Исправи се, Делфина

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Исправи се, Делфина“
Плакат на филмот
РежисерАлександар Ѓурчинов
СценаристАлександар Ѓурчинов
Главни улогиСтоле Аранѓеловиќ
Неда Арнериќ
Дарко Дамески
Сабина Ајрула-Тозија
Слободан Димитриевиќ
Диме Илиев
Благоја Чоревски
Милица Стојанова
Панче Камџик
Јон Исаја
Емилија Андреева
Ристо Стефановски
Мајда Тушар
Крум Стојанов
Мара Исаја
МузикаСлаве Димитров
КинематографијаКиро Билбиловски
МонтажаДимитар Грбевски
Лазар Паковски
ДистрибутерВардар филм
Премиера1977
Времетраење101 мин.
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Исправи се, Делфинамакедонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан — препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи.[1][2] Самата Бојаџи која со прекар „Охридскиот Делфин“ (оттука и името на главната улога) е еден од соработниците на филмот[3], а и се појавува во една сцена од него — при излегувањето од водата од Ламанш.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Сцена од филмот

Филмот е приказна за девојката Делфина (Неда Арнериќ), која додека се обидува да го преплива каналот Ламанш се навраќа на пресвртните моменти од нејзиниот живот, кој, изгледа единствено би добил смисла доколку успее во својата мисија. При препливувањето, на бротчето што ја следи се нејзиниот тренер Атанас (Дарко Дамески) и нејзиниот пријател Петко (Диме Илиев), кои постојано ја бодрат и ѝ помагаат. Во меѓувреме, Делфина се сеќава „на запознавањето со Младен (Слободан Димитриевиќ), тренерот на републичката репрезентација во пливање, за првите интимни контакти со него, за наставата во угостителското училиште и за членувањето во месниот пливачки клуб“[3] и др. Во еден судбоносен миг, кога се чини дека Делфина нема да може да го оствари својот подвиг, Петко скокнува во водата и плива заедно со неа: „Ајде Делфина, ќе пливаме заедно, ајде. Сети се на јагулите...“ Благодарение на неговата поддршка, таа ја надминува и последната криза и, конечно успева да го преплива Ламанш. По повод нејзиниот успех, во Скопје се одржува свечен прием на кој присуствува и Младен. Сепак, Делфина се поздравува со Петко и потоа „заминува по патот што самата го одбрала“.[3]

Места во филмот[уреди | уреди извор]

Почетните сцени од филмот кога Делфина пред себе го гледа каналот што треба да го преплива се снимени на пристаништето и низ улиците на Булоњ на Море (Boulogne-sur-Mer), Франција. Сцената кога влегува во морето за да го преплива Ламанш е снимена на Големата Плажа во Улцињ, јужно од Будва. Останатите сцени додека плива и излегува од водата се снимани на Охридското Езеро.

Спорност[уреди | уреди извор]

Филмот го опишува животот на Атина Бојаџи до септември 1969 година, односно до нејзиниот најголем успех во кариерата.

Вообичаено е за ваков тип филмови да има истовремено многу спорови што не влијаат врз целокупната естетска област. Во многу сцени од филмот се појавуваат работи што не се карактеристични за тоа време, односно се карактеристични за седумдесеттите, како на пример не биле изградени Градскиот трговски центар ГТЦ, Градскиот ѕид — Скопје, мостот Гоце Делчев — Скопје, хотел „Метропол“ — Охрид, хотел „Континентал“ — Скопје, се плива во базенот на СРЦ Милан Гале Мушкатировиќ во Белград (изграден 1973 г.), потоа плакати за концерт на Златко Пејаковиќ, масерката во младинскиот клуб ја потсетува Делфина на „одамна одржаното“ Европско првенство во атлетика во 1970 година, се пливаат квалификации за Европското младинско првенство во пливање во Осло 1976 година, по улиците на Скопје, Булоњ на Море и Охридските хотели се возат автомобили што не постоеле во шеесеттите години на минатиот век, итн.

Извадоци[уреди | уреди извор]

На вакви таленти треба да им се помогне. Кажи малечка, сакаш да снимиш плоча или да настапиш на телевизија, а? Речи само, имаме ние пријатели. Да, ќе те лансираме, чесен збор. Па и зошто да не!?! Ај да загубиме некое милионче, како на пример со рекламните костуми на Делфина. Нема врска, наши сме. Знам, знам што сакаш да речеш: едно губиш, друго добиваш. Ги знам јас приказните на рекламните агенти, сите сте исти, грабате каде што ќе стигнете, а друг ви ги плаќа сметките, та после: згрешиваме шефе, ќе се извадиме со нови таленти.

Реакции и награди[уреди | уреди извор]

Реакции[уреди | уреди извор]

Филмот „Исправи се Делфина'“ е добитник на бројни југословенски и меѓународни признанија и е еден од најбараните македонски играни филмови во светот“.[3] Оценет е како „ремек-дело“,[1] а и како „можеби најкултниот македонски филм“.[4] Една од неговите предности е тоа што тој е „еден од првите со поурбана и понормална содржина“.[4]Присутноста на актуелниот животен миг во нашиот игран филм, воопшто беше во една постојана медиумска ретардација,“ се вели во рецензијата на „Исправи се, Делфина“ на страницата на Македонскиот информациски филмски центар, па токму „со овој филм Ѓурчинов, всушност, воспостави една — условно кажано — нова жанровска ориентација, што се содржи во изборот на посебни аспекти од современото живење на нашиот човек.[3] И онака култната глумица Неда Арнериќ за својата изведба во Исправи се, Делфина добива „Сребрена Арена“ на Филмскиот Фестивал во Пула и уште повеќе ја зголемува својата популарност.[4]

Награди[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 М. Џаровска. „„Делфина" сè уште стои исправено: Атина Бојаџи“. Вест. Архивирано од изворникот на 2005-11-23. Посетено на 2008-09-15.
  2. Игор Тошевски и Иван Додовски. „Лексикон на Ју-Митологијата: Избор (Бојаџи, Атина)“. Списание „Маргина“. Архивирано од изворникот на 2008-09-16. Посетено на 2008-09-15. Надворешна врска во |publisher= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Исправи се, Делфина“. Македонски Информациски Филмски Центар. Посетено на 2008-09-15.[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 4,2 Игор Тошевски. „Лексикон на Ју-Митологијата: Избор (Исправи се, Делфина)“. Списание „Маргина“. Архивирано од изворникот на 2008-09-16. Посетено на 2008-09-15. Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]