Историја на Евреите во Босна и Херцеговина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Star of David.svg Menorah7a.png
Евреи · Портал „Јудаизам“
Кој сѐ е Евреин? · Етимологија · Култура
Јудаизам · Главни начела
Танах (Петокнижие / Пророци / Хагиографии)
Талмуд · Халаха · Празници · Молитва
613 Мицви · Обичаи · Мидраш
Еврејски етнички поделби
Ашкенази · Сефарди · Мизрахи
Еврејски населенија (Список)
Израел · САД · Русија/СССР · Шпанија
Канада · Германија · France · Англија
Латинска Америка · Полска · Македонија · Муслиманските земји
Список на евреи по земји · Список
Верска поделба
Ортодоскни · Конзервативци · Реформиран
Реконструктивистички · Либерали · Караимство · Алтернативен
Еврејски јазици
Хебрејски · Јидиш · Ладино · Џидски
Јудеоарамејски · Јудеоарапски
Еврејски политички движења
Ционизам (Трудов / Генерален / Ревизионистички)
Timeline · Сидкикатот · Кибуци
Историја · Хронологија · Воидачи
Ancient · Храмот · Вавилонско прогонство
Ерусалим (во јудаизмот · Времеплов)
Хасмонејци · Синедрион · Шизми
Еврејско-римски војни · Фарисеи
Дијаспора · Среден век · Под исламот
Haskalah · Хасидизам · Еманципација
Aliyah · Холокауст · Современ Израел
Арапски конфликт · Разоружување
Прогонства на Евреите (погроми)
Антисемитизам (Историски / Современ)
Предлошкава
Босански Евреи
Bosanski Jevreji
יהודים בוסניים
Europe-Bosnia and Herzegovina.svg
Местоположба на Босна и Херцеговина (зелено) во Европа
Вкупен број
281
Јазици
босански, еврејски, јидиш, ладино
Вероисповед
Јудаизам

Историјата на Евреите во Босна и Херцеговина се протега од доаѓањето на првите босански Евреи како резултат на шпанската инквизиција до опстанокот на босанските Евреи низ Југословенските војни и холокаустот. Јудаизмот и еврејската заедница во Босна и Херцеговина има една од најстарите и најразновидните истории во поранешните југословенски држави и е стара повеќе од 500 години, во смисла на трајно населување. Тогаш како самоуправна провинција на Отоманското Царство, Босна била една од ретките територии во Европа што ги пречекала Евреите по протерувањето од Шпанија.

На својот врв, еврејската заедница во Босна и Херцеговина броела помеѓу 14.000 и 22.000 членови во 1941 година. Од нив, од 12.000 до 14.000 живееле во Сараево, што претставува 20% од населението на градот.[1]

Денес, во Босна и Херцеговина живеат 281 Евреи, признати како национално малцинство. Тие претежно имаат добри односи со своите соседи кои не се евреи.[2][3][4]

Еврејска двојка од Сараево во традиционална облека. Фотографија направена во 1900 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Рабинот Јуда Алкалај и неговата сопруга Естер во Виена во 1874 година

Османлиско владеење[уреди | уреди извор]

Првите Евреи пристигнале во Босна и Херцеговина во периодот од 1492 до 1497 година од Шпанија и Португалија.[5] Додека десетици илјади Евреи побегнале од шпанската и португалската инквизиција, султанот Бајазит II ги поздравил Евреите кои биле во можност да стигнат до неговите територии. Евреите Сефарди кои бегале од Шпанија и Португалија биле населени во Босна и Херцеговина, Македонија, Тракија и други области на Европа кои биле под османлиска контрола. Евреите од Отоманското Царство започнале да пристигнуваат во најголем дел во 16 век, населувајќи се главно во Сараево. Првите Евреи Ашкенази пристигнале од Унгарија во 1686 година, кога османлиските Турци биле протерани од Унгарија [6] Меѓу нив бил и Цви Ашкенази, кој останал во Сараево три години како рабин. Еврејската заедница напредувала во Босна, живеејќи рамо до рамо со босанските муслимански соседи, како еден од најголемите европски центри за Сефардите надвор од Шпанија.[2]

Евреите во Отоманското Царство биле генерално добро третирани и според законот биле признати како немуслимани. И покрај некои ограничувања, еврејските заедници на Отоманското Царство напредувале. Тие добиле значителна автономија, со различни права, вклучувајќи го и правото да купуваат недвижен имот, да градат синагоги и да вршат трговија низ Отоманското Царство.[7] Евреите, заедно со другите немуслимански поданици на Отоманското Царство, добиле целосна еднаквост според османлискиот закон до 1856 година.

