Историја на корсетите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Главна статија: Корсет Корсет е облека што го обиколува трупот и го формира според модна силуета на денот. Најчесто се користи како колан околу струкот и поткрепа на градниот кош. Некои жени намеравале да носат корсети потесни отколку што е потребно, и купуваат корсети со помали струкови, но повеќето жени иако набавиле струкиран корсет околу 45–50 cm, оставаат отвор на задниот дел за да го прилагодат со пореалистични мерки на струкот од 55 до 65 cm. Во просек тоа значи дека корсетот ќе ја намали фигурата само околу 2.5 cm или 5 cm најмногу. Всушност, како и денес, со цел да се достигне тенка половина, многу жени додаваат волумен на линијата на градниот кош за да се зголеми пропорцијата меѓу градниот кош и струкот. Исто така, долгите здолништа, кринолини од 19 век додавале ширина на колковите за да изгледа струкот потенок.

16-ти до доцен 17 век[уреди | уреди извор]

Најраните корсети биле наречени „payre на телото“ и најчесто се носеле со потсуќна што ги држела здолништата цврсти. Payre на телото, подоцна наречени мидер, го претворале горниот дел од трупот во конус или цилиндар.

Имале прерамка на рамото и завршувале со капаци на струкот. Го отворале градниот кош и на тој начин ги туркале градите нагоре. Акцентот кај мидерите не бил врз намалувањето на струкот, туку врз контрастот меѓу цврстата сплесканост на предниот горен дел од женскиот фустан и заоблените врвови на градите кои ѕиркаат од врвот на корсетот. До средината на 16 век, корсетите станале облека која често се носела од страна на жените. Биле направени од цврсти повеќекратни слоеви на платно со дрвени оски кои биле вметнати во празнините во предниот дел за да се држи обликот на корсетот прав. Во оваа форма корсетот опстанал до 1860 г.

18 век[уреди | уреди извор]

Доминантните форми на мидери во 18 век биле претворени во конусна форма, често се носеле да создадат контраст меѓу цврстиот квази – цилиндричен труп над струкот и тешките долги здолништа долу. Примарната цел на мидерите во 18 век била да ги подигнат и оформат градите, да ја стегнат дијафрагмата, да го поддржат грбот, да го подобрат ставот што ќе им помогне на жените да стојат исправено, со рамената долу и наназад, и само малку да го стеснат струкот, со што ќе создадат „V“ облик на горниот дел од трупот , врз кој ќе се носи надворешната облека. Сепак, „скоковите“ од платно како постава исто така се носеле наместо мидери во неформални ситуации. Скоковите биле делумно без коски, малку придонесувале за држењето на ставот, но давале малку поддршка. И двете облеки се сметале за долна облека, и можеле да се видат само под многу ограничени околности. Мидерите од 18-век кои стоеле добро биле доста удобни, не го ограничувале дишењето, дозволувале жените да работат, иако го ограничувале накосувањето на струкот (присилувајќи ги жените да си го чуваат грбот со поткревање со нозете).

Доцен 18-ти до 19 век[уреди | уреди извор]

Мидерите станале горе долу ограничени со доаѓањето на емпирискиот стил со висок струк (околу 1796 г.) кој повторно го нагласил природниот струк. Некои форми на мидери сè уште ги носеле повеќето жени, но овие биле често „кратки мидери“ (т.е. не се проширувале многу подолу од градите). Спротивно на нив, корсетите кои имале намера да ја истакнуваат фигурата на телото (како во викторијанската ера) биле „долги“ (проширувајќи се долу преку природниот струк, биле со врвци на грбот и го зацврстувале телото. До 1800 г. корсетот станал главно метод за поткрепа на градите, како што струкот бил покачен до под линијата на градите. Корсетите го правеле трупот потенок, но ова не била нивната примарна цел.

Премин во викторијански период[уреди | уреди извор]

Кога линијата на струкот се вратила во природната положба во 1830-тите, корсетот се појавил повторно и имал двојна намена, поткрепа на градите и стеснување на струкот. Сепак, ја променил својата форма до силуета со тенка половина што дури се смета карактеристична и за корсетите и за викторијанската мода. Во исто време, поимот корсет за првпат се искористил за оваа облека во англискиот јазик. Во 1830-тите, вештачки надуваните рамена и здолништа направиле интервенираниот струк да изгледа потесен, па дури и со корсетот само умерено врзан.

