Историја на шкотскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шкотскиот јазик се развил во посебен јазик во XII век заедно со останатите гојделски јазици. Овој јазик станал доминантен јазик и ги заменил претходните кумбриски јазик, пиктски јазик и во одредени делови староанглискиот јазик.[1] Денес не постојат историски записи кои би потврдиле точно колку долго се зборувал шкотскиот јазик во Шкотска, но се тврди дека се зборувал во старата јазична форма уште пред подемот на Римската империја.[2]. Не се постигнала согласност по ова прашање во научната јавност, но се поврзуваат фактите за постоењето на кралството Далријада во IV век и со негово проширување кон Улстер и западна Шкотска и со тоа се проширил јазикот. Понатака, јазикот опстоил преку Господарот на Островите, географски и културен насленик на кралството Далријада кој контролирал делови од Улстер сè до 1500.

Среден век до класично гелско учење[уреди | уреди извор]

Со сигурност се знае дека шкотскиот јазик го заменил пиктскиот јазик северно од реката Форт и до доцниот XV век и веќе започнал да се именува со денешниот поим. Јазикот до XIII век започнал сè помалку да се зборува во јужните делови на Шкотска.

Од околу XVI век Шкотите започнале да го нарекуваат својот јазик како Erse што во превод значи „ирски“. Ова било малку иронично бидејќи Шкотите се стремеле да ја дооформат својата културна посебност.[3]

Името „ирски“ се користело бидејќи сите образовани лица во Ирска и Шкотска го користеле литературниот класичен гелски јазик и немало остри разлики помеѓу овој јазик и зборуваниот јазик во Шкотска. Кога класичниот гелски јазик престанал да се користи во образованието во двете земји, се развиле и почнале да се користат локалните јазици кои се развиле во посебни јазика.

Модерен период[уреди | уреди извор]

Шкотскиот јазик има голема орална и пишана традиција која на шкотски јазик се нарекува „beul-aithris“. Јазикот зачувува знаење за пред-феудалниот период и племенските закони и обичаи на Шкотска.

Што се однесува за книгоиздавателството, ирскиот превод на Библијата се користела во Шкотска сè додека не била преведена на шкотски јазик.[4] Авторот Дејвид Рос во својата книга „2002 историја на Шкотска“ забележува дека шкотска верзија на Библијата била испечатена уште во 1690 година од Роберт Кирк во Лондон, но истата не била распространета меѓу шкотското население.[5] Првата добропозната Библија на шкотски јазик е издадена во 1767 година од страна на Џејмс Стјуарт од Килин и Дугалд Баханан од Ранох.

Поранешни дијалекти[уреди | уреди извор]

Денешниот шкотски јазик најдобро и најточно може да се именува како „планински гелски“ за да се разликува од поранешните дијалекти на „низински гелски“. Од овие, галовејскиот гелски дијалект можеби е последниот дијалект на гелскиот јазик кој се зборувал во Низинска Шкотска. До крајот на средниот век, низинскиот шкотски бил заменет во средниот англиски јазик или со шкотскиот германски јазик и британскиот јазик исчезнал. Според Џејмс Крихтон, последното место во низинска Шкотска каде се зборувал шкотскиот јазик било селото Бар во Карик. Како и да е, нема топографска граница на северните и јужните јазични разлики.

Денес, најблизок ирски дијалект со шкотскиот јазик е улстерски ирски дијалект. Овој дијалект содржи голем број на архаични зборови и јазична конструкција што ги поврзува двата јазика. За разлика од тој дијалект, стандардните јазици се малку поразлични, односно ирскиот јазик се базира на дијалекти од југоистокот на земјата. Од друга страна пак, шкотскиот јазик се развил на островите Надворешни Хебриди и се проширил кон остатаокот од Шкотска, иако денес во источните делови послабо се зборува јазикот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. W. F. H. Nicolaisen: Scottish Place-Names, B. T. Batsford, London 1986, p.133
  2. Campbell, Ewan. Were the Scots Irish?. „Antiquity“ том  75: 285–92. 
  3. Gaelic - A Past and Future Prospect. MacKinnon, Kenneth. Saltire Society Edinburgh 1991. p41
  4. Mackenzie, Donald W.. The Worthy Translator: How the Scottish Gaels got the Scriptures in their own Tongue. „Transactions of the Gaelic Society of Inverness“ том  57: 168–202. 
  5. Ross, David. Scotland: History of a Nation. Geddes & Grosset, 2002.

Поврзано[уреди | уреди извор]