Во доцното османлиско време, сараевскиот рабин, Јуда Алкалај, имал значајна улога како претходник на современиот ционизам, залагајќи се за обновување на Евреите во Израелската земја.

Хабсбуршка управа[уреди | уреди извор]

Синагогата Сараево во 1914 година на бреговите на Миљачка

Австро-Унгарија ја окупирала Босна и Херцеговина во 1878 година. Многумина професионални, образовани Евреи Ашкенази пристигнале со Австро-Унгарците. Евреите Сефарди продолжиле да се занимаваат со нивните традиционални области, главно со надворешна трговија и занаетчиство.

Сефардските Евреи сигурно имале посилна улога во БиХ, имајќи предвид дека само во Сараево, Бања Лука и Тузла биле активни одделни заедници Ашкенази, додека Тузла била единствениот град во кој Ашкеназите биле многубројни (таму се родил Хилде Залосер). Во овој период, Моше бен Рафаел Атијас се истакнал како научник на исламската вера и на средновековната персиска литература.

Кралство Југославија[уреди | уреди извор]

Лаура Папо Бохорета

По крајот на Првата светска војна дошло до распаѓање на Австроунгарија и по војната Босна и Херцеговина била вклучена во составот на Кралството Југославија. На пописот од 1921 година, ладино бил мајчин јазик на 10.00 од вкупно 70.00 жители на Сараево.[8] До 1926 година, во Босна и Херцеговина имало 13.000 Евреи.[1]

Босанската еврејска заедница останала активна по обединувањето на Југославија. Во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век, Калми Барух бил пионер на сефардските студии и шпанска студија и еминентен левичарски интелектуалец. Даниел Озмо бил активен во Белград како прогресивен сликар и графичар. Исак Самоковлија, исто така, ја започнал својата книжевна кариера во 30-тите години на минатиот век, која ја продолжил и по војната. Лора Папо Бохорета била активна феминистка и писателка.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

Внатрешност на стариот храм во Сараево (пред 1940 година)

Во 1940 година, во Босна и Херцеговина имало приближно 14.000 Евреи, а 10.000 живееле во Сараево.

Со инвазијата на Југославија во април 1941 година од страна на нацистите и нивните сојузници, Босна и Херцеговина била вклучена под контрола на Независна Држава Хрватска, нацистичка марионетска држава. Со НДХ раководеле озлогласените антисемитистичкки Усташи, кои веднаш по вопоставувањето на контролата започнале со протерување на нехрватското население, кое главно ги вклучувало Србите, Евреите и Ромите .

На 22 јули 1941 година, Миле Будак – висок министер во хрватската влада и еден од главните идеолози на Усташите [9] – изјавил дека целта на Усташите е истребување на „странските елементи“ од Независната Држава Хрватска. Неговата порака била едноставна: „Основата за усташкото движење е религијата. За малцинствата како што се Србите, Евреите и Ромите, имаме три милиони куршуми. „Во 1941 година, Анте Павелиќ – водач на усташкото движење, изјавил дека „Евреите ќе бидат ликвидирани за многу кратко време“.

Во септември 1941 година започнале депортациите на Евреите, при што повеќето босански Евреи биле депортирани во Аушвиц (многумина најпрвин во концентрациониот логор Крушица) или во концентрационите логори во Хрватска. Усташите поставиле концентрациони логори во Керестинац, Јадовна, Метајна и Слана. Најозлогласениот, каде што биле извршувани сурови погубувања од незамисливи размери врз еврејските и српските затвореници, бил оној во Паг и Јасеновац. Само во Јасеновац биле убиени стотици илјади луѓе (претежно Срби ), вклучувајќи 20.000 Евреи.[10]

До крајот на војната, 10.000 од вкупно 14.000 луѓе припадници на босанската еврејска популација биле убиени.[1] Повеќето од 4.000 кои преживеале поради нивното учество во составот на југословенските, еврејските или советските партизани [11] или со бегство во контролираната зона на Италија (приближно 1.600 избегале во контролираната италијанска зона на далматинскиот брег - меѓу нив Флори Јагода). Еврејските припадници на Југословенската армија станале германски воени заробеници и ја преживеале војната. По војната се вратиле во Сараево. Аврахам Леви-Лазарис, кој емигрирал во Бразил, станал истражувач на првите рудници за дијаманти во Рондонија, додека Мојсеј Леви-Лазарис (1944–1990), машински инженер, станал поддржувач на Троцки.

