Историја на киното (филм)
Изглед
Историја (истории) на киното (француски: Historie(s) du cinéma) - француско-американски документарен филм во режија на Жан-Лик Годар. Филмот е снимен во периодот од 1988 до 1998 година и во него е даден хронолошки преглед на историјата на филмот, како и критички осврт врз неговата концепција. Истовремено, филмот претставува и критика на XX век, како и критика на начинот на кој тој е прикажан во филмовите. Со траење од 266 минути, ова е најдолгиот и еден од најкомплексните филмови на Годар и се смета за најзначајното дело од неговиот подоцнежен период.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Филмот се состои од осум епизоди, т.е. од четири есеи од кој секој е поделен на два дела:
- прв дел (а): Сите истории (TOUTES LES HISTOIRES) (51 минута, 1988)
- прв дел (б): Само една историја (UNE HISTOIRE SEULE) (42 минути, 1989)
- втор дел (а): Само кино (SEUL LE CINÉMA) (26 минути, 1997)
- втор дел (б): Фатална убавина (FATALE BEAUTÉ) (28 минути, 1997)
- трет дел (а): Текот на апсолутното (LA MONNAIE DE L'ABSOLU) (27 минути, 1998)
- трет дел (б): Новиот бран (UNE VAGUE NOUVELLE) (27 минути, 1998)
- четврти дел (а): Контрола на универзумот (LE CONTRÔLE DE L'UNIVERS) (27 минути, 1998)
- четврти (б): Знаците меѓу нас (LES SIGNES PARMI NOUS) (38 минути, 1998)