Истибања (археолошки наоѓалишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  • Бадем Баир — населба од римското време.
  • Батевка — населба од римското време. На 2 км источно од селото, на левата страна на стариот пат Кочани-Делчево, во нивата на Б. Антов се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.
  • Кале — градиште од доцноантичкото врме. На 2 км североисточно од селото, на зарамнетото плато од карпестиот рид кој стрмно се издига над коритото на Брегалница, се гледаат остатоци од темели на бедем. Во внатрешноста на градиштето се забележуваат и темели од помали објекти.
  • Превалец — некропола и тумули од железното време. На 3 км од селото, близу до раскрсницата Виница Делчево-Кочани се наоѓаат два помали тумула. Едниот е целосно уништен со копањето на војнички ровови, а другиот е делумно оштетен.
  • Раклеви Бавчи — населба од римското време. На високиот рид што се наоѓа на 400 м североисточно од селото се гледаат темели од повеќе објекти, а по површината се среќаваат големи количества од градежен материјал: камен, покривни ќерамиди, подни тули и др.
  • Селиште — населба од римското време.
  • Слатина - Горица — населба и некропола од римското време. На 2 км јужно од селото и на 1,5 км северозападно од селото Јакимово, во една мала плодна котлина опкружена со ниски тераси се гледаат остатоци од објекти и населбинска керамика. На една од терасите, близу до нивата на А. Апостолов, во 1968 година, со поставувањето на каналот за наводнување  лев крак на брегалничкиот мелиоративен систем, биле откриени два гроба издлабени во карпа, со кремирани покојници и множество керамички прилози. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.
  • Турски гробишта — населба од римското време. На околу 300 м југоисточно од селото, од левата страна на стариот пат Истибања-Делчево, во близината на турските гробишта се среќаваат остатоци од населбинска керамика и градежен материјал.


Литература[уреди | уреди извор]