Праведен меѓу народите од Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Луѓето од Сараево им помогнале на многу Евреи да побегнат или да се ексфилтрираат. Приказните за семејствата Хардага и Кабилио [12] како и за семејствата Собер-Драгоје и Бесревиќ [13] станале особено значајни по војната. Праведните меѓу народите од Босна и Херцеговина се оние Босанци кои од Меморијалот Јад Вашем биле почестени како праведни меѓу народите, т.е. нееврејски лица кои ги искористиле своите животи за да ги спасат Евреите од убиство. Четириесет и двајца Босанци ја добиле титулата Праведен меѓу народите.[14]

Социјалистичка Југославија[уреди | уреди извор]

Оскар Данон за време на вежбање со Симфонискиот оркестар Марибор во 1961 година

Еврејската заедница на Босна и Херцеговина била реконструирана по холокаустот, но повеќето преживеани избрале да емигрираат во Израел. Заедницата била под покровителство на Федерацијата на еврејски заедници во Југославија, со седиште во главниот град, Белград .

Еврејските личности останале истакнати во социјалистичката Босна и Херцеговина. Цвјетко Рихтман бил првиот директор на сараевската опера во 1946–1947 година; неговиот син Ранко подоцна бил дел од сараевската рок-група Индекси. Оскар Данон исто така постигнал слава како композитор и диригент за време на Југославија. Ернест Грин бил еден од водечките југословенски медицински доктори и член на Академијата на науките и уметностите во Босна и Херцеговина. Емерик Блум, основач на Енергоинвест, бил градоначалник на Сараево од 1981 до 1983 година и член на Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри 1984 година. Иван Черешнјес бил активен како архитект, надгледувајќи ги реставрациите на еврејските згради и места, вклучително и Сараевската синагога, храмот Кал Нуево и Старите еврејски гробишта од 16 век во Сараево, чиј проект требаки да го претстави 24 часа пред да започне војната во март 1992 година.

Во раните 90-ти, пред Југословенските војни, еврејското население во Босна и Херцеговина било над 2.000,[1] и односите меѓу Евреите и нивните соседи католички, православни и муслимани биле претежно добри.

Војна во Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Еврејската заедница на Босна и Херцеговина била предводена од Иван Черешнјес од 1992 година до неговата емиграција во Израел во 1996 година.[15][16][17][18] Неговиот мандат се совпаднал со Босанската војна од 1992 – 1995 година.[19] Кога српската армија под опсада ги окупирала еврејските гробишта во Сараево, Иван Черешнјес и дал дозвола на Армијата на Република Босна и Херцеговина да ги бомбардира гробиштата.[20] Се тврди дека една од причините што Израел финансирал и им обезбедувал оружје на Србите за време на Босанската војна е што еврејската заедница во Сараево да му дозволувала алија на Израел.[21]

Еврејското хуманитарно друштво во Сараево, „ Ла Беневоленција“, исто така, им помагало на илјадници опсадени жители на Сараево, снабдувајќи храна, лекови и поштенски и радио комуникации.[22][23] Черешнјес изјавил за еден локален весник дека несектаријанскиот обид за помош е делумно гест на благодарност до локалните муслимани кои ги криеле Евреите за време на нацистичката окупација на Југославија.[24] По почетокот на војната, Ла Беневоленција му помогнала на американскиот еврејски заеднички дистрибутивен комитет во евакуацијата на 2.500 жители на Сараево, од кои само една третина биле Евреи. Вкупно имало 11 евакуации, три воздушни во војната и осум од конвој со автобуси откако аеродромот бил затворен за цивилен сообраќај. Додека другите колони биле запрени, конвоите на Черешнјес се пробиле, бидејќи персоналот од Заедницата преговарал за прекинување на огнот за да се обезбеди безбеден пренос.[25]

Во 1997 година, еврејското население во Босна и Херцеговина изнесувало 600, од кои околу половина живееле во Сараево.[26] Повеќето Евреи што ги напуштиле Сараево и Босна избрале да останат во Израел по завршувањето на војните, иако некои се вратиле а други се преселиле на друго место, како што е Роберт Ротбарт (роден како Борис Кајмаковиќ).

Независна Босна и Херцеговина[уреди | уреди извор]

Свен Алкалај, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина од 2007 година до 2012 година.

