Прејди на содржината

Исусовска црква, Луцерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исусовска црква покрај реката Ројс
Внатрешен изглед

Исусовска црква Луцерн е католичка црква во Луцерн, Швајцарија.[1] Тоа е првата голема барокна црква изградена во Швајцарија северно од Алпите.

Исусовскиот ред, основан од Игнатиј од Лојола во 1534 година, биле активни учесници во Контрареформацијата, католичката борба против раѓањето на протестантството. Протестантските реформатори како Цвингли во Цирих и Калвин во Женева ја поделиле претежно католичката Швајцарија. Како одговор ,исусовсците биле повикани во Луцерн од градскиот совет во 1573 година за да основаат колеџ. Лудвиг Фајфер, градоначалник на Луцерн, им понудил годишна финансиска поддршка на Исусовците од неговите приватни средства. Исусовскиот колеџ во Луцерн е основан во 1577 година во палатата Ритер, зграда првично подигната во 1557 година како резиденција на градоначалникот Лукс Ритер.

Изградбата на придружната црква започнала во 1667 година. До 1673 година надворешниот дел на црквата и главната фасада биле завршени. Црквата била осветена во 1677 година, иако внатрешноста сè уште не била навистина завршена. Неколку странични жртвеници сè уште недостасувале, а дури и високиот олтар бил подигнат само четири години подоцна, поради финансиски проблеми. Кулите на врвот биле завршени дури во 1893 година. Сводот бил преуреден во средината на 18 век. Оригиналните одежди на брат Клаус, познат швајцарски патрон, се чуваат во внатрешната капела. Муралите се создадени од браќата Џовани Антонио и Џузепе Антонио Торичели.[2] Црквата била обновена во 1950-тите и поопширно во 1970-тите. Најновото реновирање била завршено во јануари 2017 година.[3] Црквата е особено важна поради богатата покуќнина.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Rinker, Kimberly (2003-10-01). Adventure Guide to Switzerland (англиски). Hunter Publishing, Inc. ISBN 9781588433695.
  2. Torricelli, Giuseppe Antonio. Benezit Dictionary of Artists. Oxford University Press. 2011-10-31.
  3. Jahn, Rudi (2005-10-01). „Die A + A öffnet ihre Tore“. sicher ist sicher (10). doi:10.37307/j.2199-7349.2005.10.01. ISSN 2199-7349.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]