Историја на општењето

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на општењето датира од времето на праисторијата. Општењето е во дијапазон од суптилен процес на размена, па до целосен разговор и масовно општење. Човечкото општењето прераснало во говор уште пред околу 500.000 години. Симболите се развиле пред 30.000, а писменоста пред 7.000 години.

Несовршеноста на говорот, ако ништо друго, го овозможила распространувањето на идеите и поттикнувањето на иновациите, што резултирало во создавање на нови форми на општење, подобрувајќи го обемот на човечкото општењето и долговечноста на информацијата. Сите тие иновации се основале врз клучниот концепт на симболот.

Најстарите познати симболи создадени со намера за да се општи низ времето се пештерските цртежи, еден вид на камена уметност, која што датира од повисокиот палеолит. Како што мало дете учи да црта, пред да почне да владее со способноста за посложени форми на општење, така настанале и обидите на хомо сапиенсот за пренесување на информацијата низ времето заземајќи го видот – сликарство. Најстарите познати пештерски цртежи се оние во пештерата Шове (фр. grotte Chauvet). Тие датираат од пред околу 30.000 години п.н.е.[1] Иако недоволно стандардизирани, тие цртежи содржеле голем број на информации: Кромањонците можеби го создале првиот календар уште пред 15.000 години. Врската помеѓу цртањето и пишувањето е покажана понатаму, со лингвистиката. Во древниот Египет и Грција концептите и зборовите на цртањето и пишувањето биле исти.

Петроглифи[уреди | уреди извор]

Петроглифи од Хелјеста, Шведска. Нордиско бронзено време.

Следниот чекор во историјата на општењето се петроглифите, резбарски дела на камена површина. На хомо сапиенсот му биле потребни околу 20.000 години за да напредне од првите пештерски цртежи до петроглифите, кои датираат од околу 10.000 години п.н.е.

Има опција за тоа дека луѓето од тоа време користеле некакви други видови на општење, често за „мнемонски“ цели – посебно наредени камења, симболи врежани во дрво или земја, кипу–јажиња, тетоважи. Малку од повеќето трајно изрезбани камења издржале до модерното време, па може само да се шпекулира за нивното постоење кое е основано врз забелешките за сè уште постоечката култура „ловец-собирач“, како културата на Африка и Океанија[2].

Пиктограми[уреди | уреди извор]

Пиктограмот (пиктограф) е симбол којшто претставува еден концепт, предмет, активност, место, или настан преку илустрација. Пиктографија е еден вид на праписменост, каде што идеите се пренесени преку цртежи. Пиктографите биле следниот чекор во еволуцијата на општењето. Најважната разлика помеѓу петроглифите и пиктограмите е тоа што петроглифите едноставно укажуваат на некој настан, додека пиктограмите ни укажуваат на приказна или настан, па оттаму може на пример да бидат подредени по хронолошки редослед.

Пиктограмите се користеле во разни древни култури насекаде низ светот сè до 9000 година п.н.е., кога обележјата претставени со едноставни слики биле ставени во употреба за да се брендира некој основен производ од фарма, а станале прилично популарни околу 6000-5000 година п.н.е.

Тие биле основата на клинестото писмо[3] и хиероглифите и почнале да се развиваат во логографски систем на пишување на почетокот на 5000 г.п.н.е.

Идеограми[уреди | уреди извор]

Почетокот на Господовата молитва на микмачко хиероглифско писмо. Содржината на текстот е Nujjinen wásóq – „Оче наш / на небесата“

Пиктограмите се развиле во идеограми, графички симболи кои ја претставуваат идејата. Нивните предци, пиктограмите, можеле да претставуваат нешто што е само слично на нивната форма. Заради тоа пиктограмот на кругот може да претставува сонце, но не и концептот топлина, светло, ден или големиот бог на Сонцето. Идеограмите, од друга страна, можеле да изразуваат поапстрактни концепти, така што на пример еден идеограм од два стапа може да значи не само „нозе“ туку и глаголот „се движи“.

Бидејќи некои идеи се универзални, многу од различните култури развиле слични идеограми. На пример, на јазикот на американските староседелци во Калифорнија, око со солза значи тага. Истото значење го има и за Ацтеките, древните Кинези и Египќани.

Идеограмите биле предвесници на логографскиот систем на пишување, како што е случајот кај египетските хиероглифи и кинеските карактери. Примерите за идеографскиот систем на праписменоста не содржеле јазично одредена информација, вклучувајќи го писмото Винка (старо европско писмо) како и раното писмо Индус. Во двата случаја има тврдења за дешифрирање на лингвистичка содржина, без пошироко прифаќање.