Еврејската заедница во Босна и Херцеговина ја води Јакоб Финци од 1995 година. Уставот на Босна и Херцеговина резервира одредени врвни политички позиции, вклучително и оној на Претседателот на Босна и Херцеговина и членови на Горниот Дом на земјата и членовите на трите конститутивни народи (Бошњаци, Хрвати и Срби). Во 2009 година, Европскиот суд за човекови права основан во Сејдиќ и Финци против.Босна и Херцеговина пресудил дека Уставот на земјата ја крши Европската конвенција за човекови права. Договорот меѓу политичките партии за соодветно изменување на Уставот сè уште се чека, без оглед на меѓународниот притисок.[27] Ова не ги спречило босанските Евреи да постигнат истакнати позиции: меѓу нив, Свен Алкалај бил министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина од 2007 до 2011 година.

Култура[уреди | уреди извор]

Сараевската хагада

Сараевска хагада[уреди | уреди извор]

Сараевската хагада е илуминиран ракопис од 14 век, кој делумно успеал да преживее до денес. Историчарите веруваат дека тој бил изнесен од Шпанија од шпански Евреи кои биле протерани од инквизицијата во 1492 година. Белешките на маргините на Хагада укажуваат на тоа дека била направена во Италија во 16 век и продадена на националниот музеј во Сараево во 1894 година од страна на еден човек по име Жозеф Коен.

За време на Втората светска војна, ракописот бил скриен од нацистите од страна на д-р Јозо Петровиќ, директорот на градскиот музеј [28] и Дервиш Коркут, главниот библиотекар, кој ја прошверцувал Хагада на муслимански свештеник во планинско село во близина на Трескавица, каде била скриена во џамијата меѓу Куранот и други исламски текстови.[29] За време на босанската војна од 1992 до 1995 година, кога Сараево бил под постојана опсада од силите на босанските Срби, ракописот преживеал во трезорот под земја.

После тоа, ракописот бил обновен преку специјална кампања финансирана од Обединетите нации и босанската еврејска заедница во 2001 година и бил изложен во музејот во декември 2002 година.[2]

Синагоги[уреди | уреди извор]

Внатрешност на сараевската синагога Ашкенази
Синагога во Добој

Најстарите синагоги во Босна и Херцеговина ги изградила сефардиската заедница во 16 век. За време на австроунгарскиот период, новата заедница Ашкенази, исто така, изградила свои храмови, честопати прифаќајќи го архитектонскиот стил на неомаварската преродба, како во случајот со сараевската синагога. Повеќето од нив биле уништени за време на Втората светска војна, вклучувајќи го и сараевскиот Ил Кал Гранде.[30] Четири синагоги остануваат во Сараево:

  • Стариот храм (Stari Hram/Kal Vježu, познат и како Сијавуш-пашина даира или Велика Авлија): Познато е дека синагогата заедно со големиот конак со име Големиот двор биле изградени во 1581 година со донација на турскиот Бејлербеј Сијамуш-паша да им помогне на сиромашните членови на еврејската заедница во Сараево. Синагогата преживеала два пожари во 1697 и 1768 година. Тековниот изглед на храмот произлегува од реставрациите / реновирањата во 1821 година. Денес служи како еврејски музеј.
  • Новиот храм (Novi Hram/Kal Nuevo): Изграден покрај стариот храм, денес служи како уметничка галерија во сопственост на еврејската заедница во Сараево.
  • Синагогата Бјелава (Kal Di La Bilava): За време на Втората светска војна, зградата била одземена од усташките сили и се користела како затвор.
  • Сараевска синагога: Дизајнирана од Карел Пашик и изградена во 1902 година за растечката заедница Ашкенази во архитектонски стил нанеомаварска архитектура .

Во остатокот од земјата, некои синагогски згради се зачувани и реновирани (како што е во Добој ), но тие не служат за домаќини. Еврејскиот културен центар Арие Ливн е отворен во Бања Лука во 2015 година.

