Историја на Колумбија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дел од серијалот за Колумбија

Историја на Колумбија

Coat of arms of Colombia.svg

Домородни Народи во Колумбија
Колонијаленa Колумбија
Ново Кралство Гранада
Поткралство Нова Гранада
Одединета Гранада
Голема Колумбија
Република Нова Гранада
Гранадска конфедерација
Илјадодневната војна
Колумбија

Портал:Колумбија

Во 1514 година, Шпанија започнала постепено да го колонизира регионот на денешна Колумбија. Преку Санта Марта (основана на 29 јули 1525 година од страна на шпанскиот конквистадор Родриго де Бастидас) и Картагена (1533), започнала колонизацијата на Јужна Америка. Започнувајќи во 1536, конквистадорот Гонзало Џименез де Квесада најпрвин ги истражил регионите кои се наоѓале покрај реката Магдалена, па подоцна ги покорил народите кои го зборувале јазикот Чибча. Потоа бил основан градот Санта Фе де Богота (околу 1538 година, денешна Богота) и регионот бил наречен 'El nuevo Reino de Granada', кое во превод значи новото царство на Гранада. По победата на Себасијан де Белалцезар била воспоставена шпанска власт. Во почетокот, најголем проблем било начинот на кој ќе се владее во новото кралство, односно кој ќе ја спроведува извршната власт. Но, набргу проблемите биле надминати и новото кралство започнало да функционира.

Вицекралството Нова Гранада претставувало вицекралство кое постоело во периодот од 17171724, 17401810, и 18151819 година. Кралството ги опфаќало северните делови од денешните држави: Колумбија, Еквадор, Венецуела, Панама, Гвајана, Костарика и Тринидад и Тобаго. Ова кралство е наследник на Ново Кралство Гранада, кое опстојувало во 16 век. Но, на 27 мај 1717 година (со прекратување помеѓу 1712-1739) станало самостојно вицекралство кое било директно подчинето на кралот на Шпанија.[1] Престолнината на ова кралство била Богота. Во 1810 година тоа станало независно од Шпанија, но веќе во 1816 година повторно било заземено од Шпанија. По само три години, овие територии конечно се одделиле од зависноста на Шпанија, притоа создавајќи ја новата држава - Голема Колумбија. По нејзиното реаспаѓање во 1831 година, денешната држава Колумбија се викала Република Нова Гранада и тоа име го носела до 1863 година.

Независноста од Шпанија, Колумбија ја добила во 1819 година. Во 1525 година, Шпанците го основале првиот европски град на континентот, во крајбрежјето на Карипско море. Постепено, тие започнале да добиваат голема контрола над територијата и во 1538 година бил основан градот Санта Фе (денес, Богота). Во 1810 година, жителите на административниот центар Богота прогласиле независност. Водени од Симон Боливар и Франсиско Сантандер, тие извојувале победа во 1819 година, кога била основана Голема Кoлумбија, која се распаднала во 1831 година, кога од нејзината територија се создале две нови држави: Нова Гранада и денешната Колумбија. Панама била составен дел од Колумбија до 1903 година, кога се отцепила.

Демократијата во Колумбија била воспоставена со многу крвопролевања, со започнување на две граѓански војни. Така, во текот на 19 век избувнале неколку големи судири меѓу конзервативната и либералната партија при што овие судири станувал сè покрвави онака како што партиите станувале поголеми. Најголемата граѓанска војна била позната како „Војна на илјада денови“ (La Guerra de los Mil Dias), која завршила со потпишувањето на Неерландскиот договор во 1902 година, а следната година, Панама се стекнала со независност.[2] Во 1957 година бил основан Националниот Фронт при што најголемите партии во Колумбија се договориле да владеат заедно, што не било прифатено од месното население и тоа довело до создавање на комунистичките движења кои до ден денешен влијаат врз политичкиот живот на Колумбија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (шпански) El archipiélago de Los Monjes y las relaciones diplomáticas con Venezuela: El Virreinato
  2. Gabrijel Garsija Markes, Pukovniku nema ko da piše. Beograd: Sezam Book, 2012, стр. 44.