Источен фронт (Прва светска војна)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Источниот фронт претставувал бојно поле за време на Првата светска војна во централна но пред сè во источна Европа. Источниот фронт бил создаден како спортивност на Западниот фронт во Првата светска војна. И покрај тоа што географски фронтовите биле одвоени, случувањата на двете бојни полиња биле поврзани. Во Русија оваа војна е позната под името Втора патриотска војна.

Бојно поле[уреди | уреди извор]

Фронтот на истокот бил поголем за разлика од тој на западот. Бојното поле на Источниот фронт се протегало од Балтичкото Море на запад до Минск на исток, Санкт Петербург на север и Црното Море на југ, со должина поголема од 1600 километри. Ова имало значајно влијание врз војувањата.[1] Додека на запад се водела рововска војна, границата на источниот фронт многу почесто и полесно се менувала, така што рововите не можеле да се прошират. Територијата која што ја опфаќал фронтот, и број на војници, била релативно мала и било многу лесно фронтот да се пробие.

1914[уреди | уреди извор]

Источен фронт 1914 г.

Избувнувањето на војната, цар Николај ја нарекол по својот братучед, и големиот војвода Николај бил командант на Руската царска војска. Мобилизацијата, Руската армија ја потполниле 115 пешадии и 38 коњанчки девизии со речиси 7900 артилерии. Девизиите ги поставиле на следниов начин: 32 пешадиски и 10,05 коњанички девизии наспроти Германија, 46 пешадии и 18,5 коњаници наспроти Австроунгарија, 19,5 пешадии и 5,5 коњанички девизии за одбрана кај Балтичкото и Црното Море, и 17 пешадии и 3,5 коњаници требало да се пренесат од Сибир и Туркистан.

Војната на Истокот започнала со руската инвазија на Источна Прусија и провинцијата на Австроунгарската Галиција. Првите кои се обиделе да војуваат брзо завршиле со пораз во Битка кај Таненберг во август 1914 година. Втората експедиција на Галиција била многу поуспешна така што Русија ја поседувала цела Галиција до крајот на 1914 година. На чело со Николиј Иванов и Алексеј Брусилов, Русите ја добиле битката во Галиција во септември и започнале со Опсадата на Пшемишл, тврдината на патот кон Краков.

Успехот на Русите во 1914 година на австро-руската граница бил причина за загрижување на централните сили и префрлањето на значајни германски сили на исток за да се намали притисокот од страна на австроунгарската војска.

Создадени биле 11 гермаснки армии, а до крајот на 1914 година војската била сконцентирана на напади со рускиот полски префрлен западно од реката Висла. Во октомври следувала Битката кај реката Висла, а во ноември Битката кај Лоѓ во која Германците малку напреднале, но успеале да ги задржат Русите на сигурна дистанца.

1915[уреди | уреди извор]

Во 1915 година германската команда одлучила да направи многу повеќе на источниот фронт,и заради тоа упатувале големи сили во војните таму. За да ги оттргнат заканите на русите, централнте сили започнале камања во 1915 година со успех на офанзивата на Горлице-Тарнув во Галиција во мај 1915 година. По завршување на Втората битка кај Мазурските езера, германските и австроунгарските сили настапиле под заедничка команда. Офанзивата наскоро многу напреднала и руската армија се распаднала. Причините за неуспехот на руската армија биле недостатокот на војничка опрема,артилерија и муниција. Во 1916 година руската воена индустрија го зголемила производството со што го поправиле снабдувањето на оружје.

Источниот фронт 1917 г.

Во средината на 1915 година Русите биле оддалечени од Руските и Полските пристискања повеќе стотици километри од границите на Централните сили,со што исчезнале заканите за Германија и Австроунгарија. До крајот на 1915 година германско-австроунгарскиот напредок бил запрен на границите кај Рига-Двинск-Барановичи-Дубино-Тернопол. Оваа граница не доживеала поголеми промени до пропаѓањето на Русија во 1917 година.

1916[уреди | уреди извор]

До јуни 1916 година имало 140 руски напсроти 105 аустро-германските пешадиски девизии и 40 руски наспроти аустро-германските коњанички девизии.Мобилизација на индустријата и зголемување на увозот и овозможил на руската армија да започне офанзива. Голема офанзива на југозападниот фронт под команда на генералот Алексеј Брусилов започнала во јуни. Нападот, на фонтот кој го одржала австроунгарската војска,започнал со голем успех. Руската војска напредувала 70 километри, затрупувајки стотици илјади заробеници и неколку стотици артилерии. Меѓутоа, со доаѓањето на засилување од запад, поразот на Романија, науспехот на сојузниците на западниот фронт довело до прекин на рускиот напредок во септември.

На 14 август 1916 година, Романија навлегла во војната на страната на сојузниците и имала успешни офанзиви до септемврито 1916 година.Но набрзо, слабо воот романска војска претрпела значителни загуби од гермаснката-австроунгарската-бугарската-османсликата воена сила, без начајна поддршка и помош од сојузниците, романската војска не успеала да ги задржи линиите на фронтот кои набрсо се распаднале. Романија набрзо била освоена.

1917-1918[уреди | уреди извор]

Територијата која Русија ја загубила по Брест-Литовскиот договор.

Во 1917 година руската економска состојба потпаднала под притисок на војната. Додека доставата на воениот материјал се подобрила, недостатокот на храна во големите градови довело до граѓански немири, што пар предизвикало абдикција на царот и Февруарската револуција. Големите загуби од војните исто така влијаеле на пад на моралот, кој дале можности на болшевичката агитаторската и новата либерална политика на Руската привремена влада (укинување на смртната пресуда и организирање на воен комитет). Последната офанзива спроведена од руската војска била кратка и неуспешна,офанзивата на Керенски во јули 1917 година.

Висок германски офицери во Рига по падот, 3 септември 1917 година.

На 29 ноември 1917 година, под водство на Ленин на власт дошле комунистичките болшевици. Новата болшевичка влада на Ленин се обидела да ја запре војната, но Германците барале огромни надоместоци. Конечно во март 1918 година со Берст-Литовксиот договор источниот фронт веќе не бил воена зона. Со постигнатиот мир,болшевиците можеле да започнат граѓанска војна со цел да ја имаат целата моќ, со што се овозможили формирање на Финска, Естонија, Литванија, Латвија и Украина.

Германците имале можност да пренесат голем број девиции на запад и да ја започнат офанзива во Франција 1918 година. Меѓутоа со доаѓањето на американската војска во Европа им помогнало на сојузниците да го спречат навлегувањето на Германија. По пропаѓаето на Русија, околу милион германски војници останале на источниот гронт до крајот на војната.На крајот, Германија и Австроунгарците ја изгубиле новоосвоената територија по капитулацијата на крајот од 1918 година.

Жртви[уреди | уреди извор]

Бројот на руски жртви во Првата светска војна е многу тешко да се одреди поради недостаток на квалитетни статички податоци.Некои руски извори твдат за 775.400 жртви во борбата, а најновите проценки тврдат за 900.000 жртви и 400.000 починати од рани. Ова од прилика е скоро ист број на жртви кои ги претрпеле Франција и Австроунгарија или околу една третина помалку од бројот на германски жртви.[2]

Кога Русија се повлекла од војната, околку 3,9 милиони руски војници биле во заробеништво. Тоа е многу повеќе од сите други војски во Првата светска војна. Само Австроунгарија, со 2,2 милиони војници била релативно блиску.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 138
  2. Мира Радојевиќ, Љубодраг Димиќ, Србија у Великом рати 1914 -1918, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2018, стр. 181 - 182.