Историја на Евреите во Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историјата на Евреите во Битола достигнува две илјади години. Битолскиот вилает бил отомански вилает, создаден во 1864 година, опфаќајќи територии во денешна Албанија, Македонија (една од државите наследнички на поранешна Југославија, од која прогласила независност во 1991 година) и Грција

На 11 Март, 1943 година, Еврејската заедница во Битола, историски најголемата Еврејска заедница во Македонија биле депортирани. Евреите кои го пронаоѓаат своето потекло кон македонскиот град познат уште од 1913 година како Битола, продолжуваат да го нарекуваат градот со името што го носело со векови на османлиското владеење:Османлиското владеење.

Помеѓу 1941 и 1944 година, Бугарија во сојуз со нацистичка Германија, ја окупирала југословенската покраина Македонија. На 11 март 1943 година, во соработка со Германците, бугарските воени и полициски службеници заробиле 3.276 еврејски мажи, жени и деца од Битола, ги депортирале на територија под контр.ола на германците и ги предале на германски службеници. Германците го транспортирале еврејското население од Битола и околината до нивната смрт во Треблинка, како дел од нивниот план да ги убијат сите европски Евреи.

Според списокот објавен во изданието на Историскиот Архив од Битола „11 март 1943- 1958“ наведени се 69 еврејски семејства со вкупно 3.013 депортирани Евреи[1].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовски - Цолев, Ѓорѓи. „Нови сознанија за депортираните Евреи од Битола“ (PDF).[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]