Историја на Руската Федерација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на Руската Федерација претставува дел од историјата на Русија и го опфаќа периодот од 1992 до денес. Со распаѓањето на Советскиот Сојуз на 26 декември 1991 година, Руската Федерација стана незавсна држава.

Русија е најголема од петнаесетте републики кои го сочинувале Советскиот Сојуз, со повеќе од 60% од БДП и над 50% од советското население. Русите, исто така, доминирале и во советската војска и на Комунистичката партија. Главно поради ова, Русија била широко прифатена како наследник на Советскиот Сојуз во дипломатските работи и го презела правото на вето во Советот за безбедност.

Но и покрај ова прифаќање, пост-советска Русија немала воена и политичка моќ како поранешниот СССР. Пред распаѓањето на Советскиот Сојуз, Борис Елцин бил избран за претседател на Русија во јуни 1991 година во првите слободни демократски претседателски избори во руската историја. Во октомври 1991 година, во времето кога Русија била на работ на независност, Елцин најавил дека Русија ќе продолжи со радикални пазарни реформи по должината на границата со Полска, исто така позната како „шок терапија“.

Распаѓање на Советскиот Сојуз[уреди | уреди извор]

Руската економија по падот на Советскиопт Сојуз

Пред распаѓањето на СССР, земјата имала втора по големина економија во светот, веднаш по САД.[1] таа се засновала врз системот на државна сопственост управувана преку Госплан, Госбанка и Госнаб. До раните 1980-ти Советските вооружени сили биле најголеми во светот по бројот на војници, по бројот и видовите на оружје, како и по големината на воено-индустриската база.[2] Потрошувачката во одбраната изнесувала 25% од БДП, на штета на вложувањата во инфраструктурата и потрошувачките добра.[3]. Кога Михаил Горбачов дошол на власт во 1985 година, стапката на економски пораст во СССР била близу 0%, најмногу како резултат на падот на цената на нафтата, која правела 60% од вкупните приходи на земјата од извоз.[3][4] За да ја спаси економијата од колапс, Михаил Горбачов објавил агенда за брзи промени, наречена „Перестројка“. Покрај тоа, приморан да ја намали потрошувачката во трката во вооружување со Западот, започнал преговори со САД за намалување на воените потенцијали и направил низа отстапки кон Западот.

Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна.[5] До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990. Во август 1991 година се случил т.н. Августовски пуч, или обид за отстранување на Михаил Горбачов од функцијата Претседател на Советскиот Сојуз. Обидот бил организиран од група конзервативно настроени заговорници од раководствата на ЦК на КПСС, Владата на СССР, армијата и КГБ, во периодот од 19 август до 21 август 1991 година. Водачите на превратот сметаат дека реформската политика на Горбачов отишла предалеку и дека новиот Сојуз на суверените држави, кој Горбачов започнал да го основа, обезбедувал премногу самостојност на републиките. Иако превратот бил неуспешен и истиот траел само два дена, настанот во голема мера го дестабилизирал Советскиот Сојуз и помогнал да се забрани КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз до крајот на годината.

СССР официјално се распаднал на 25 декември 1991 година[6]. Конечниот чин било со предавање на власта на Советскиот Сојуз и преземање на власта во Русија од страна на Борис Елцин. Руската Федерација официјално започнала да постои на 26 декември 1991 година[6].

Први години[уреди | уреди извор]

Шок терапија[уреди | уреди извор]

Борис Елцин

Реализацијата на едни од најголемите светски производители од државна во пазарна економија започнала сосема тешко, без оглед на политичкиот живот кој владеел во земјата. Новата држава требало да се соочи со тешката транзиција преку либерализацијата, стабилизацијата и приватизацијата. Овие нови политики во Русија главно се засновале на т.н. Вашингтонски концензус поддржан од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, и американското Министерство за финансии.

Самата програма на либерализација и стабилизација била дизајнирана од вицепремиерот на земјата, Егор Гајдар, кој во тоа време бил на само 35 години и бил претставен како либерален економист кој е склонет кон радикални реформи и кој широко ја застапувал тезата на т.н. шок терапија. Шок терапијата започнала само неколку денови по распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога на 2 јануари 1992 година, рускиот претседател Борис Елцин наредил да се започне со либерализација на надворешната трговија, цените и валутата. Ова значело ослободување од советската ера кога цените биле контролирани од самата држава. Целта била да се отстранат субвенциите кон државните претпријатија и да се овозможи увоз на рускиот пазар со цел да биде намалена силата на државните и локалните монополи.

Делумните резултати од либерализацијата (односно укинувањето на контролата над цените) довеле до голема хиперинфлација во земјата, првично поради монетарната политика и големата скептичност која постоела во елциновите реформи. Многу бргу по создавањето на новата руска држава, таа се соочила со можност од банкротирање. Процесот на либерализација во земјата создал победници и губитници, во зависност од индустријата на претпријатието, како и во зависност од класите, старосните групи, етничките групи, области и други сектори во руското општество. Од самата либерализација и приватизација дошло да победниците се оформат како нова класа на претприемачи и група на луѓе. Од друга страна пак, фиксните приходи го загрозил животниот стандард на голем број од населението, а самите заштеди на луѓето биле буквално избришани од нивните сметки.

Големината на инфлацијата, како и програмата на стабилизацијата довеле до зголемување на каматните стапки на рекордно ниво, што предвидувало до големи даноци, намалување на владините субвенции за индустријата и градежништвото, намалување на државната помош кон социјалните случаи. Голем број на претпријатија се нашле на прагот на банкрот, затворајќи голем дел од истите и долготрајна економска депресија.

Економската депресија и социјално пропаѓање[уреди | уреди извор]

Руската економија потонала во длабока депресија кон средината на 1990-тите години. Финансиската криза во земјата владеела до 1998 година, кога во периодот од 1999-2000 година започнала да покажува позитивни резултати. Според руските владини статистики, економската депресија во Русија била многу потешка за разлика од големата депресија во САД на бруто-домашниот производ[7].

По економскиот колапс на земјата во 1990-тите години, Русија страдала од нагло зголемувае на стапката на невработеност и сиромаштија, како и од економска нееднаквост[8]. Врз основа на проценките од Светска банка и нејзините маркоекономски податоци на приходите и расходите, во почетокот во Русија имало околу 1,5% сиромашно население, за разлила од 1993 и 1994 година, кога тој процент се зголемил на дури 49% од населението[9]. Приходите по жител се намалиле за уште 15% во 1998 година, според владини податоци.

Според здрствените индикатори, во 1999 година бројот на населението се намалило, животниот век паднал од 64 години во 1990 до 57 години во 1994 година за мажи, додека кај жените се намалил од 74 години на 71 година. Во исто време бил зголемен и бројот на смртни случаи кај младите луѓе, зголемувајќи го процентот на убиства, самоубиства, сообраќајни незгоди. Според податоци од 2004 година, животниот век постигнал пораст, но процентите биле далеку од оние во 1990 година. Во 1990-тите години бил намален и процентот за стоки за широка потрошувачка. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, земјата сè уште го немала отворено својот пазар за увоз. Куповната моќ на населението значително се намалила.

До 2004 година, просечниот приход во земјата се зголемил за повеќе од $ 300 месечно. Ова најмногу се должи на високата цена на нафтата на пазарот. Сепак, растечкиот приход не е рамномерно распределен во сите области на економијата.

Периодот од 1993 до 1996[уреди | уреди извор]

Уставна криза (1992-1993)[уреди | уреди извор]

Кризата била предизвикана од спротивставувањето на две политички сили: од една страна - Претседателот на Руската Федерација - Борис Елцин и контролираната од него извршна власт, а од друга страна - раководството и поголемиот дел од пратениците во Врховниот совет и Собранието на народните пратеници, на чело со Руслан Хасбулатов и потпретседателот на Русија - Александар Руцкој.

Уставната криза во земјата станала како последица на промените во уставниот уред, новиот Устав и социо-економскиот развој на Руската Федерација. Претседателот барал брзо усвојување на новиот Устав, зајакнување на претседателската власт и либерализација на економските реформи. Од друга страна Врховниот совет и Собранието на народните пратеници барале задржување на целата власт на парламентот и биле силно против новите реформи односно шок-терапијата. Поддржувачите на Врховниот совет се надевале на сегашниот Устав, според кој (страна 104) највисок орган на државната власт на Руската Федерација е парламентот.

Односите помеѓу претседателот и парламентот се влошиле во толку голема мера што Елцин на 21 септември го распуштил законодавството во земјата, и покрај тоа што тој немал овластување за истото во тоа време. Елцин ги икористил резултатите од референдумот од април 1993 година за да ги оправда своите постапки. Во одговор на тоа, парламентот изјавил дека одлуката на претседателот беша поништена и неважечка, а заменик-претседателот Александар Руцкој бил прогласен за вршител на должноста претседател.

Кулминација на кризата станала кога настапило големи крвопролевања пред зградата на московскиот градоначалник, пред телекомуникациската кула и при нападот на Белиот дом, каде на 3 октомври 1993 година, според владини проценки загинале 187 лица а 437 биле повредени. Според извори блиски до комунистите, бројот на жртвите бил околу 2.000 луѓе.

Прва чеченска војна[уреди | уреди извор]

Првата чеченска војна претставува воен конфликт меѓу Руската Федерација и Чеченската Република Ичкерија од декември 1994 до август 1996 година. Конфликтот се водел во Чеченија и неколку населени места во соседните региони на Северен Кавказ со цел да се задржи Чеченија во составот на Руската Федерација.

