Историја на Виница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Првите траги од постоење на населени места и организирано живеење во Виница се пронајдени од железното време. На просторот на Виница, живеало моќното племе Пајонци. Тие биле припадници на тракискиот етникум. Се населувале на повисоки, природно заштитени места. Развојот на економијата и трговијта придонел кон крајот на VI и почетокот на V век пр.н.е. да дојде до економско издигнување на Пајонците. Во средината на V век пр.н.е. за време на походот на Македонија, Пајонија повторно била нападната од страна на Персија и доживеала тешки разурнувања. По смртта на царот Ситалк, Пајонија успеала повторно економски да зајакне. Во 358 година пр.н.е. ја поразил и ја покорил македонскиот цар Филип II. Пајонците се ослободиле по смрта на Александар III, и под власта на Аудолеон, син на Патрај, доживеале процут. Подцно повторно влегле во составот на Македонската држава и во неа биле сè до 146 година пр.н.е. кога на овие простори завладеала Римското Царство.[1]

Виница од паѓањето под Римска власт па сè до доаѓањето на Словените не може хронолошко - историски и политички да се издвојува од општите глобални настани што се случувале во Источна Македонија. Така Виница, и сите населени места по реката Брегалница, во времињата на римскиот период влегуваат во територијата која што се нарекува Илирик.[1]

  1. 1,0 1,1 „Инфо Виница“. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2021-08-12.