Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пиринска Македонија отсекогаш била дел на етногеографската област Македонија и поради тоа на нејзиното подрачје се случиле повеќе значајни настани од македонската национална историја, од таму потекнуваат многу македонски национални борци, дејци и историски личности кои дејствувале и работеле на подрачјето на Пиринскиот дел на Македонија. Една од најпознатите македонски историски личности од овој дел на Македонија е Јане Сандански, друг познат македонски борец и деец од Пиринско е поетот и револуционер Никола Вапцаров. На подрачјето на Пиринска Македонија е дигнато познатото Македонско востание против турската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, а исто така е изведено и познатото грабнување на америкнаската мисионерка Мис Стон во 1901 година. Уште од античко време на подрачјето на Пиринска Македонија било населувано од античките народи Тракијци, Пајонци и Македонци, а била приклучена и кон царството на Античка Македонија.

Појава на именувањето и терминот Пиринска Македонија[уреди | уреди извор]

Употребата на термиот Пиринска Македонија за прв пат се среќава кај Димитар Влахов, поточно во неговата статија „Македонските Славјани против Хитлер“, објавена во списанието „Славјане“ во Москва на 4 септември 1942 година, а истиот термин од истиот автор повторно ќе биде употребен и во статијата „Македонскиот народ во борба за своето обединување“ што била објавена во истото списание на 4 април 1944 година[1]. Овие изрази што ги употребил Димитар Влахов во споменатите статии, биле прифатени и „верифицирани“ како такви, во материјалите од Второто (односно Првото вонредно) заседание на АСНОМ што било одржано во Скопје од 28 - 30 декември 1944, при што од тогаш па се до денес ќе се задржи именувањето Пиринска Македонија и соодветно Вардарска и Егејска за останатите делови на Македонија во науката, дневниот печат, политиката, секојдневниот живот и културата[2].

Македонско (Кресненско) востание[уреди | уреди извор]

Види Македонско востание

Во селото Кресна на 17 октомври 1878 година е подигнато Кресненското востание на македонскиот народ[се бара извор] против османлиската власт. Востанието во тоа време било наречено Македонско Востание[се бара извор], но подоцна во историската наука оригиналното име било променето во Кресненско востание според местото на одржување на востанието.[се бара извор] Главни раководители на востанието биле македонскиот револуционер[се бара извор] Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов.

Уставот на Македонскиот востанички комитет од 1878 година пишува - Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: Смрт или слобода![се бара извор]. Исто така во уставот пишува дека во Македонија живеат христијани и муслимани Македонци[се бара извор], а се набројани и Турците, Албанците и Власите како жители на Македонија. Сличен документ, но и побитен е Правилникот за македонската војска напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски самиот водач на востанието[се бара извор].

Востанието било планирано да биде општонародно македонско востание и за таа цел биле формирани чети во тетовско, велешко, скопско, леринско, костурско и други краишта во Македонија. Востанието имало и за цел по ослободувањето на Македонија, да се спроведе членот 23 од Берлинскиот мировен договор кој предвидувал автономија, односно Македонија да стане нова независна држава на Балканот[се бара извор].

Пиринска Македонија по Балканските и меѓу двете светски војни[уреди | уреди извор]

Види Прва балканска војна

По завршувањето на Балканските војни, Пиринскиот дел на Македонија заедно со Струмичката област влегуваат во составот на царството Бугарија. Во рамки на Париската мировна конференција по завршетокот на Првата светска војна, со Нејскиот мировен договор од 1919 година, Бугарија го отстапува Струмичко на кралството Југославија, при што Пиринскиот дел на Македонија ги добива границите во кои е определен се до денешни дни. Во периодот по Балканските и меѓу двете светски војни, врз основа на договорите за размена на население помеѓу Бугарија и Грција, значаен број на Македонци од Егејска Македонија се доселува во овие краишта. Исто така, во овој период ВМРО на Тодор Александров, а подоцна и Ванчо Михајлов, ја користат Пиринска Македонија како база и засолниште од каде често се уфрлуваат во Вардарска Македонија извршувајќи вооружени напади врз српската (југословенската) жандармерија, војска како и врз населбите со српски доселеници - колонисти. Дејноста и организираноста на ВМРО на Тодор Александров и Ванчо Михајлов ќе бидат толку големи, што тие во Пиринска Македонија ќе воспостават своја независна власт, за што на крај ќе мора да интервенираат и официјалните бугарски власти под наредба на бугарскиот цар за нејзино отстранување.