Гробишта[уреди | уреди извор]

Поглед од Старите еврејски гробишта, Сараево
  • Стари еврејски гробишта, Сараево
  • Еврејски гробишта Рогатица: основани во 1900 година, каде се наоѓаат 16 надгробни споменици, плус уште 10 други, веројатно постари, камења потонати во земјата. Гробиштата држат натписи на хебрејски, ладино и српско-хрватски јазик. Постои и спомен-обележје за жртвите во Втората светска војна.[31]
  • Место за погребување на рабинот Моше Данон во Столац (1832 година, Сараевската мегила), обновена во 1990-1991 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Bosnia-Herzegovina“. Jewish Virtual Library. Посетено на 24 April 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 Makovi, Michael (10 November 2009). „Sarajevo Rose: A Balkan Jewish Notebook“. Jewcy. Архивирано од изворникот на 2010-02-09. Посетено на 30 May 2015.
  3. „Popis stanovništva, domaćinstava i stanova u Bosni i Hercegovini ETNIČKA/NACIONALNA PRIPADNOST, VJEROISPOVJEST I MATERNJI JEZIK“ (PDF). Popis 2013. 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 25 July 2020. Посетено на 15 September 2020.
  4. "יודן" וצלבי קרס על מבנים בבוסניה“. ערוץ 7 (хебрејски). Посетено на 2021-01-16.
  5. „BOSNIA“. JewishEncyclopedia.com. Посетено на 24 April 2012.
  6. Buda
  7. "Macedonia and the Jewish people", A. Assa, Skopje, 1992, p.36
  8. El español en el mundo. Anuario 2004. El español en Bosnia-Herzegovina. Situación de los estudios de español fuera de la Universidad de Sarajevo, Sonia Torres Rubio.
  9. Mile Budak
  10. Jews of Yugoslavia 1941–1945 Victims of Genocide and Freedom Fighters, Jasa Romano, p7
  11. „Remembering the Past – Jewish culture battling for survival in Macedonia, Zhidas Daskalovski“. Ce-review.org. Архивирано од изворникот на 2019-03-01. Посетено на 24 April 2012.
  12. [1]
  13. [2]
  14. http://www.yadvashem.org/yv/de/righteous/statistics.asp
  15. „The Destruction of the Memory of Jewish Presence in Eastern Europe; a Case Study: Former Yugoslavia – Interview with Ivan Ceresnjes“. Jerusalem Center for Public Affairs. December 2008.
  16. Serageldin, Ismail; Shluger, Ephi; Martin-Brown, Joan (January 2001). Historic Cities and Sacred Sites: Cultural roots for urban futures. World Bank Publications. стр. 313. ISBN 0-8213-4904-X.
  17. Schwartz, Stephen (2005). Sarajevo Rose: A Balkan Jewish notebook. Saqi. стр. 70ff. ISBN 0-86356-592-1.
  18. Davico, Leon (June 1993). „Passover in Sarajevo“. UNESCO Courier.
  19. Schwartz, Stephen (2 January 2004). „Historic Cemetery in Serbia Desecrated“. The Forward.
  20. Allen, Beverly (February 1996). Rape Warfare: The hidden genocide in Bosnia-Herzegovina and Croatia. University of Minnesota Press. стр. 14. ISBN 978-0-8166-2818-6.
  21. https://www.niod.nl/sites/niod.nl/files/II%20-%20Intelligence%20and%20the%20war%20in%20Bosnia%201992%20-%201995%20-%20The%20role%20of%20the%20intelligence%20and%20security%20services.pdf
  22. Shanker, Thom (10 October 1994). „Do Unto Others: In the midst of Bosnia's ethnic bloodbath, innocents find a lifeline in the Jewish community“. Chicago Tribune.
  23. Polonovski, Max (2002). Le Patrimoine Juif Europeen Actes Du Colloque International Tenu a Paris, Au Musee D'Art Et D'Histoire Du Judaisme, Les 26, 27 Et 28 Janvier 1999: Actes Du Colloque International Tenu a Paris, Au Musee D'Art Et D'Histoire Du Judaisme, Les 26, 27 Et 28 Janvier 1999. Peeters. стр. 44. ISBN 90-429-1177-8.
  24. Gay, Lance (10 April 1993). „Jews Repay Bosnian Muslims“. The Vindicator. Архивирано од изворникот на 12 August 2011.
  25. London, Charles (2009). Far From Zion: In search of a global Jewish community. William Morrow and Company. стр. 137. ISBN 978-0-06-156106-1.
  26. „The Jewish Community of Sarajevo“. The Museum of the Jewish People at Beit Hatfutsot.
  27. Bosnia Jew seeks to reverse ban on running for president, Haaretz, 5 June 2009
  28. Unsung Heroes of the Holocaust at Catholic Online
  29. Geraldine Brooks, Chronicles, "The Book of Exodus," The New Yorker, 3 December 2007, p. 74
  30. Heritage & Heritage Sites - Bosnia and Herzegovina
  31. ROGATIČKI JEVREJI

Надворешни врски[уреди | уреди извор]