасен физички знак што укажува на оргазам.[5]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Кинси, Алфред; Wardell B. Pomeroy; Clyde E. Martin (1948). Sexual Behavior in the Human Male. Philadelphia: W. B. Saunders Co.
  1. Hall, John E. (2010-07-19). Guyton and Hall Textbook of Medical Physiology E-Book (англиски). Elsevier Health Sciences. ISBN 978-1-4377-2674-9. Архивирано од изворникот 2023-01-13. Посетено на 2022-10-17.
  2. American Academy of Sleep Medicine (2007-06-15). „Sexual Activity Reported In Dreams Of Men And Women“. ScienceDaily. Архивирано од изворникот 2007-06-16. Посетено на 2018-02-28.
  3. Kinsey, Alfred C. (1948). Sexual Behavior in the Human Male. Indiana University Press. стр. 190. ISBN 0253334128. Посетено на 2014-10-20.
  4. „Do women have wet dreams, too?“. Go Ask Alice!. 1999-05-07. Архивирано од изворникот на 2012-01-20. Посетено на 2012-09-27.
  5. Absolute Zero (2009-09-01). „Nocturnal Orgasm...or...Female wet dream?“. Newsvine. Архивирано од изворникот на 2010-06-30. Посетено на 2012-07-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]