Историја на Америка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за историјата на Америка. За историјата на Соединетите Држави, погл. Историја на САД
Доселеници во Северна Америка, 1750-2008.
Политички прилики во Средна Америка и на Карибите од 1700.
Европска контрола врз Јужна Америка, од 1700 до денес

Под поимот историја на Америка се подразбира историјата на Америка, односно заедничката историја на Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Средна Америка и Карибите. Започнува со миграциите од Азија на овие простори во време на леденото доба. Се смета дека овие групи потоа биле изолирани од луѓето од „Стариот Свет“ сè до доаѓањето на Европејците во 10 и во 15 век.

Шпанска колонизација[уреди | уреди извор]

Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Но, во 1518 година, Ернандо Кортес, кој дотогаш бил неуспешен чиновник на шпанската влада на Куба, решил да поведе мала воена експедиција (околу 600 луѓе) против Ацтеките во Мексико и нивниот император Монтезума. Неговиот прв напад не успеа, но без да знаат, Кортес и неговата војска ги заразиле Ацтеките со големи сипаници. Епидемијата го десеткувала ацтечкото население и им овозможила на Шпанците да го освојат Тенохтитлан.

Дваесет години подоцна, Франсиско Писаро го освоил Перу. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот Свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Цели 300 години, почнувајќи од 16 век, рудниците во шпанска Америка давале десетпати повеќе злато и сребро од рудниците на цел свет заедно. Овие богатства ја направиле Шпанија во тоа време најбогата и најсилна земја на светот.

Кон крајот на 16 век, Шпанската империја станала една од најголемите во историјата на светот. Ги опфаќала: Карибите, Мексико, Јужна Америка (денешни Чиле, Аргентина и Перу) и Северна Америка. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.

Наводи[уреди | уреди извор]