Причини и тек[уреди | уреди извор]

Поглед кон парламентот во Грозни
Руски хеликоптер, преземен од страна на чеченските сили во близина на Грозни

Во текот на 1991 година, луѓето околу Џохар Дудаев започнале да не го почитуваат локалниот врховен комитет. По распаѓањето на СССР, Дудаев го објавил излегувањето на Чеченија од составот на Руската Федерација и го прогласил создавањето на република Ичкерија. По ова, следувало прекратување на плаќањата на даноци во општиот буџет и им забранил на руските специјални служби да ја посетуваат републиката. Во ноември 1991 година, Борис Елцин испратил воени трупи во Грозни, но истите биле принудени да се повлечат кога силите на Дудаев го опколил аеродромот. Руската нафта за Чечнија продолжила да се доставува до 1994 година. За нафтата Дудаев откажал да плаќа, и истата започнал да ја продава во странство. Во негова корист останале и голем број на руско оружје, како 42 тенка, 34 пешадиски борбени возила, 260 авиони, 57,000 оружје итн. Чеченија прогласила целосна независност од Москва во 1993 година. Во текот на летото 1994 година започнале воени дејствија помеѓу силите на Дудаев и опозициските сили на повремениот совет. На 26 ноември опозициските сили безуспешно се обиделе да го зазмат објектот каде се наоѓа парламентот. Во исто време Дудаев заробил неколку руски военоначалници.

Во периодот од 1991 до 1994 година, десетици илјади луѓе, главно од етничка припадност, започнале да ја напуштаат Чеченија бидејќи врз истите биле спроведувано насилство и дискриминација против нечеченското население, главно составено од Руси, Украинци и Ерменци[10][11][12]. Чеченската индустрија започнала во голема мера да опаѓа, главно поради протерувањето на руските главни инженери. Во текот на предвоениот период, во март 1992 година имало обид за државен удар од страна на опозицијата, но нивниот обид бил крваво задушен. По еден месец, во април 1992 година, Дудаев вовел директна наметнета претседателска власт, а во јули 1993 година го распуштил парламентот за да избегне можен неуспешен референдум за одделување од Руската Федерација. Така, до крајот на октомври 1992 година, покрај границата со Чеченија биле распоредени руските сили, а од друга страна пак, Дудаев прогласил вонредна состојба и се заканил со општа мобилизација ако руските трупи не се повлечат од границата на Чеченија.

Во текот на декември 1994 година, руските сили започнале воздушни бомбардирања на Чеченија. Во Битката за Грозни, во бомбардирањето на руските сили загинале околу 35,000 цивили вклучувајќи и 5,000 деца и дека поголемиот дел од жртвите биле етнички Руси. Додека бројот на убиените чеченски војници не е познат, на руската страна тој број се движи околу 2,000 војници[13]. По заземањето на Грозни, руските сили полека започнале својата контрола да ја прошируваат околу областите на градот, како и на планините. Како што воените дејствија продолжувале, така чеченските сили започнале да се служат со заложнички дејствија, со кое се обидувале да влијаат врз руската јавност. Во јули 1995 година, една група на чеченски терористи под раковоство на командантот Шамил Басаев под своја контрола зел 1,500 заложници во јужна Русија, во една болница во Будјоновск, каде околу 120 руски цивили загинале пред да биде потпишан прекин на огнот. Ова им овозможило на чеченските сили да ги прегрупираат своите позиции и да се подготват за следната воена операција.

На 6 март 1996 година, од 1.500 до 2.000 чеченски борци го нападнале Грозни и започнале тридневен напад врз градот, запленувајќи големо количество на оружје и муниција. На 6 август 1996 година, три дена пред Елцин официјално да го претстави својот втор мандат како претседател, и време кога поголемиот дел од руските војници се преселиле кон југ за нивна последна офанзива кон планинските предели, чеченските сили започнале ненадеен напад врз градот Грозни. Нападот, познат како Нулта операција или Операција Џихад довел до конечен прекин на огнот и крај на Првата чеченска војна. На 20 август, Александар Лебед наредил прекин на огнот и се вратил на разговори со водачите на бунтовниците, потпомогнати од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.[14] На 22 август 1996 година, Русите се согласиле да ги повлечат сите своите сили во Чеченија. На 30 август 1996 година, Лебед и Масхадов потпишале договор во Москва, со кој бил ствен крај на војната.

Приватизација и олигархија[уреди | уреди извор]

Во текот на приватизацијата дошло до процес на создавање на нова пазарна економија во земјата, но како резултат од истата голем дел од националното богатство паднало во рацете на релативно мала група на т.н. бизнис олигарси или магнати чие богатство за многу мал период се зголемило во голема мера[15].Овој период бил проследен со големо ниво на насилство, корупција и неконтролиран криминал и овој период од економската историја на Русија според многумина бил наречен Катастројка[16], бидејќи земјата се соочила со катаклизмичен економски колапс[17]. Голем дел од неиндустриските средства, особено во секторот на социјалната заштита и телекомуникациите, како и стратешките индустриски имоти и поголемиот дел од руската воена индустрија, во текот на 1990-тите години не бил приватизиран. Денеска, приватизацијата во земјата сè уште води до силни реакции од страна на населението, вклучувајќи го и негативниот став кон Анатолиј Чубајс, кој бил на чело на приватизацијата во тоа време. Дел од населението смета дека е потребно да се направи ревизија на приватизацијата.

Според Владимир Мау, главната економска цел на приватизацијата била да се подобри ефикасноста на економијата преку создавање на приватната сопственост на средствата за производство. Додека во одредени сектори на економијата (услуги, трговија), овој проблем бил брзо решен, во индустријата и земјоделството, саканиот ефект се постигнал многу побавно, и тоа во голема мера се должело на фактот што приватизираните претпријатија преминале во сопственост на организационите колективи за да на крајот тие станал во сопственост на нивните директори. Според подоцнешните изјави на Анатолиј Чубајс, приватизацијата се спровела со единствена цел да се спречи комунистите повторно да дојдат на власт[18].

Регулативна мерка на приватизацијата[уреди | уреди извор]

Приватизацијата во Русија започнала со Закон за јавни претпријатија уште во 1988 година. Во таа фаза истата не била спроведувана. По распаѓањето на Советскиот Сојуз, до 1992 година, односно на почетокот од приватизацијата, повеќе од 2,000 претпријатија биле приватизирани спонтано[19].

До средината на 1992 година Врховниот совет на Руската Федерација донел голем број на закони и прописи со кои се регулирале процесот на приватизација и стечајните постапки на економските субјекти, вклучувајќи го и федералниот закон "за приватизација на регистрирани сметки и депозити во РСФСР"[20]. Законот за приватизацијата и неговата методолошка поддршка биле поставени од страна на Федералната комисија за менаџмент на државниот имот. Регулаторната комисија ја спровела првата фаза од приватизацијата која траела три години. Врз основа на пропишаните закони, Државната комисија за државна сопственост издала прописи, како и дала објаснување за процесот на приватизација. Во оваа фаза, надвор од надлежноста на овие закони останала приватизација на земјиштето и домовите, социјалните и културните институции и културното и природното наследство.

Периодот од ноември 1991 година влегол во фаза на т.н. брза приватизација. Тоа било спроведено врз основа на Уредба No.341 на претседателот на Руската Федерација на 1991/12/29, и каде биле изложени главните одредби на програмата за приватизација на државните и општествените претпријатија во 1992 година. Државната програма за приватизација за 1992 година била усвоена од страна на Врховниот Совет на Руската Федерација во јуни 1992 година. Тоа прогласи следниве цели:

  • подобрување на ефикасноста на претпријатијата преку приватизација;
  • создавање на конкурентна средина и промоција на демонополизација на економијата;
  • привлекување на странски инвестиции, социјалната заштита и развој на социјалната инфраструктура на сметка на средствата добиени од приватизацијата;
  • олеснување на процесот на финансиско стабилизирање на Руската Федерација;
  • создавање на услови и организациски структури во 1993-1994.

Во руската програма за приватизација биле предвидени ваучери. Според законот усвоен од страна на програмата, организациите морале да бидат продадени на аукција или би можеле да се продаваат директно на поединци кои работат во овие претпријатија. Големите компании, исто така, морале да биде сигурни во приватизационите договори. Програмата за приватизација поставила ограничувања на приватизација, Овие ограничувања важеле за сите органи на државната власт и владата и локалните власти, а се забранило наметнување на дополнителни ограничувања на овие органи и продолжување на ограничувањата. Кога се разгледувала приватизацијата на претпријатијата, СПЦ и нејзините органи имале право да забранат приватизација на одредена компанијата. Најголемиот дел од претпријатија морале да бидат трансформирани во Акционерско друштво (АД).

Ваучерна приватизација[уреди | уреди извор]

Ваучерна приватизација

Ваучерската приватизација подразбира бесплатна поделба на специјални приватизациски пари (ваучери) на граѓаните, кои со нив купуваат акции во претпријатијата. Ваучерите обично се доделуваат според работниот стаж, возраста и друго. Ваучерната приватизација била извршена во периодот од 1992 до 1994 година. Тоа му претходело на актите на Врховниот Совет на РСФСР, кои биле усвоени во текот на летото 1991 година, во која во проектот биле вклучени државните претпријатија и нивна трансформација во акционерски друштва. За пренамена на приватизација бил донесен закон "за приватизација на регистрирани сметки и депозити во РСФСР", според која секој руски државјанин добил номинална приватизациона сметка. Овој закон не бил спроведена, и наместо тоа се вовела ваучерна приватизација.

Ваучерната приватизација денеска е доста контроверзна. Текот на приватизацијата во голема мера станал резултат на постојани компромиси меѓу Владата и Врховниот совет, земајќи ги предвид интересите на различни групи на луѓе. Така, Егор Гајдар и Анатолиј Чубајс првично не биле поддржувачи на ваучерната приватизација, туку нуделе постепена приватизацијата, но во парични средства. Во недостаток на решение, на вработените им биле давани таков вид на ваучери, кои пак или од немање на финансиска поддршка за опстанок или главно под притисок на раководителите, биле принудени да ги продаваат своите ваучери главно на своите директори, и на тој начин старо-новите директори ја стекнувале сопственоста на институцијата.

Во летото 1992 година биле воведени ваучери кои не биле бесплатни за јавноста. За секој ваучер морало да се плати 25 рубљи. Номиналната вредност на ваучерот била 10,000 рубли. Имотт во земјата се проценил на 1400 милијарди рубли, а за таа сума биле издадени ваучери. Реалната пазарна вредност на акциите што можеле да се добијат во замена за ваучер, зависело од самата компанијата. На пример, во Нижни Новгород за еден ваучер можеле да се разменат 2.000 акции на "Гаспром" во 1994 година (нивната пазарна вредност во 2008 година изнесувала 700.000), во регионот Москва - 700 акции на Газпром (во 2008 година - За 245.000 рубли) итн.