Пиринска Македонија во Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна, Пиринска Македонија како дел од Царство Бугарија, прво ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија[се бара извор]. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под раководство на македонскиот комунист од овој крај Никола Парапунов, а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската фашистичка војска[се бара извор] и воопшто првата вооружена битка против фашистичка армија на Балканот. На 1 јули 1941 година, помал партизански одред под водството на Македонецот Иван Козарев ќе ја нападне бугарската фашистичка полиција кај Разлог, со што официјално ќе започне вооружената борба на македонскиот и останатите балкански народи против фашистичките окупатори.[се бара извор] Во периодот на Втората светска војна, Пиринска Македонија и целиот македонски народ ќе го загуби еден од најголеми македонски национални дејци и поети од овој крај Никола Вапцаров, кој ќе биде стрелан од бугарските фашисти во Софија во 1942 година. Во Пиринска Македонија во август 1943 година ќе бидат и забележани првите активности на Македонската народна федерална организација, која поактивно ќе дејствува во периодот на националната афирмација и слобода на Македонците во Пиринска Македонија, од 1944 до 1948 во времето на владеењето на Георги Димитров.

Започнување на процесот за припојување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија[уреди | уреди извор]

Георги Димитров, водачот на Отечествениот фронт и првиот пртеседател на НР Бугарија кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на Разлог, е единствениот бугарски државник кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен словенски народ, македонскиот јазик како посебен словенски јазик, македонската историја и Република Македонија (тогаш Народна Република Македонија) како национална држава на Македонците, туку и се залагал за целосно обединување на Македонија во рамките на Балканска Федерација.

Георги Димитров во своето писмо од 1934 година до МНС од Детроит вели[3]:

Јас се чувствувам нераскинливо врзан со судбината на македонскиот народ и како бугарски пролетерски револуционер и како син на семејство што потекнува од Разлог - долината на историското Илинденско востание ....... Македонското движење има многу непријатели . Меѓутоа, најопасниот негов внатрешен непријател се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам и, пред се бандата на Ванчо Михајлов ...... Не може дада има успешна борбаа против националното угнетување и за ослободување на македонскиот народ без конечно изолирање на македонските маси од таа опасна банда, без полното елиминирање на нејзината јудинска улога во македонското движење и во натрешниот живот на Бугарија (се мисли на ВМРО на Ванчо Михајлов)...... Само единствената револуционерна борба на македонскиот народ во најтесен сојуз со работниците и селаните во Бугарија, Југославија и Грција може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција [4].

Овие свои ставови Георги Димитров подоцна и ќе ги потврди со формулирање на следниве три точки:[се бара извор]

1. Признавање на македонската нација како посебна словенска нација на Балканот и НР Македонија како национална држава на Македонците.

2. Признавање на националните права на Македонците во Пиринска Македонија под управата на Отечествено-фронтовската бугарска држава.

3. Создавање пријателска атмосфера меѓу Југославија и Бугарија и готовност за создавање на јужнословенска федерација во која би влегла и Бугарија како посебна единка со задолжително обединување на Вардарска и Пиринска Македонија која би била седма федерална единица во спомената федерација.