Пишување[уреди | уреди извор]

Сумериско клинесто писмо на сумериски јазик од 26 век п.н.е., впишани се подароците за нејзиното височество Адаб, во моментот кога била избрана. Еден од најстарите примери за човечкото пишување.

Најстарите форми на пишување првично по природа биле логографски, засновани на идеографски елементи. Повеќето системи на пишување може да се поделат пошироко на три категории: логографски, слоговни и алфабетски (или сегментални). Како и да е, сите три може да се најдат во секој даден систем на пишување во променлива мера, често отежнувајќи го категоризирањето на системот како уникатен.

Откритието на првиот систем на пишување е отприлика во исто време со почетокот на бронзената доба во подоцнежниот неолит во 4 милениум п.н.е. За првиот систем на пишување постои општо мислење дека е измислен во светската цивилизација Сумер и до третиот милениум се развил во клинесто писмо. Египетските хиероглифи и нерешливите системи на пишување како праеламското и писмото од долината на Инд исто така датираат од оваа ера, иако некои експерти се сомневале во статусот на писмото од долината Индус дека е систем на пишување.

Оригиналниот сумериски систем на пишување има потекло од системот на глинените обележја кои се користеле за претставувањето на производите. До крајот на 4 милениум п.н.е., тоа се развило во метод за водење на сметки, користејќи перо во форма на круг вградено на различни агли од мека глина за да се запишуваат бројки. Постепено, тоа прераснало во пиктографско пишување, користејќи остро перо за да се индицира на тоа што се брои. Пишувањето со заоблено и остро перо, до 2700-200 година п.н.е., постепено се заменило со клинестото перо. На почеток само за логограмите, а потоа до 2800 година п.н.е. се развило до степен да може да се вклучат и фонетички елементи. Околу 2600 година п.н.е. со клинестата форма започнало да се претставуваат слоговите на говорниот јазик на Сумерите. Конечно, клинестото писмо станало општ систем на пишување за логограми, слогови и бројки. До 26 век п.н.е. ова писмо се применило на еден друг месопотамски јазик „акадскиот“, а оттаму и на други јазици како на пример: јазикот на Хурите и Хетите. Слични писма на изглед со овој систем на пишување се угаритското и староперсиското писмо.

Кинеското писмо има независно потекло од блискоисточните писма, околу 16-от век п.н.е. (на почетокот на династијата Шанг), од доцниот неолитско-кинески систем на праписменоста, којшто датира од 6000 година п.н.е. Предокот на колумбискиот систем на пишување на Америте (вклучувајќи ги Олмеците и Маите) се исто така општ предмет на мислење дека имаат независно потекло, иако некои експерти забележале сличности помеѓу системот на пишување на Олмеците и системот на пишување на Шанг. Според тоа се мисли дека месоамериканското пишување било увезено од Кина.

Азбука[уреди | уреди извор]

Примерок за типовите на фонтови и јазици, од Вилијам Каслон, основач на писмо; од „Циклопедија или Универзален речник на уметностите и науките“, 1728 година.

Првата вистинска азбука (соодветно кажано „абџад“, пресликување на единични симболи во единични фонеми, но непотребно секоја фонема во симбол) произлегла некаде околу 2000 година п.н.е. во древниот Египет. Но дотогаш, веќе пред еден милениум во египетските хиероглифи биле инкорпорирани азбучни принципи.

До 2700 година п.н.е. во египетскиот систем на пишување постоеле 22 хиероглифи кои ги претставувале слоговите што почнувале со една согласка од нивниот јазик, плус една самогласка (или согласка) која била обезбедена од мајчиниот говорител. Овие глифи се користеле како водич за изговорот на логограмите, за да се пишуваат граматички промени и подоцна за да се транскрибираат позајмените зборови и странските имиња.

Иако сè изгледало како по азбучна природа, оригиналните унилитерали (зборови кои содржат само една буква) не биле систем и никогаш не се користеле за да се шифрира египетскиот говор. Некои мислат дека во средното бронзено време во централен Египет во 1700 година п.н.е. се развил азбучен систем за/од семитските работници, но заради нечитливоста точната природа на тие ракописи останува отворена тема за толкување.

Во следните 5 века, семитската азбука (всушност слоговна како феникиското писмо) се проширила на север. Сите подоцнежни азбуки од целиот свет, со исклучок на корејскиот хангул (азбука на корејскиот јазик), или потекнуваат од нејзе или биле инспирирани од некои нејзини потомци.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Paul Martin Lester, Visual Communication with Infotrac: Images with Messages, Thomson Wadsworth, 2005, ISBN 0-534-63720-5, Google Print
  2. David Diringer, History of the Alphabet, 1977; ISBN 0-905418-12-3.
  3. „Linguistics 201: The Invention of Writing“. Pandora.cii.wwu.edu. Архивирано од изворникот на 2017-07-21.