Според тогашниот министер за економија, Андреј Нечаев:

Вистинската вредност на самиот ваучер зависи од конкретната ситуација односно од приватизацијата во одредено претпријатие. Некаде за ваучерот може да се добијат 3 акции, но некаде - 300.

Најмногу придобивки од ваквиот вид на приватизација дала на т.н. црвени директори, односно старите директори на компаниите од советската ера. Во најголем број од случаите, со користење на административен притисок, директорите станувале сопственици на реорганизираните компании.

Во многу случаи, најголемиот дел од акциите во рацете на трудот колективи, со користење на административните притисок, директорот може да се постигне саканиот резултатите од гласањето на акционерите средби, а потоа откупи често и споделување на работниците од претпријатија, да стане полноправна членка на сопствениците. Идеолозите на овој вид на приватизавија постојано изјавувале во подоцнешните години декаref name="Mau"></ref>[18][21] испораката на ваучери во почетокот имала за цел да ги ограничи т.н. црвени директори, но сепак ова не се случило главно поради корумпираноста на властите.

Најголемиот дел од населението не знаеле што да направат со своите ваучери, па тие започнале да ги продаваат. Цената на ваучерите започнала да опаѓа, паѓајќи на 3-4000 рубли од мај 1993 година. во тој период биле создадени и инвестициски фондови кој нудиле размена на ваучери за акции на различни компании.

Заеми за акции[уреди | уреди извор]

Заемот за акции бил спроведен во 1995 година за надополнување на државната благајна. Преку овој вид на приватизација, владата планирала добивање на заеми. Според повеќето експерти, овој вид на заеми за акции предизвикала депресивни цени на самите акции. Во многу случаи, конкуренцијата на аукцијата се состоела од една иста личност кој учествува со повеќе компании.

Претседателски избори (1996)[уреди | уреди извор]

Вторите претседателски избори во Русија се одржале на 3 јули 1996 година. Во почетокот на кампањата, претседателот Борис Елцин се наоѓал во неизвесна состојба, главно поради неговото здравје по серијата срцеви удари. Неговото однесување понекогаш било непристојно за тоа време, па според тоа се сметало дека Елцин има многу мали шанси повторно да биде избран за претседател на Руската Федерација. Во времето кога започнала кампањата, популарноста на Елцин според анкетите била околу 0%.[22]. Во меѓувреме, опозициската партија на комунистите за свој кандидат за претседател го истакнала Генадиј Зјуганов, чија кампања започнала со спомените од советските денови кога земјата била сметана како голема сила на меѓународната сцена[23].

Зголемениот притисок кон Елцин и неговиот тим кои постојано излегувале со тврдење дека болниот Елцин нема да може да ги добие изборите довело до промена на целиот тим кој ја водел кампањата на Елцин, а како клучна фигура во неговата кампања се појавила неговата ќерка Татјана Дјаченко и именување на Анатолиј Чубајс[24]. Чубајс, кој бил и одговорен за приватизацијата на Русија, за главен инструмент во кампањата ја искористил самата програма.

Главна поддршка Елцин добил од страна на олигарсите. Проектот Заеми за акции се одржал до 1996 година. Елцин преку овој проект им дал можност на олигарсите во Русија да ги стекнат најпосакуваните средства во земјата, во замена за невна помош при изборот за претседател[25].

Во пролетта на 1996 година, Чубајс наемил шест водечки руски стопанственици и медиумски магнати, сите олигарси, донирајќи 3.000.000 $, и гарантирајќи целосна покриеност на телевизиите и водечките весници во земјата кои директно ќе служат кон победата на Елцин. Кампањата била прикажана како судбоносен избор на Русија и избор помеѓу Елцин и враќањето кон тоталитаризмот. Олигарсите дури се заканиле и со граѓанска војна доколку комунистите победат на изборите. Во далечните реони на земјата, кампањата на Елцин се потпирала врз основа на своите врски со локалните гувернети, кои голем дел од нив биле назначени од самиот Елцин.

Од друга страна, комунистичкиот кандидат имал помалку финансиски средства на располагање и значително мал пристап до медиумите. Кампањата на Елцин била прогласена во голема мера како енергична и брза, отфрлајќи ја загриженоста за неговото здравје, искористувајќи ги сите предности, дури и на црквата. За намалување на гласачкото незадоволство, тој изјавувал дека ќе се откаже од некои непопуларни економски реформи и ќе ги зголеми приходите за социјална помош, ќе стави крај на војната со Чеченија, а по ова ќе следува зголемување на платите и пензиите и укинување на воената програма. Кампањата добила потик по најавените $10 билиони долари заем од ММФ[26]. Во голема мера, освен крајот на војната, Елцин по неговиот избор не ги исполнил своите ветувања.

На крајот, изборната тактика на Елцин се исплатила. Во вториот круг на 3 јули, со одѕив од 68,9%, Елцин освоил 53,8% од гласовите а Зјуганов 40,3%, а остатокот (5,9%) гласале против двајцата.[27]. Москва и Санкт Петербург, заедно обезбедиле повеќе од половина од поддршката на актуелниот претседател, но не и во големите градови на Урал, и на север и североисток. Елцин загубил од Зјуганов во јужна Русија. Јужниот дел од земјата станал познат како "црвен појас", нагласувајќи ја издржливоста на Комунистичката партија на изборите од распадот на Советскиот Сојуз[28].

Иако Елцин ветил дека ќе ја напушти својата непопуларна неолиберална политика на штедење и зголемување на јавната потрошувачка за да им помогне на оние кои страдаат од болка на капиталистичките реформи, во рок од еден месец по неговиот избор, Елцин издал декрет за поништување на скоро сите од овие ветувања.

Веднаш по изборите, физичкото здравје Елцин и менталната стабилност започнала да опаѓа. Многу од извршните функции на Елцин биле префрлени на олигарсите во земјата.

Сојуз со Белорусија[уреди | уреди извор]

Сојузот помеѓу Руската Федерација и Белорусија бил создаден на 2 април 1996 година[29]. Основите на сојузот биле затемелени на 2 април 1997 година со потпишување на договорот меѓу двете земји. Дополнителни договори биле потпишани на 25 декември 1998 година, чија цел била да се продлабочи политичката, економската и социјалната интеграција и соработка меѓу двете земји.[30]. Александар Лукашенко и Борис Елцин станале иницијатори за создавање на овој сојуз. Овој предлог бил даден и на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во 1994 година, но овој предлог не бил сериозно разбран во Казахстан[31].

Официјалниот договор за создавање на Сојузната држава на Русија и Белорусија бил потпишан на 8 декември 1999 година[32]. Целта била да се постигне федерација која ќе се состои од еден претседател, парламент, знаме, грб, химна, устав, армија и слично. Така биле создадени повеќе институции како Државен совет како највисока власт во Сојузната држава, Министерски совет, парламент, сојузен суд.

Финансиска криза (1998)[уреди | уреди извор]

Руската финансиска криза ја погодила на Русија кон средината на август 1998 година. Намалувањето на продуктивноста, вештачки високиот фиксен девизен курс меѓу рубљата и странските валути и големиот фискален дефицит претставувале главната причина за започнување на кризата. Освен ова, земјата била во војна со Чеченија, каде според некои проценки биле потрошени 5,5 милијарди долари, не вклучувајќи го износнот потребен за обнова на економијата на Чеченија. Во првата половина на 1997 година, Економијата на Русија покажала резултат на подобрување, но веднаш по ова проблемите започнале да се интензивираат. Во 1997 година започнала и азиската криза, која директно влијаела на побарувачката и цената на нафтата и металите.

22,6 милијарди долари од страна на ММФ и Светска банка биле одобрени на 13 јули за поддршка на реформите и стабилизирање на рускиот пазар. Сепак, руската влада одлучила да го задржи курсот на рубљата фиксен, иако голем дел од економистите повикувале владата да ја напушти политиката за поддршка на својата парична единица. На 12 мај 1998 година започнал штрајк на рударите поради неисплатени плати, блокирајќи ја Транссибирската железница. На 1 август долгот на државата кон народотбил околу 12 милијарди долари, главно од неисплатени плати. На 15 јули Државната Дума го одбила планот на владата за антикризни мерки, така што владата била принудена да се потпре на декретите на претседателот. На 29 јули, Елцин го прекинал својот одмор и заминал за Москва каде била подготвувана реконструкција на владата. Така, на чело на премиерското место застанал Владимир Путин.

Руската инфлација во 1998 година достигнала 84%, а трошоците биле зголемени значително. Голем број на банки, како Инкомбанк, Онексимбанк и Токобанк биле затворени. Цените на скоро сите прехранбени производи се зголемиле за 100%, продавниците биле испразнети, останувајќи дури и без најосновните потреби како растително масло, шеќер или прашок за перење. Кризата ја намалила побарувачката за храна, ги зголемила социјалните тензии, а средната класа ги загубила своите заштеди. По ова започнале голем број на штрајкови и демонстрации. Во Москва на улиците излегле преку 100,000 луѓе. Министерот за одбрана ја откажал својата посета на Грција во првата недела од октомври, за да ја следи ситуацијата од земјата, која би можела да излезе од контрола. На 20 октомври, Борис Елцин потпишал декрет за забрана на масовни протести во Москва.

Како главна причина за закрепнувањето на руската економија била зголемувањето на цената на нафтата во текот на 1999 и 2000 година. Така, во тој период Русија имала фолем суфицит. Домашните индустрии, кои имале корист од девалвацијата, предизвикале зголемување на цената од увезената стока[33][34]. За првпат во историјата на Руската Федерација, стапката на невравотеност во 2000 година се намалила.

Сепак, како главна причина за брзото закрепнување на руската економија било тоа што таа била зависна во голема мера од трговијата и други немонетарни инструменти. Поради ова, финансиската криза во Русија поминала со голема брзина, за разлика од останатите земји од реонот.

Претседателство на Путин[уреди | уреди извор]

Владимир Путин

На 25 јули 1998 година, првиот заменик началник на Генералштабот, Владимир Путин, бил назначен за директор на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. На 26 март 1999 година во исто време тој бил назначен за секретар на Советот за безбедност.

