Историја на Свети Кристофер и Невис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Националното знаме на државата.
Карта на Св. Кристофер и Невис.

Историјата на Свети Кристофер и Невис ги опфаќа историските периоди и случувања на оваа островска карипска држава. Грубо гледано, историјата на Свети Кристофер и Невис е поделена на три периоди, претколумбовски период, колонијален период и период на независност. Историјата на Свети Кристофер и Невис е една од најдолго и најдобро запишаните истории на Карибите.

Претколумбовски период[уреди | уреди извор]

Пет илјади години пред доселувањето на Европејците, островите Свети Кристофер и Невис биле населени од староседелско американско население. Последни староседелски американски доселеници биле народот Кариби, кои се доселиле на островите приближно три века пред европската колонизација.

Колонијален период[уреди | уреди извор]

Европската јавност дознала за овие карипски острови по доаѓањето на Кристофер Колумбо во 1493 година. Во 1538 година Французите основале населба на островот Свети Кристофер, но таа била уништена од Шпанците, кои дошле на островите нешто подоцна. Во 1623 година на островот била основана и првата британска населба, а по нивен пример се доселиле повторно Французи. Така островот Свети Кристофер станал поделен на француски и британски дел. За разлика од останатите карипски острови, народот Кариби дозволил Европејците да се доселат на Свети Кристофер. Во 1626 година, Англичаните и Французите го масакрирале народот Кариби.

Островот Невис бил колонизиран во 1628 година од Англичаните кои се населиле на Свети Кристофер. Така, Свети Кристофер станал главна база за англиските и француските истражувања. Оваа ситуација довела до англиска колонизација на Англија и Тортола, односно до француска колонизација на Мартиник, Гваделуп и Свети Вартоломеј.

Експанзијата на Франција и Британија била мотив за враќање на Шпанците на овие простори, односно за воспоставување на шпанска контрола врз островите. Така, во 1629 година се одвила Битката на Свети Кристофер, кога од двата острова биле протерани Французите и Англичаните. Овој шпански успех бил краткотраен бидејќи набрзо повторно се воспоставила британска и француска контрола. За време на 17 и почетокот на 18 век, Шпанија и Франција воделе битки за превласт на островот, сè додека островите не потпаднале под целосна контрола на Британија во 1713 година.

Иако островите се мали и релативно блиску еден до друг, Невис и Свети Кристофер биле гледани и управувани според посебен статус сè до доцниот 19 век. Кон крајот на 19 век насилно биле обединето со Ангвила од страна на братанската администрација. Како последица на ова, и денес се чувствува слаба нетрпеливост меѓу овие острови.

Независност[уреди | уреди извор]

Свети Кристофер, Невис и Англија, кои опстојувале како засебни британски колонии, биле обединето во новата колонија наречена Свети Кристофер-Невис-Ангвила. Новата колонија настанала во 1967 година и имала целосна внатрешна автономија. Сепак, овој модел не бил прифатлив за Англија и таа се отцепила од колонијата во 1971 година. Наскоро, поточно во 1983 година колонијата Свети Кристофер-Невис станала независна под името Федерација Свети Кристофер и Невис. Оваа федерација важи за најмлада држава во Америка. Англија и понатака е британска колонија. Во 1998 година на островот Невис се одржал референдум за независност, но не било обезбедено двотретинско мнозинство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nevis islanders apparently vote not to break away“. Milwaukee Journal Sentinel. Associated Press. 11 August 1998. Архивирано од изворникот на 2016-05-18. Посетено на 2012-07-17.

Поврзано[уреди | уреди извор]