Врз основа на пописот од 1946 година, 70% од населението во Пиринска Македонија се декларирало за Македонци. Тоа било и своевиден плебисцит, па во училиштата во Пиринска Македонија почна да се изведува настава на македонскиот мајчин јазик, отворени беа македонски книжарници, а во Благоевград (Горна Џумаја) почна да работи Македонски народен театар и беше дадена директива да се изработи законски проект според кој таа културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија да се преобрази во територијална[5]. Меѓутоа, со резолуцијата на Информбирото (заладувањето на одосите меѓу СФРЈ и Бугарија), смртта на Георги Димитров и доаѓањето на власт на Тодор Живков сето ова е забрането, поништено и прекинато.[се бара извор][1]

На заседание на партијата (21 април 1948 година) (БРП) околискиот секретар Георги Иванов вели дека ученњето на македонскиот јазик во Пиринскиот крај е многу тешко, бедејки државјаните не мислеле овој процес за нешто естествено, наспроти големиот труд по воведувањето.[6]

Борба за национални права на Македонците во Пиринска Македонија (1989-2005)[уреди | уреди извор]

  • 1989

14.11. - Во Софија е формирано Независно здружение - Македонска организација Илинден (ВМРО - независна), од која подоцна се разви ТМО ВМРО - независна Илинден; лидер: Георги Солунски.

  • 1990

05-06.01. - Основан е Сојузот на македонските културно-просветни друштва (СМКПД) во Бугарија. 11.03. - Мирни демонстрации во Софија на стотина Македонци од Софија и од Пиринска Македонија. Врачена петиција до Народното собрание на НР Бугарија. 14.04. - Во Сандански е формирана Обединетата македонска организација (ОМО) Илинден; лидер: Стојан Георгиев Томовичин. 22.04. - Масовен собир на Македонците крај гробот на Јане Сандански, со учество на околу 10.000 луѓе. Објавена е декларација. 14-15.05. - ОМО Илинден и Илинден (ВМРО) - независна побараа регистрација. Барањата се одбиени. На 6 јуни ОМО-вци во „штафетен штрајк“, применета е полициска сила. 10.06. - Бојкот на првите парламентарни избори во Бугарија. 02.08. - во с. Оштава полицијата го прекина одржувањето на Првиот конгрес на ОМО Илинден, материјалите се запленети, а организаторите притворени.

  • 1991

19.04. - Бугарскиот претседател Желју Желев: „Бугарскиот Устав не го познава статусот национално малцинство“. 20.04. - Оваа, како и сите наредни години, бугарските власти забрануваат собирање на Македонците крај гробот на Јане Сандански. 02.08. - Спречена е прославата на Илинден, активисти на ОМО тепани од страна на бугарската полиција во Kресна. ноември - формирана е Македонската демократска партија; лидер: Славе Македонски.

  • 1992

04-14.12. - На пописот на населението Македонците се повикани слободно да се декларираат како Македонци. ОМО испрати протест до КЕБС.

  • 1993

24.04. - ОМО Илинден е обвинета за тероризам. 18.06. - Уапсен е Георги Солунски - (на 31.10.1995 осуден на затвор). 30.09. - Формиран е Сојуз за просперитет на Пиринскиот дел на Македонија.

  • 1994

10.03. - Лидерот на ОМО Илинден, Јордан Костадинов, на прес-конференција во Софија побара статус на автономна област за Пиринска Македонија. Остри реакции од бугарска страна. 05.10. - Во селото Мусомишта, Неврокопско, е формирана ОМО ИЛИНДЕН - Демократско движење. Лидер - Иван Сингартијски. 15.04. - При обид да разлепат летоци за чествувањето на годишнината од смртта на Јане Сандански, тројца припадници на ОМО Илинден се тепани од полицајци во Благоевград. 23.04. - Полицијата не дозволува на група од околу 100 луѓе да чествуваат, блокирајќи го патот кон неговиот гроб кај село Хотово. 31.07 - Полицијата, ја блокира местноста "Самуилова крепост", за да го спречи чествувањето на годишнина од Илинденското востание од ОМО Илинден.[2]