Во мај 1999 година, Државната Дума безуспешно се обидела да го постави прашањето за отстранување на Елцин од претседателската функција. Во пресрет на гласините дека Евгениј Примаков може да се појави како кандидат на претседателските избори во 2000 година, Елцин на 12 мај, Елцин за нов премиер го назначил Сергеј Степашин[35].

во меѓувреме, ситуацијата во Русија започнала сè повеќе да се насочува кон конфликтот со сепаратистите од Чеченија. Во летниот период, од страна на чеченските сепаратисти била започната т.н. Дагестанска инвазија.

започнала на 7 август 1999 година кога чеченските сепаратистички групи предводени од Шамил Басаев и Ибн ал-Катаб упаднале во соседен Дагестан давајќи поддршка на дагестанското сепаратистичко движење. Војната завршила со огромна победа на Руската Федерација и повлекување на Исламската меѓународна бригада. Дагестанската војна била една од причините за започнување на Втората чеченска војна.

Во ваква ситуација, Елцин го отпуштил претседателот на владата Степашин, и на негово место го поставил тогаш малку познатиот директор на ФСБ, Владимир Путин. Во изјавата, Елцин изјавил дека го поставил Путин бидејќи го смета за човек кој може да го консолидира руското општество и да воведе големи реформи.

Владимир Путин на функцијата Претседател на Руската Федерација бил од 7 мај 2000 до 7 мај 2008 година.

Повлекување на Елцин[уреди | уреди извор]

Поради големото незадоволство во Русија, на 31 декември 1999 година, тогашниот претседател Борис Елцин преку своето телевизиско обраќање го објавил неговото повлекување од претседателската функција и изјавил дека за свој наследник го прогласува Владимир Путин, во согласност со член 92, став 3 од Уставот на Руската Федерација и на позицијата вршител на должноста ќе биде до одржување на претседателските избори. Веќе по полноќ, Владимир Путин им ја честитал на своите сонародници Нова година како в.д. претседател на земјата.

Првиот декрет кој бил потпишан од страна на Путин како в.д. претседател било гаранцијата дека веќе поранешниот претседате нема да биде кривично гонет.

Втора чеченска војна[уреди | уреди извор]

Во август 1999 година од страна на чеченските сепаратисти следувала инвазија на Дагестан на чело со водачот Шамил Басаев. На 4 август 1999 година, неколку лица од руското Министерство за внатрешни работи загинале на границата во судир со сепаратистички единици на Кабедов. На 7 август Басаев и ал-Катаб ја започале најавената инвазија во Дагестан со група од околу 1,500 до 2,000 вооружени милитанти, составени главно од исламистички радикали од Чеченија и Дагестан, како и други меѓународни исламистички организации.

По ова следувала конечната интервенција на руската влада, започнувајќи со воздушни и артилериски напади. Руските воздухопловни сили започнале и бомбардирање на Чеченија. На 6 февруари 2000 година, руската армија го окупирала Грозни. Со оглед на тоа што Русија била обвинета за големиот број на мртви цивили за време на Првата чеченска војна, Русија овозможила неколку дена да се организира хуманитарен коридор за излегување на цивилното население од градот. По затворањето, започнала руската офанзива.

Во меѓувреме, во септември во четири градови во Русија се случиле бомбашки напади врз станбени објекти. Официјалната истрага за нападите била завршена од страна на руската Федералната служба за безбедност во 2002 година. Според истрагата и судската одлука што следела, бомбашките напади биле организирани од Ачимез Гочијев, кој се наоѓа во бегство. Освен него, биле обвинети и Абу Омар ал-Саиф заедно со Ибн ал-Катаб, кои подоцна биле убиени. Шест други осомничени биле осудени од страна на руските судови. Јуриј Фелштински (живее во САД), Александар Литвиненко (убиен во 2006 година), Борис Березовски (олигарх кој има добиено британски егзил), Дејвид Сатер, Борис Кагарлицки, тврдат дека во 1999 година бомбашките напади биле лажирани од страна на ФСБ со цел да се добие јавна поддршка за нова вистинска војна во Чеченија, и зголемување на рејтингот на тогаш веќе поранешен агент на ФСБ, а подоцна и претседател на Русија, Владимир Путин..[36][37].[38][39][40][41][42].

Во јануари 2001 година, Путин потпишал декрет за мерките против тероризмот во реонот на Северен Кавказ, одлучувајќи да спроведе антитерористички операции во реонот[43]

Тактиката на руската армија во Чеченија постојано се менувала. Искуството од Првата чеченска војна довело до применување на сосема друга тактика во воените операции и дејствија. Втората чеченска војна била негативно примена од страна на западните медиуми[44][45][46]. Посебно големи реакции имало во времето на руските бомбардирања, посебно по создавањето на т.н. чеченски гета[47].

Политика кон олигарсите[уреди | уреди извор]

Гусински и Березовски[уреди | уреди извор]

Во текот на 2001 година, Владимир Путин изјавил дека ќе го реши прашањето поврзано околу олигарсите во Русија, кои имале големо влијание врз создавањето на политиката на Русија[48].

Еден од првите олигарси кои паднеле во немилост бил Владимир Гусински, основач на Телевизија НТВ и дел од холдингот Медија мост. Поради големите долгови на компанијата на Гусински, тој бил принуден да побара кредит од Гаспром. Раководството на "Гаспром" го тужел целото раководство на "Медија-мост. Тој билч принуден да ја продаде телевизијата а по ова следувало промена на новинарскиот персонал на телевизијата. По краткото апсење во летото во 2000 година во Москва, Гусински ја напуштил Русија. За време на својот престој во Мадрид бил уапсен и на 18 април 2001 година. По краткиот процес, Гусински со голема кауција бил пуштен и заминал за Израел. Во негова одбрана застанале неколку руски стопанственици, како Михаил Ходорковски, Потанин и други, како и Бил Клинтон и израелскиот претседател Шимон Перес.

Во текот на 1998 година, Борис Березовски бил обвинет за финансирање на тероризмот, главно на чеченските сепаратисти. Според рускиот политичар Александар Лебед, Березовски во текот на Првата чеченска војна заработил половина милијарда долари.[49]. Во текот на 1999 година, полицијата извршила повеќе од 20 упади по канцелариите на Берерзовски во Москва. Березовски започнал да се гони главно поради Аерофлот, односно главно поради големите милионски суми на пари кои Березовски ги испраќал во швајцарските банки, прекршувајќи ги руските закони за девизи. Така, на 6 април 1999 година бил издаден налог за апсење на Березовски. Во налогот се наведувало дека тој наводно канализирал 250 милиони американски долари од Аерофлот кон компанијата Андава, во негова сопственост. Истата година, во 1999 година, Березовски станал пратеник со кое му бил обезбеден имунитет од судско гонење. По приведувањето на Гусински, Березовски отворено започнал да го критикува претседателот Путин[50][51], за да на крај, по само шест месеци, поднесе оставка од функцијата пратеник. Првиот директен судир со Путин бил откако неговата телевизија емитувала интервју со жените и децата на морнарите кои загинале кога атомската подморница Курск потонала при кое 118 членови од екипажот загинале, а во меѓувреме наводно Путин бил на одмор на Црно Море, емитувајќи репортажа како тој скија на вода. По големата наводна расправија која се случила во Кремљ, Березовски откажал да ја продаде својата телевизија на државата, а на 17 октомври тој повторно бил испрашуван во Јавното обвинителство околу Аерофлот. Една недела подоцна, Березовски се качил на својот приватен авион и заминал за Ница. Така, во текот на есента Березовски започнал да живее во една голем вила во Антиб, Азурниот Брег. Во октомври државата му ја запленила неговата викендица во Москва, а на 1 ноември било покренато обвинение против него за да се појави на судско рочиште во Москва. Две недели подоцна, Березовски изјавил дека нема намера да оди во Москва главно поради тврдењето дека обвинувањето против него биле политички мотивирани. Русија побарала помош од Интерпол, кој издал по него потерница. Кога заканата започнала да се зголемува, Березовски со претходен договор заминал во Лондон. Во Лондон березовски основал Фондација за граѓански слободи. На 27 јануари 2002 година бил обвинет во случајот за финансирање на тероризмот. Березовски од Лондон на неколкупати ја обвинил ФСБ во обидите за атентат врз него, како и вмешаноста на ФСБ во терористичките напади од 1999 година, смртта на Александар Литвиненко и Ана Политковскаја.

Ходорковски и делото ЈУКОС[уреди | уреди извор]

Платон Лебедев
Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски во времето кога Борис Березовски заминал од Москва, станал еден од најбогатите луѓе во Русија. Еден од најголемите конфликти со претседателот Владимир Путин бил околу купувањето на Нортен оил компани од страна на Роснефт, која била во државна сопственост. На лицитацијата, неговата компанија изгубила бидејќи понудила помалку пари. Ходорковски се пожалил дека одговорните луѓе од Роснефт им дале мито на државните службеници и поради тоа победиле на лицитацијата, и лично му порачал на Владимир Путин дека неговата администрација е составена од криминалци. Така Ходорковски започнал да ги финансира опозициските партии кои биле негативно настроени кон Путин. Ходорковски дури дејствуваал и како самостоен суверенитет, преговарајќи со кинеската влада за изградба на гасовод.

Во почетокот на јули 2003 година, Платон Лебедев, партнер на Ходорковски и втор по големина акционер во Јукос, бил уапсен под сомнение за нелегално стекнување на акциите во државна сопственост на компанијата Апатит, во 1994 година. По два дена од апсењето на Лебедев, Ходорковски отишол во американската амбасада во Москва, каде го информирал амбасадорот за приведувањето на неговиот партнер. По ова, Ходорковски заминал за Вашингтон каде започнал преговори за продажба на неговиот удел во Јукос, кое дополнително го разбеснило на Путин. Во истото време, тој бил повикан да се појави пред обвинителите за да биде распрашан. На 25 октомври 2003 година, Ходорковски слетал со својот авион во централен Сибир за да наполни гориво, каде по слетувањето на авионнот бил уапсен од страна на службени лица на ФСБ. Канцеларијата на рускиот обвинител тврдел дека Ходорковски и неговите соработници ја оштетиле државата повеќе од 1 милијарда долари. По апсењето на Ходорковски, Леонид Невзлин добил пакет акции во Јукос кога Ходорковски му го продадал својот 60% удел.