Викторијански корсет[уреди | уреди извор]

Кога исчезнале претераните рамена, самиот струк морал да биде потесен со цел да го постигне истиот ефект. Фокусот на модната силуета во средината на доцниот 19 век бил врз фигура со тенка половина,што било достигнато со намалување на дебелината на струкот со корсети. Во 1840-тите и 1850-тите цврстото врзување станало популарно. Корсетот се разликувал од претходните мидери на неколку начини. Корсетот повеќе не завршувал кај колковите, но се ширел и завршувал неколку сантиметри под струкот. Корсетот бил претерано искривен наместо со слеан изглед. Спиралниот челик останува извиткан со фигурата. Додека многу корсети сè уште се шијат на рака, по мерки на тој што ги носи, исто така постои и успешен пазар на поевтини корсети со масовно производство.

Доцен 19 век[уреди | уреди извор]

Во доцниот 19 век грижите за извештаите за стегнато врзување предизвикале движење за рационален фустан. Некои доктори откриле дека поддржувањето на теоријата за корсети е штетна за здравјето (особено за време на бременост) и жените кои цврсто се врзуваат се осудени за суетност и критикувани од свештениците како робови на модата. Во реалноста, затегнатите корсети најверојатно предизвикуваат лошо варење на храната и тврда столица, но ретко предизвикуваат заболувања полнокрвност поврзани со затегнатите корсети кои варираат од хистерија до заболување на црниот дроб.

Едвардијански корсет[уреди | уреди извор]

1900 илустрации ја спротивставуваат старата викторијанска силуета со корсет, со новата едвардијанска силуета со „S-кривина“ на корсетот. Корсетот со права предница, исто така познат и како лебед корсет, корсет со S-кривина или корсет за здравје, се носел од околу 1900 г. до раните 1910-ти години. Неговото име потекнува од многу тврдиот прав busk вметнат во централниот преден дел на корсетите. Овој корсет го терал трупот нанапред и ги правел колковите истакнати. Корсетот со правиот преден дел бил упростен од Inez Gaches-Sarraute,производител на корсети со диплома по медицина. Намерата била да биде помалку штетен за здравјето на тие што го носат за разлика од другите корсети, на тој начин што ќе врши помал притисок врз областа околу стомакот. Сепак, некои користи на стомакот биле повеќе урамнотежени со неприродната положба на која биле присилени тие што го носат. Корсетот со прав преден дел бил воведен да создаде илузија за потенок струк со присилување на колковите наназад а градниот кош нанапред. Се сметало дека ова ублажува дел од притисокот врз абдоменот. Сепак, до 1908 год корсетите престанале да бидат во корист на силуетата и се промениле со повисока линија на струк и поприродна форма. Рани форми на градници биле воведени и коланот набрзо го зазел местото на корсетот чија цел била намалување на колковите наместо на струкот. Пост – едвардијански корсет со долга линија Од 1908 до 1914 г. ширината на здолништето полека се намалила од струкот до глуждот. И корсетот морал да прерасне со понизок раб. Нов вид на модерен корсет ги покривал бедрата. Корсетот ја променил позицијата на колковите, со што го направил струкот и повисок и поширок. Новата мода се сметала неудобна, гломазна и понатаму се барало користење на парчиња од еластичен материјал.

По првата светска војна[уреди | уреди извор]

Кратко по почетокот на првата светска војна во 1917 г. одборот за воени индустрии во САД побарал од жените да престанат да купуваат корсети за да го ослободат металот за воено производство. Со овој чекор биле ослободени околу 28 000 тони метал, доволно за да се изградат два воени брода. На корсетот, кој бил направен со челични мидери од 1860-тите години, дополнително му опаднала популарноста со тоа што жените почнале да користат градници и колани кои користеле помалку челик во нивната конструкција. На корсетите им паднала популарноста во доцните 1910-ти години, но начините за обликување на телото со долна облека често викале дека корсетите продолжиле да се несат сè до 1920-тите. Развојот гумирани еластични материјали во 1911 г. помогнал коланите да го заменат корсетот. Промената на економијата по првата светска војна исто така ја променила и улогата на жените во општеството. Во раниот 20 век, млада жена обично почнувала да носи корсет околу 15-годишна возраст,а го напуштала домот кога ќе се омажела на околу 18 – годишна возраст. По војната, повеќе млади жени барале образование и бракот во западниот свет се одложил до средината или доцните 20-ти години. Само бремените жени или жените со преголема тежина избирале да носат корсети, особено корсети под градниот кош. Сепак, оваа облека била повеќе позната како колани со изразена цел намалување на големината на колковите. Враќањето на корсети што го стеснуваат струкот во 1939 г. предизвикало будење на модните кругови, но втората светска војна ставила крај на нивното враќање. Во доцните 1940-ти тие биле повторно оживеани и била популарно познати како „Среќни вдовици“. Во доцните 1980-ти и 1990-ти, фетиш модата станала популарна, а корсетите доживеале нешто како оздравување и често се носеле како главна облека наместо долна облека.