  • 1995

17.03. - ОМО Илинден ја обвини Бугарија пред Европскиот суд. Април - луѓе на ОМО Илинден прв пат се пуштени слободно до гробот на Јане Сандански. 26.07. - Четворица активисти на организацијата се уапсени при разлепување на летоци за прослава на Илинденското востание кај "Самуилова крепост". Настанот е забранет и оневозможен.[3] 31.10. - Георги Солунски е осуден на 2 години и 8 месеци затвор за "дръзко хулиганство". На судењето не се пуштени набљудувачи. 02.12. - Одржан е Вториот конгрес на ОМО Илинден за обединување.

  • 1996

04.02. - Во с. Мусомишта е спречен собир на ОМО Илинден-ДД. 04.05. - Во Благоевград се уапсени 12 припадници на ОМО Илинден. 08.06. - Во Сандански се уапсени 25 лица од ОМО Илинден. Истиот ден во Петрич се уапсени други 6 лица од организацијата, а во Благоевград уште 11.8.06. - Спречено е одржувањето на конгресот на ОМО Илинден закажан во Американскиот универзитет во Благоевград. На 10.06. 6 лица од истата група наново се уапсени во Благоевград, а други 30 лица се предупредувани дека ќе бидат уапсени.[4] Обиди за избор на ново раководство на ОМО. 21.10. - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во Стразбур.

  • 1997

20.04. - Активисти на ОМО Илинден не се пуштени од полицијата до гробот на Јане Сандански кај Роженскиот манастир. Собирот е забранет од окружниот прокурор и кметот на град Сандански. Автобус со 30 луѓе е сопрен кај село Лозеница и вратен назад. Двајца Македонци се жалат дека се тепани од полицајци кај село Ново Делчево. Едниот го документира со медицинско сведоштво. 05.05. - Уапсени се 15 луѓе од ОМО Илинден при обид аа чествување 94-годишнината от смртта на Гоце Делчев. Во почетокот на август полицијата блокира чествувањето од ОМО Илинден на годишнината од Илинденското востание кај "Самуилова крепост" близо Петрич. 12.08. - ОМО Илинден бара Бугарија да ја потпише „Рамковната конвенција за националните малцинства“, без интерпретативна клаузула, како и спроведување попис на населението во Бугарија. 28.08. - На граничниот премин "Станке Лисичково", на враќане од Охрид на Георги Христов му се одземени 31 книги со мотив дека тие се "с промакедонско националистическо съдържание". 28.09. - Одржан е конгрес на ОМО Илинден - центар. Во почетокот на септември двајца полицајци од Благоевград пребаруваат печатница на „Народна Волја“ и конфискуваат негативи на весникот. На почетокот на октомври во Благоевград полицајци наново пребаруваат печатницата не весник "Народна волја". Конфискувани се два материјала.[5]


  • 1998

28.02. - Во градот Гоце Делчев е одржан Обединувачки конгрес на фракциите и на групите на ОМО Илинден (со исклучок на групата на Јордан Костадинов). 29.07. - Европската комисија за човековите права ја разгледа и ја прифати тужбата на ОМО Илинден против Република Бугарија и ја упати до Европскиот суд во Стразбур. 14.08. - Во Софија е одново регистрирана ТМО-ВМРО- независна, на лидерот Георги Солунски, но не како политичка организација. 03.09. - ново крило на ОМО Илинден во Ќустендил, именувано како ОМО „Македонија“ - претседател Крум Малинов. 13.11. - Судот во Благоевград ја одби регистрацијата на ОМО Илинден (претседател Јордан Костадинов). Сите пројави на организираните Mакедонци се забрането. Неколку лица се уапсени,а Васил Ѓуџемов, от село Ново Лески, Неврокопско, е тепан при што се му искршени предните заби. Јордан Тошев е уапсен кај Самуиловата тврдина, поради тоа што фрлил цвеќа во нозете на полицајците.[6]