По приведувањето на Ходорковски следувале остри реакции од страна на западните земји во Европа. Рускиот водечки опозициски весник Новаја газета го поддржал на Ходорковски со масовна кампања на постери и протести. Адвокатот на обвинетиот, Роберт Амстердам ја осудил судската постапка нарекувајќи го шоу-судење во кое Ходорковски ќе биде обвинет. Во мај 2005 година, 18 месеци по неговото приведување, судскиот совет го прогласил за виновен. Судската одлука била испишена на 1.00 страници. Ходорковски и неговиот партнер биле осудени на девет години затвор. На 31 март 2009 година, ново судење на Ходорковски и Лебедев започнало во Москва за нови обвиненија за проневера и перење пари. Ходорковски одбил да се изјасни, тврдејќи дека тој не го разбрал обвинението. Според најновото обвинение, Ходорковски во затвор ќе остане до 2017 година, осуден за кражба на 218 милиони тони нафта.

Економија[уреди | уреди извор]

Во текот на 2000-тите, Путин потпишал серија од закони преку кое било во голема мера изменето законодавната политика кон даноците. Така, бил воведен рамен данок на доход на физички лица од 13%, намалена даночна стапка од 24%, единствен данок на промет, и намалување на даноците од 54 на 15%.[52][53][54][55]. Во текот на 2006 година, заменик-министерот за финансии, Сергеј Шаталов изјавил дека во времето на даночните реформи, даночното оптоварување се намалила од 35% до 27,5%, и реформите довеле до зголемување на наплатата на даноците.[52][55][56][57] и стимулирање на економскиот раст.[33][33][56][58][59]. Даночната реформа се смета за една од најголемите успеси за популарноста на Владимир Путин[52].

Во текот на октомври 2001 година, Путин потпишал нов закон, консолидирајќи го земјиштето во државна сопственост, со исклучок на земјоделското земјиште и ги утврдил механизмите за негова продажба.[53]. Веќе во јули 2002 година бил донесен закон за трансфер на земјоделското земјиште кон приватна сопственост[53]. Освен тоа, имало реформи и во пензиите, банкарството, данок на приход, реформи во законот за работни односи итн.

Според изјавата на Путин, речиси целосно бил исплатен надворешниот јавен долг. Ова било постигнато благодаение на големиот пораст на цените на рускиот извоз, во најголема мера на нафтата и гасот. Се смета дека приливот од нафтата довел со создавање на т.н. Холандска болест на руската економија и зајакнување на рубљата.

Според анкетата спроведена од страна на британската компанија Би-Би-Си во 2008 година, 77% од руските испитаници изјавиле дека нивниот квалитет на живот во претседателствувањето на Путин е значително подобрен[60].

Економски раст во Русија
Година Раст Инфляција[61] Раст на платите[62]
2000 10,2 % 20,2 % 20,9 %
2001 5,7 %[63] 18,6 % 19,9 %
2002 3,9 %[64] 15,1 % 16,2 %
2003 7 %[65][66] 12 % 10,9 %
2004 6,9 % 11,7 % 10,6 %
2005 6,4 % 10,9 % 12,6 %
2006 7,4 % 9 % 13,3 %
2007 8,1 %[67] 11,9 % 15,1 %

Економијата на Русија е единаесетта по големина економија во светот според номиналната вредност на БДП и шестата по големина според куповната моќ. Русија има изобилство на природен гас, нафта, јаглен и скапоцени метали.

Руската економија бележи зголемување на БДП (во 2000 година - 10%, во 2001 година - 5,7%, во 2002 година - 4,9%, во 2003 година - 7,3%, во 2004 година - 7,1%, во 2005 - 6,5%, во 2006 година - 6,7%), на индустриското и земјоделското производство, градежништво, реалните приходи. Следувало намалување на населението кое живее под нивото на сиромаштија (од 29% во 2000 година на 18% во 2004 година)[68][69], зголемувањето на потрошувачки кредит (за периодот 2000-2006 година порастот бил 45 пати)[70][71].

За време на претседателството на Владимир Путин значително се зголемиле странските инвестиции во Русија (со 10 милијарди долари во 1999 до 120.000.000.000 $ во 2007 година[72][73]). Претставникот на германската влада укажал на стабилноста на руската економија.

Во времето на Владимир Путин, владата на Русија направила неколку чекори за предвремена отплата на долгот на земјата. Така, во 2001 година бил отплатен долгот кон ММФ од 2,7 милијарди долари, во 2005 година бил вратен долг кон ММФ од 3,3 милијарди долари, во 200 година предвремено бил отплатен долгот кон Парискиот клуб на кредитори во износ од 22,5 милијарди долари итн. Во споредба со историскиот најголем надворешниот долг кога во 1998 година изнесувал 146,4% од БДП, во 2007 година, овој долг изнесувал само 9% од БДП. Во 2007 година, Министерството за финансии ја презела иницијативата за предвремена отплата на долгот кон Светска банка во износ од 1,77 милијарди[74].

Стабилизацискиот фонд според податоци од 2007 година изнесувал 122 милијарди долари. Девизните резерви од Централна банка се околу 518 милијарди долари[75], и според овој податок земјата се наоѓа на трето место во светот по Кина и Јапонија.

Во 2005 година Путин најавил спроведување на четири национални проекти во социјалната сфера и економијата, и тоа во здравството, образованието, домувањето и земјоделството.[76].

Потонување на подморницата Курск[уреди | уреди извор]

Во август 2000 во Баренцовото море се одржувала голема воена вежба во која биле вклучени четири подморници, крстосувачот „Петар Велики“ и флотила од помали бродови. Подморницата Курск испловила за да изврши вежба со испалување на вежбовни торпеда кон крстосувачот „Петар Велики“. На 12 август 2000, во 11:28 по месно време (07:28 УТЦ) Курск ги испалил торпедата, но брзо потоа дошло до експлозија во подморницата. Единствениот веродостоен извештај до денес е дека експлозијата настанала како резултат на оштетување на едно од торпедата кое било погонувано од водород-пероксид. Хемиската експлозија имала сила еквивалентна на 100-250кг ТНТ, и создала потрес од 2,2 степени по Рихтеровата скала. По експлозијата подморницата потонала до длабочина од 108м, на околу 135км од Североморск, на координати 69°40′N 37°35′E. По 135 секунди, првата експлозија била проследена со втора, поголема, која создала потрес од 3,5-4,4 степени по Рихтеровата скала, еквивалентно на 3-7 тони ТНТ.[2] Една од тие експлозии исфрлила големи парчиња метал кон внатрешноста на подморницата.

Потонувањето на подморницата Курск предизвикала голема критика врз претседателот Путин. Во експлозијата загинале 118 луѓе.[77]. За главна причина за големата катастрофа била неподготвеноста на руските спасувачки екипи, кои на почетокот не прифаќале помош од странски екипи, тврдејќи дека со состојбата можат сами да се справат[78].

Московска театарска криза[уреди | уреди извор]

Московската театарска заложничка криза се случила на 23 октомври 2002 година кога околу 50 вооружени чеченски терористи на чело со Мовсар Барајев упаднале во московскиот театар Дубровка и како заложници зеле околу 850 луѓе. Како главен предуслов за ослободување на заложниците било повлекување на руските војски од Чеченија, и крај на Втората чеченска војна.

Заложничката драма траела до 26 октомври кога руските специјални служби спровеле акција за елиминација на терористите. Како резултат на акцијата биле ликвидирани сите терористи. 39 од напаѓачите биле убиени од страна на руските сили, заедно со најмалку 129 од заложниците (вклучувајќи девет странци). Сите, освен неколку од заложниците, кои починале за време на опсадата биле убиени од страна на токсична супстанција која била испуштена во театрот.[79][80] Употребата на гасот било широко осудено од страна на јавноста, но Москва на тоа одговорила дека постоел многу мал простор за правење на маневри бидејќи руските сили биле соочени со вооружени бунтовници кои биле подготвени да се убијат себеси заедно со заложниците.[81].

Според некои претпоставки и верзии, во текот на операцијата бил користен наркотичен гас, вид на борбен гас, кој бил опасен за луѓе со слабо здравје, старци жени и деца [82][83]..

Главните обвиненија на поранешните заложници и роднините на загинатите на адреса на властите се следниве:

  • властите ја испуштиле можноста да водат ефикасни преговори со терористите;
  • се презело наоад во кој била користена хемиска супстанција, без да земат предвид дека ќе има негативни последици;
  • силите за безбедност не презеле мерки за заробување на некој од терористите, со цел да не се дознаат некои детали на судскиот процес
  • властите не обезбедиле за ослободените заложници навремена квалификувана медицинска помош;
  • властите не организирале прописна истрага на околностите околу трагедијата [84]..

Мислењето на настраданите е дека основна цел на властите била терористите да бидат ликвидирани, а да се спасат заложниците[85]. Обвиненијата се оправдани поради фактот што руските власти не објавиле каков вид на гас бил употребен, и властите се обиделе пред јавноста да ја намалат својата вина и да негираат дека дел од заложничките жртви всушност починале од дејството на успуштениот гас. Главниот лекар на Москва, Андреј Селцовски вели дека причината за смртта на сите заложници, со исклучок на двајца, е труење со непознат гас[86].

Министерство за здравство официјално одбило да се искаже околу тоа каков гас всушност бил користен. Комитетот за безбедност на Државната дума одбил да се расправа дали коректно бил користен гасот. Иницијатор на барањето во парламентот бил пратеникот Сергеј Јушенков[87]..

Владимир Путин на средбата со новинарите одржана на 20 септември 2003 година изјавил:

Овие луѓе загинаа не како резултат од дејството на гасот, затоа што овој гас не е штетен, тој е безопасен, и не може да предизвика каква и да е штета на луѓето. Тие станале жртва на голем број околности на слабеење на виталните им сили и хронични заболувања. Можеме да кажеме дека за време на операцијата не е повреден ниту еден заложник[88]

По оваа изјава на Владимир Путин, преживеаните од кризата во театрот и роднините на загинатите се обиделе да направат тужба против Путин, обвинувајќи го дека лаже, но рускиот суд одбил да прифати ова[85].

