Исусови венци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исусови венци
Passion flower.jpg
Син Исусов венец (Passiflora caerulea)
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Исусови венци
Juss. ex Roussel[1]
Потсемејства

Malesherbioideae
Passifloroideae
Turneroideae[1]

Синоними

Malesherbiaceae D.Don, nom. cons. Modeccaceae Horan.
Paropsiaceae Dumort.
Turneraceae Kunth ex DC., nom. cons.[1]

Исусови венци или пасифлори (науч. Passifloraceae) — семејство на цветни растенија што опфаќа околу 530 видови во 27 рода.[1] Тука влегуваат разни дрва, грмушки, лијани и ползавци, и се среќаваат претежно во тропските краишта.

Семејството е наречено по растението Исусов венец (род Passiflora) кое го дава јужното овошје маракуја (Passiflora edulis), како и градинарски видови како што се месестиот Исусов венец (Passiflora incarnata) и смрдливата маракуја (Passiflora foetida).

Поранешниот Кронквистов систем го става семејството во редот темјанушковидни (Violales), но современите системи на класификација како што е оној на Групата за истражување на филогенијата на скриеносемените растенија (APG III) го вбројуваат во малпигиовидните (Malpighiales).

Родови[уреди | уреди извор]

Потсемејство Malesherbioideae[уреди | уреди извор]

Потсемејство Passifloroideae[уреди | уреди извор]

Племе Paropsieae
Племе Passifloreae

Потсемејство Turneroideae[уреди | уреди извор]

Изземени родови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Family: Passifloraceae Juss. ex Roussel, nom. cons.“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 17 јануари 2003. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/family.pl?829. посет. 10 јануари 2012 г.  (англиски)
  2. „Родови на Исусови венци (Passifloraceae)“. GRIM. Министерство за земјоделство на САД. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/gnlist.pl?829. посет. 10 јануари 2012 г.  (англиски)
  3. „Родови што понекогаш се вбројуваат во Исусовите венци (Passifloraceae)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/gnothlist.pl?829. посет. 10 јануари 2012 г.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]