  • 1999

12.02. - Градскиот суд на Софија ја регистрира ОМО Илинден - Партија за економски развиток и за интеграција на населението (Пирин) како политичка партија - претседател Иван Сингартијски. 16.02. - Протестна декларација од ОМО Илинден - Пирин по повод проектот на бугарско-македонската декларација, потпишана на 21 февруари во Софија од премиерите Георгиевски и Иван Костов во Софија 24.12. - Двајца кандидати на ОМО Илинден - Пирин се избрани на локалните избори за кметови на селата Мусомишта и Ново Лески.[7]

  • 2000

26.02. - Во Кресна - прв легален конгрес на ОМО Илинден-Пирин. 29.02. - Уставниот суд на Бугарија ја прогласи за неуставна ОМО Илинден-Пирин. Лидерот Сингартијски најавува тужба до Европскиот суд во Стразбур.[8]

  • 2001

02.10. - ЕСЧП во Стразбур прв пат ја осудува Бугарија по делото Станков и ОМО-Илинден против Бугарија.[9]Но Бугарија не го прекинува притисокот врз Македонците.[10] ОМО Илинден и ОМО Илинден-ПИРИН се пуштени до горбот на Јане Сандански, но се повеќе пати провоцитани од полицијата и нејзините агенти, а Ангел Тренев е уапсен и заплашуван со парична казна.[11]

  • 2002

12.09. - При обид да поднесат цвеќа на Денот на геноцид на Македонците во Благоевград, Македонците се нападнати од националистички групи (повеќето дојдени надвор од Пиринска Македонија), организирани од ВМРО. Некои од активистите се тепани, нивни предмети оштетени. Полицијата не реагира на насилствата, иако присуствува на настанот. 12.12. - Софијски градски суд одкажува да регистрира ОМО-ПИРИН.[12]

  • 2003

Во март Софијскиот градски суд одкажува да регистрира нова политичка партија - „Обединена македонска обштност - партија за интеграција, развитие и икономически напредък“, или ОМО ПИРИН, создадена пред локалните избори.[13]

  • 2004

Со исклучок на традициониот собир кај Рожен (дозволен само за 2 часа), другите пројави на организираните Македонци се забранети. ОМО Илинден ја тужи Бугарија во Стразбур. [14]

  • 2005

31.07. - ОМО Илинден одржува митинг на „Самуилова крепост“, иако е забранет. Полицијата не го спречува, но ги слика сите учесници, а тројца што биле прв пат на сличен настан се повикани во полициската станица и заплашувани. 12.09. - Полицијата во Благоевград не дозволува активисти на ОМО Илинден да положат свежо цвеќе на паметникот на Гоце Делчев во градот. Полицајци одземаат четири од нивните знамиња и един постер, а подоцна и един венец со лента, демонстративно уништен на плоштадот. На Борис Павлов му е наложена парична казна. На враќање од Благоевград групата македонски активисти се нападнати от неидентифицирани лица при обид да поднесат цвеќа на един паметник во село Черниче. По нив се фрлани камења. Напаѓачите ги сокриле табличките на колата да не се гледаат. Се знае дека тоа е организирано од софијската ВМРО[се бара извор].[15] Бугарија три пати е осудена од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. 20.10. - На ОМО Илинден и Иванов против Бугарија и на ОМО Илинден - Пирин против Бугарија.[16] 24.11. - ЕСЧП - Иванов и други против Бугарија.[17]

Македонски борци и херои од Пиринска Македонија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Јотевски, Васил. Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5
  2. Јотевски, Васил. Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5
  3. Ташковски, м-р Драган. За Македонската нација. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр.12
  4. Ташковски, м-р Драган. За Македонската нација. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр.13
  5. Ташковски, м-р Драган. За Македонската нација. НИК „Наша книга“, Скопје, 1976. стр.14-15
  6. Съвещание на околийските секретари на БРП (к) от Пиринския край, 21 април 1948


Надворешни врски[уреди | уреди извор]