На 12 ноември 2002 година во обраќање емитувана на телевизијата "Ал-Џазира", водачот на меѓународната терористичка организација Ал Каеда Осама бин Ладен го одобрил преземањето на театрот, како и терористичките акти во Индонезија, Јемен и Кувајт.

Бесланска заложничка криза[уреди | уреди извор]

Поглед кон училиштето по нападот

Бесланската заложничка криза се случила на почетокот на септември 2004 година во градот Беслан, Северна Осетија-Аланија во Русија, кога биле киднапирани околу 1.100 заложници од кои на крајот од драмата повеќе од 380 биле убиени. Заложничката криза започнала кога група на вооружени бунтовници по потекло главно од Ингушетија и Чеченија киднапирале повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи 777 деца[89] во бесланското училиште на 1 септември. Киднапирањето на заложниците било спроведено од групата Ријадус-Салихин, и била испратена од страна на чеченскиот сепаратистички водач Шамил Басаев. По заземањето на училиштето Басаев издал барање до руските власти во кое се барало повлекување на руските сили од Чеченија и крај на Втората чеченска војна. По три дена неуспешни преговори, руските сили биле принудени да влезат во зградата по неколкуте експлозии кои се случиле внатре во училиштето.

Поставувањето на опсадата од страна на администрацијата на Владимир Путин била критикувана од страна на голем број на набљудувачи и локални организации, меѓу нив и организацијата на мајките од Беслан и Гласот на Беслан[90]. Наскоро по кризата, независниот пратеник Владимир Рижков го обвинил врвот на раководството на Русија[91]. Критиката, вклучувајќи ги и жителите на Беслан, заедно со преживеаните и роднините на жртвите била доста голема[92], наведувајќи го употребата на тешко оружје и тенкови. Според извештајот на Јуриј Савелјев, еден од водечките истражувачи во Русија, одговорноста за пследниот масакр треба да се бара кај руските сили и највисоките функционери во сојузната влада. Според овој извештај од 2006 година, во кој извештај се состои од 280 и има доста пишувано за првата експлозија, се заклучува дека властите одлучиле дека училиштето треба да одекне, но сакале да создадат впечаток дека тие започнале со операцијата како одговор на преземаните активности од страна на теороиститеref name="reports">Russia: Beslan Reports Compared, The Jamestown Foundation, January 3, 2007</ref>. Јуриј Савелјев го обвинил Торшин за фалсификување на вистината[93].

Убиениот подоцна Александар Литвиненко изјавил дека руските тајни служби морале да имаат сознанија за акцијата уште пред да се нападне училиштето. Пред неговата смрт, Литвиненко тврдел дека дел од киднаперите претходно биле уапсени од ФСБ и лежеле во притвор за извршување на терористички напади, кое било незамисливо дека по нивнито ослободување тие нема да се вратат на својата стара задача и покрај тоа што ФСБ изјавила дека тие ќе бидат под нејзин строг режим и надзор, оневозможувајќи го нивното делување во Беслан[94]. Од организацијата Мајките од Беслан, исто така се тврди дека земањето на зложниците било внатрешна работа, наведувајќи го како доказ фактот што милитантите користеле оружје кое се наоѓало во училиштето уште пред инцидентот[95]. Еља Кесајева исто така го привлекла вниманието на јавноста кога изјавила дека голем дел од киднаперите биле ослободени од притвор непосредно пред нападот[96].

Парламентарни избори (2003)[уреди | уреди извор]

На 7 декември 2003 година се одржале Парламентарни избори, на кои победила партијата на Путин, Единствена Русија. Од вкупно 450 пратенички места, Единствена Русија добила 223 пратеници, 52 Комунистичката партија, 36 Либерално-демократската партија, 37 места добила Родинаитн.

Позначајни реформи[уреди | уреди извор]

Формирањето на новата влада предводена од Единствена Русија овозможило уставното мнозинство да донесе голем број на закони кои придонеле кон трансформација на политичкиот систем во земјата. Првиот пооголем чекор бил промена на начинот по кој се избираат гувернерите на републиките. Коментирајќи во едно интервју за американската телевизија CBS во мај 2005 година, Путин на критиките изјавил дека и самата Индија е една од најголемите демократии во светот, но дека индиските гувернери биле именувани од страна на владата и никој досега не се обидел да каже дека во Индија нема демократија[97]. Најголеми критичари за оваа реформа во изборот биле комунистите и либералите.[98]. Сепак, во 2005 година оваа одлука од страна на Уставниот суд била прогласена за легитимна[99].

На 1 јануари 2006 година во сила влегол новиот закон за политички партии според кој се зголемил минималниот број на членови од 10,000 на 50,000 луѓе. Така, во текот на 2006 и 2007 година, руските судови во согласност со прописите наложени од Министерството за правда, избришиле десетици партии пореди неисполнување на условите. Меѓу нив се нашле Руската комунистичка работничка партија, Либерално-републиканската партија, Националистичката болшевичка партија итн. Партиите кои не биле регистрирани, имале право да продолжат со свои активности како доброволни асоцијации, но не и да учествуваат на избори. До септември 2007 година, бројот на политички партии во земјата се намалил во голема мера.

Претседателство на Медведев[уреди | уреди извор]

Путин и Медведев во 2008

На Претседателските избори одржани на 2 март 2008 година, за нов претседател бил избран Дмитриј Медведев. Неговата кандидатура била поддржана од страна на актуелниот претседател Владимир Путин и пет политички партии. Медведев добил 71% од гласовите.

На 3 март 2008 година, Владимир Путин го потпишал дектетот № 295 според кој официјално Медведев ја презел функцијата Претседател на Руската Федерација[100]. Официјалното примопредавање на функцијата се одржало на 7 мај 2008 година[101][102][103].

Првиот декрет кој го потпишал Медведев како претседател било решавање на станбеното прашање на ветераните од Големата татковинска војна до мај 2010 година. По ова, Медведев како претседател на Владата на Русија го предложил владимир Путин пред Државната Дума. Така, со 226 гласа Путин станал нов премиер на Русија.

Првата официјална посета на Медведев била на 22 мај 2008 година во Казахстан. На економскиот форум во Санкт Петербург, Медведев изразил загриженост од глобализацијата на економскиот суверенитет на земјите од светот.

Грузиски конфликт[уреди | уреди извор]

Во ноќта на 7 август 2008 година, грузиските сили започнале интензивно бомбардирање на Јужна Осетија[104]. Како резултат на нападот повеќе од десет руски мировници биле убиени, а десетици биле повредени[105][106]. На 8 август 2008 година, претседателот Медведев изјавил:

Вечерва во Јужна Осетија, грузиските сили всушност извршиа акт на агресија против руските мировници и цивилите. <...> Ние нема да дозволиме смртта на нашите сонародници да поминуе неказнето. Оние кои се одговорни ќе бидат казнети.[107]

Грузија и Јужна Осетија меѓусебно се обвинувале за тоа кој ги почнал пресметките. Грузискиот министер за реинтеграција Темур Иакобашвили изјавил дека сепаратистите отвориле оган од различни локации врз осум грузиски села и дека по неколку апели за прекин на огнот, немало одговор и грузиската страна морала да возврати.

По тридневни борби со грузиските сили, Русија ја контролирала целата територија на Јужна Осетија. Грузиската влада го потврдила повлекувањето на своите војници, а преку Министерството за надворешни работи понудила прекин на воените дејствија и итни преговори со Русија. Според руските медиуми, во судирите загинале најмалку 2.000 луѓе. Медведев подоцна изјавил:

Како резултат на агресијата од страна на Грузија, насочена против цивилното население на Јужна Осетија и руските мировници, настанаа сложени хуманитарни проблеми, коишто ние во рамките на нашиот мандат и нашата должност како држава, мораме да ги разрешиме. Русија нема да допушти неказнето загинување на свои државјани. Во согласност со Уставот и федералното законодавство, како претседател на Руската федерација сум обврзан да ги штитам животот и достоинството на руските државјани, каде било да се наоѓаат. Грузиската војска во суштина изврши акт на агресија против руските мировници и цивилното население

По конфликтот следувало признавање на Јужна Осетија и Абхазија.

Потпишав указ со кој Русија ја признава независноста на Јужна Осетија и Абхазија. Русија повикува и други држави да го следат нејзиниот пример, Тоа не е лесен избор, но е единствена можност да се заштити животот на луѓето

Уставни промени[уреди | уреди извор]

Со измените и дополнувањата од 2008 година, кои биле предложени во ноември 2008 година и стапиле во сила на 31 декември 2008 година, Уставот на Русија претрпел прва позначајна промена од 1993 година[108][109]. Според измените, претседателскиот мандат се зголемил од четири на шест години, а на пратениците од четири на пет години.

За промена на Уставот гласале 351 пратеник додека против биле 57. Неопходен минимум на гласови за усвојување на амандаман е 300 гласа.

Финансиска криза[уреди | уреди извор]

Во периодот од 2008 до 2009 година, земјата повторно се нашла во економска криза како резултат на Светската економска криза. Кризата била проследена со економска рецесија и намалување на цената на нафтата. Според Светска банка, силните краткорочни макроекономски показатели ја направиле Русија многу поподготвена за разлика од некои други економии во светот. Благодарение на приходите од извозот на нафта, гас, метали и други суровини, Русија спаѓа во државите со најголеми девизни резерви во светот.

Медведев во врска со финансиската криза во земјата изјавил:

Темата за финансиската криза денеска го бранува целиот свет. Повеќето земји се согласија со тоа дека груби грешки, извршени од неколку земји, доведоа до сериозни проблеми. Кризата во САД удри и се одби како рикошет од економииите на практично сите земји. Русија има можности да го избегне и е должна да го стори тоа

Кон крајот на 2008 година, за време на почетокот на кризата, руските пазари паднале за повеќе од 1 трилион долари. Несреќата на берзата била предизвикана со вербалниот напад на Владимир Путин врз Мечел во јули истата година како и со помошта на руските миротворници за Јужна Осетија во август. Во 2008 година, рускиот идекс на акции загубил 72,4 % пласирајќи се како необичен изведувач на сите главни пазари во развој. Во јануари 2009 година, Државниот завод за статистика во Русија објавил податоци според кои руското индустриско производство е намалено за 10,3% во декември 2008 година по падот од 8,7% во ноември претходната година. Сепак, рускиот главен берзански индекс двојно се зголемил до есента 2009 година што за разлика од крајот на 2008 година па до крајот на 2009 година, речиси го достигнал нивото на кризата.

2011[уреди | уреди извор]

На 24 јануари се случил бомбашки напад на аеродромот Домодедово. Во бомбашкиот напад починале 37 луѓе а повеќе од 150 биле повредени7[110][111][112][113][114]. Руските власти потврдиле дека нападот е дело на бомбаш самоубиец, кој експлозивната направа скриена околу телото ја активирал на влезот на салата за подигање на багаж, во терминалот за меѓународни летови.[115][116]. На местото на крвавиот атентат на московскиот меѓународен аеродром Домодедово била пронајдена главата на осомничениот атентатор-камиказе.[117]

Дмитриј Медведев во септември 2011 година предложил Владимир Путин да се кандидира за претседател и најавил дека е подготвен да работи во владата:

Во однос на предлогот од раководството на партијата, да се подобри функционирањето на партијата за да се има успешен настап на изборите, ја изразувам мојата подготвеност практично да работам во владата, и ја поддржувам кандидатурата на претседателот на партијата Владимир Путин за претседател на државата[118]

По оваа изјава на Медведев, рускиот министер за финансии Алексеј Кудрин јавно изразил незадоволство по најавената рокада на највисоките политички функции во Русија. По ова, Кудрин поднел оставка од функцијата министер за финансии.

На 9 ноември 2011 година, Русија станала членка на Светската трговска организација. Ова се случило по речиси две децении вето од страна на Грузија. Грузија, како членка на СТО, ја блокирла Русија поради постојаните несогласувања помеѓу двете земји, а тоа особено се засилило со руската воена интервенција на грузиска територија во 2008 година. Приклучувањето на Русија кон СТО се смета за најголемиот чекор во либерализацијата на светската трговија по приемот на Кина во организацијата, со седиште во Женева пред една деценија[119].

Парламентарни избори[уреди | уреди извор]

На 4 декември 2011 година, во земјата се одржале парламентарни избори. Партијата „Обединета Русија" победила на изборите. Според резултатите, владејачката партија освоила 49.54% [120], и го загубила двотретинско мнозинство во Думата. Комунистичката партија постигнала втор резултат на овие избори, со освоени 19,2% од гласовите, и „Праведна Русија" со 13,2%.

По крајот на изборите, голем дел од опозициските партии укажале на нерегуларности и изборен фалсификат. Водачот на комунистите Генадиј Зјуганов изјавил дека овие избори досега биле највалканите и најнеодговорните во историјата на модерна Русија.[121] Слична изјава имал и Гари Каспаров.[122]

Меѓународната заедница исто така упатила критика кон властите во Русија. Американската државна секретарка Хилари Клинтон, говорејќи на состанокот на ОБСЕ во Вилнус, изјавила дека изборите оставиле простор за сериозна загриженост и истите биленаместени[123]. Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон исто така изразила загриженост за некои аспекти на изборниот процес.

На 5 декември, противници на владата започнале да протестираат во Москва, со околу 8.000 на број, осудувајќи го Владимир Путин и неговата влада за нерегуларности во изборите. На 7 декември, во Москва биле притворени 560 а во Санкт Петербург 250 демонстранти. Премиерот Владимир Путин изјавил дека САД ги поттикнале протестите во Русија поради изборите.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Надворешната политика на Русија се раководи од страна на претседателот на земјата.

Во 2005 година дошло до влошување на односите меѓу Русија и западните земји, започнувајќи преку т.н. Гасна војна со Украина.

САД и Русија имаат остро спротивставени позиции во однос на прашања поврзани со: обоените револуции, непризнаената република Абхазија, Јужна Осетија и Приднестровие, влезот на Украина и Грузија во НАТО, градењето на систем за ракетна одбрана, цевководите кои ја испорачуваат касписката нафта, независноста на Косово, изградбата на јадрен реактор во Иран, венецуелската воена опрема, проблемот околу Палестина итн. Освен овие проблеми, Русија има крајно поинакви ставови во врска со Бомбардирањето на Југославија во 1999 година, инвазијата на Ирак, скандалот во Абу Граиб, затворот во Гвантанамо, скандалите околу тајните затвори на ЦИА.

Односите помеѓу Велика Британија и Русија се влошиле кога голем број од руските олигарси добиле егзил во Британија. За Борис Березовски на пример, Русија испратила неколку барања за екстрадиција, но таа била одбиена. Следувал скандалот со Александар Литвиненко и неговото труење, убиството на новинарката Ана Политковскаја.

Односите помеѓу Украина и Русија се влошиле во времето на т.н. Портокалова револуција, по кое следувала т.н. Гасна војна, присуството на руската морнарица во Севастопол, користењето на морската инфраструктура и можното приклучување на земјата кон НАТО.

Односите помеѓу Грузија и Русија се однесуваат на спорот околу Јужна Осетија и Абхазија, каде двете земји војувале во 2008 година која резултирала со признавање на двете земји од Русија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „1990 CIA World Factbook“. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2011-04-27. Посетено на 2008-03-09.
  2. Вилијам Одом, колапсот на советската армија, Yale University Press, 1998, стр јануари
  3. 3,0 3,1 LaFeber 2002, стр. 332
  4. LaFaber 2002, стр. 331-333
  5. "Студена војна," Речник на светската историја. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press.
  6. 6,0 6,1 „Timeline: Soviet Union“. BBC. Посетено на 2007-07-22. 1991 25 декември - Gorbachev resigns as Soviet president; US recognises independence of remaining Soviet republics
  7. „Russia“. Lcweb2.loc.gov. Посетено на 2008-11-26.
  8. The poverty line in 1993 was set at the equivalent of $25 per month. The difference in estimates is due to the difference in methodology. The higher poverty rate is based on a calculation of household incomes. The lower rate is based on household consumption, since households tend not to report some portion on the monthly income.
  9. Branko Milanovic, Income, Inequality, and Poverty During the Transformation from Planned to Market Economy (Washington DC: The World Bank, 1998), pp.186–90.
  10. O.P. Orlov; V.P. Cherkassov. „Россия — Чечня: Цепь ошибок и преступлений“ (руски). Memorial. Архивирано од изворникот на 2017-02-09. Посетено на 2011-11-10.
  11. Unity Or Separation: Center-periphery Relations in the Former Soviet Union By Daniel R. Kempton, Terry D. Clark p.122
  12. Allah's Mountains: Politics and War in the Russian Caucasus By Sebastian Smith p.134
  13. Faurby, Ib; Märta-Lisa Magnusson (1999). „The Battle(s) of Grozny“. Baltic Defence Review (2): 75–87.
  14. Чеченските мировни преговори може да продолжат, но цивилните жртви се зголемуваат интензивно Архивирано на 4 мај 2008 г., CNN, 22 јули 1996
  15. Holmstrom, Nancy; Richard Smith (February 2000). „The Necessity of Gangster Capitalism: Primitive Accumulation in Russia and China“. Monthly Review (англиски). Monthly Review Foundation. 51 (09).
  16. "katastroika" definition from Double-Tongued Dictionary
  17. Milne, Seumas (16 August 2001). „Catastroika has not only been a disaster for Russia“ (англиски). The Guardian. Посетено на 17 September 2011.
  18. 18,0 18,1 Arkady Ostrovsky. Father to the Oligarchs Архивирано на 5 јули 2012 г. // The Financial Times, November 13 2004 (перевод inopressa.ru: Отец олигархов)
  19. Экономические обзоры Организации экономического сотрудничества и развития (ОЭСР). «Российская Федерация». М. 1995. С. 54.
  20. «О собственности в РСФСР» от 24/12/1990
  21. Е. Т. Гайдар, Дни поражений и побед
  22. CNN, Профил на руските претседателски кандидати, 1906.http://edition.cnn.com/WORLD/pivotal.elections/1996/russia/candidate.html
  23. CNN, Профил на Генадиј Зјуганов, кандидат за претседател на Руската Федерација, 1996. http://edition.cnn.com/WORLD/9602/russia_zyuganov
  24. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2004-08-05. Посетено на 2011-11-11.
  25. See, e.g., Pekka Sutela, "Insider Privatization in Russia: Speculations on Systemic Changes," Europe-Asia Studies 46:3 (1994), p. 420-21.
  26. „CNN — Pivotal Elections: Russia“. Edition.cnn.com. Архивирано од изворникот 2008-05-08. Посетено на 2008-11-26.
  27. „Russia Special Report“. The Washington Post. March 23, 1998. Архивирано од изворникот на 2013-06-29. Посетено на 2008-11-26.
  28. „Online NewsHour: Boris Yeltsin Wins Presidnetial Elections — July 4, 1996“. Pbs.org. Посетено на 2008-11-26.
  29. Zulys, Audrius. "Toward a Union State of Russia and Belarus". Lithuanian Foreign Policy Review, 2005, p. 149 [1] Архивирано на 23 септември 2015 г.
  30. „Zulys, Audrius. "Toward a Union State of Russia and Belarus", p. 150“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2011-11-12.
  31. Asadova, Nargiz. "An interview with Prime Minister of Kazakhstan Karim Masimov". Originally printed in Kommersant, June 4, 2007, p февруари Translated by Ferghana.Ru [2]
  32. BBC News, "Русија и Белорусија во конфедерација"
  33. 33,0 33,1 33,2 „CIA Site Redirect — Central Intelligence Agency“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2015-07-03. Посетено на 2008-11-26.
  34. Stiglitz, Joseph (April 9, 2003). „The ruin of Russia“. The Guardian. London. Посетено на 2008-11-26.
  35. Справка: правительства РФ с 1992 года // GZT.ru, 12 септември 2007
  36. Sakwa 2008, стр. 333–334
  37. Vladimir Putin & Russia's Special Services Архивирано на 2 јули 2017 г. Gordon Bennet, 2002
  38. Sakwa 2005
  39. Al-Khattab: From Afghanistan to Dagestan, Reuven Paz, International Policy Institute for Counter-Terrorism, 20 September 1999
  40. „The UK & Russia - A Troubled Relationship Part I“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-09-01. Посетено на 2011-11-11.
  41. Murphy, Paul (2004), The Wolves of Islam: Russia and the Faces of Chechen Terror, Potomac Books Inc., стр. 106, ISBN 978-1574888300
  42. DOCUMENTS AND TESTIMONIES
  43. Путин потпиша декрет за утврдување на седиштето за контра-терористичките операции во Северен Кавказ Архивирано на 27 февруари 2005 г. // Независимая газета, 22 јануари 2001
  44. „Globe and Mail, Канада“. Архивирано од изворникот на 2005-11-28. Посетено на 2011-11-06.
  45. „Liberation, Франција“. Архивирано од изворникот на 2005-03-10. Посетено на 2011-11-06.
  46. Washington Post, САД[мртва врска]
  47. „Андре Глуксман: Московската новинарка [[Ана Политковскаја]], која дошола во Грозни за повеќе од 50 пати, го споредува чеченскиот со концентрациониот логор или гето во Варшава“. Архивирано од изворникот на 2008-04-11. Посетено на 2011-11-06.
  48. Путин прогласи еквидистанца од моќта на олигарсите // Независимая газета, 28 февруари 2001
  49. Борис Березовски: Чеченска трага // NEWSru.com, 21 февруари 2006
  50. Boris Berezovsky. The Times
  51. Boris Berezovsky.Profile: The Independent[мртва врска]
  52. 52,0 52,1 52,2 Налоги для богатых? Экономику не пустили в «тень» Архивирано на 19 мај 2010 г. // Прайм-ТАСС, 13 мая 2010
  53. 53,0 53,1 53,2 Барсенков А. С., Вдовин А. И., «История России. 1917—2007» — М.: Аспект Пресс, 2008 — стр. 772
  54. Главните насоки на даночната политика на Руската Федерација во периодот од 2008 до 2010 година // Министерство за финансии на Руската Федерација
  55. 55,0 55,1 Извештаи Архивирано на 18 мај 2011 г. // Минфин РФ
  56. 56,0 56,1 Путин најавува успех во даночната политика // The Wall Street Journal, 26 ноември 2002, на руски
  57. Руско оживување // Financial Times, 30 октомври 2001
  58. Политички гест // Експерт, 24 март 2008
  59. Менаџерите економски се потпираат на Путин // Frankfurter Allgemeine Zeitung, 11 март 2004, на руски[мртва врска]
  60. Анкета овјавена во Газета
  61. „tab1“. Архивирано од изворникот на 2011-02-03. Посетено на 2011-11-07.
  62. „Главни социо-економски индикатори за животниот стандард“. Архивирано од изворникот на 2009-12-06. Посетено на 2011-11-07.
  63. „Економскиот раст во Русија во 2001 година изнесуваше 5,7% - Госкомстат. Агенција за недвижности и комерцијални недвижности. Интерфакс“. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2011-11-07.
  64. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-05-03. Посетено на 2011-11-07.
  65. „РАТЭК — Владата и бизнис:“. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 2011-11-07.
  66. Константин Фрумкин. (23 јуни 2003). „ВВП Сензаионален раст во Русија“. Независен весник. Посетено на 2010-08-14.
  67. „Промени во реалниот БДП“. Архивирано од изворникот на 2011-09-13. Посетено на 2011-11-07.
  68. „ОСНОВНИ СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ПОКАЗАТЕЛИ за животниот стандард“. Архивирано од изворникот 2006-07-15. Посетено на 2006-07-15.
  69. Профил на сиромаштијата во Русија
  70. „ТРГОВСКИ ПРИСТАП. Руските банки се борат со приватните лица“. Архивирано од изворникот 2006-06-19. Посетено на 2006-06-19.
  71. „Ежегодно объём потребительского кредитования в России удваивается“. Архивирано од изворникот на 2011-10-21. Посетено на 2011-11-07.
  72. Странски инвестиции во Русија Архивирано на 13 февруари 2022 г. // Росстат
  73. „Обемот на инвестициите е направено од страна на странските инвеститори, со економска активност“. Архивирано од изворникот 2006-11-06. Посетено на 2006-11-06.
  74. Камара С. Русија го враќа заемот од Светска Банка // Газета.ру, 23 октомври 2007
  75. Девизни резерви на Руската Федерација од 18 април 2008 // Централна банка на Русија
  76. Путин околу националните проекти Архивирано на 27 март 2008 г. // Росбалт, 26 април 2007
  77. „???“. ???. ???. Архивирано од изворникот на 2006-10-10. Посетено на ???. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  78. „???“. Новая газета. ???. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на ???. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  79. Gas "killed Moscow hostages", ibid.
  80. "Moscow court begins siege claims", BBC News, 24 December 2002
  81. „Испуштениот гас е нелегален“. BBC News. 29 октомври 2002.
  82. „www.strana.ru“. Архивирано од изворникот на 2005-09-13. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  83. „nonkill.front.ru“. Архивирано од изворникот на 2007-05-13. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  84. „www.pravdabeslana.ru“. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  85. 85,0 85,1 „new.russian.net.ru“. Архивирано од изворникот на 2007-10-07. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  86. Медицинскиот директор во Москва: Заложниците починале од испуштениот гас, „NEWSru“, 27 октомври 2002 г.
  87. Газ, примененный на Дубровке, засекретили. Депутатам в информации отказали, „NEWSru“, 11 декември 2002 г.
  88. „www.memo.ru“. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 2007. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  89. August 31, 2006: Beslan – Two Years On, UNICEF
  90. Beslan Mothers Stay In Court All Night, The Moscow Times, May 4, 2007
  91. Putin's media censorship Архивирано на 4 ноември 2005 г., The Telegraph, 07/09/2004
  92. The sensational statement of the representative of public prosecutor: "Tanks and flame throwers were used during the storm", Novaya Gazeta 7 април 2005 (Pravda Beslana translation/mirror)
  93. The Aftermath of Beslan Архивирано на 26 октомври 2008 г., Hudson Institute, November 15, 2006
  94. A. Litvinenko: "The identities of the terrorists prove 100% the participation of the FSB in the seizure of the school in Beslan", Chechenpress, 8 September 2004
  95. Beslan mothers: Putin is culpable, Christian Science Monitor, 29 August 2007
  96. Terrorists or Agents? Strange facts about the Beslan tragedy Архивирано на 7 септември 2009 г., Novaya Gazeta, 20 October 2008.
  97. [Путин ја увери на Америка дека во Русија постои демократија]
  98. Опозицијата протестира против укинувањето на изборот на републикански гувернери
  99. Уставниот суд ја прогласи легитимна новата одлука за поставување на гувњернери
  100. Декрет № 295 за статутот на новоизбраниот претседател на Руската Федерација»
  101. „Президент России — гражданам школьного возраста“. Архивирано од изворникот на 2012-01-20. Посетено на 2011-11-09.
  102. „Инагурација на новиот претседател ќе биде на 7 мај 2008 година“. REGNUM. 3 марта 2008. Посетено на 2010-08-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  103. „Официјално мрежно место на кандидатот за претседател Медведев“. Архивирано од изворникот на 2008-09-01. Посетено на 2008-09-01.
  104. Петдневна војна Руско-грузиски конфликт. Преглед. » № 32(785) од 18 август 2008 година
  105. Хронологија на конфликтот. Ден 1 Lenta.ru
  106. „Црвен крст бара евакуирање на повредените“. www.news.bbc.co.uk. Посетено на 18 август 2008.
  107. Изјава за ситуацијата во Јужна Осетија Официјално мрежно место на Претседателот на Руската Федерација 8 август 2008 година
  108. Blomfield, Adrian (6 November 2008). „Vladimir Putin could reclaim Russian presidency within months“. The Daily Telegraph. London.
  109. David Nowak. Putin's return? Russian parliament May allow it[мртва врска], Associated Press, 6 November 2008.
  110. (руски)„Бројот на жртвите од Домодедово се искачи на 37“. RIA Novosti. 24 February 2011. Посетено на 24 February 2011.
  111. „At least 31 killed in Moscow airport blast: Interfax“. AFP. The Brisbane Times. 25 January 2011. Архивирано од изворникот на 2020-01-26. Посетено на 24 January 2011.
  112. „Domodedovo blast: Explosion rocks Moscow's main airport“. BBC News. 24 January 2011. Посетено на 24 January 2011.
  113. „31 человек погиб и 130 пострадали при взрыве в Домодедово“. ITAR-TASS (руски). ITAR-TASS. 24 January 2011. Посетено на 24 January 2011.
  114. „Число пострадавших при взрыве в Домодедово увеличилось до 152 человек“ (руски). RIA Novosti. 24 January 2011. Посетено на 24 January 2011.
  115. Ferris-Rotman, Amie (24 јануари 2011). „Suicide bomber kills 31 at Russia's biggest airport“. Reuters. Посетено на 24 јануари 2011.
  116. „А1 телевизија: Над 30 мртви во нападот на московскиот аеродром“. Посетено на 24 јануари 2011.
  117. „МИА: Одговорните за бомбашкиот напад на Домодедово ќе бидат откриени и казнети“. Посетено на 24 јануари 2011.[мртва врска]
  118. http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2011924154524[мртва врска]
  119. http://www.time.mk/read/9b6878e8d0/a3b4a8e817/index.html[мртва врска]
  120. „Preliminary outcome of the State Duma elections“. RIA Novosti. 5 December 2011. Посетено на 5 December 2011.
  121. Изјава на Генадиј Зјуганов: „Ова се највалкани, најнеодговорни избори. Ако под режимот на починатиот претседател Елцин имаше два начина да се стигне до гласовите - заплашување и лажирање- сега тие измислија најмалку 15 начини за да ги намамат и да ги изневерат гласачите
  122. Гари Каспаров: Тие не само што го лажираат гласањето, тие го силуваат целиот изборен систем
  123. „Хилари Клинтон: Изборите во Русија беа наместени“. www.netpress.com.mk. Посетено на 2011-12-09.[мртва врска]
Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Историја на Руската Федерација“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).