Испорачката на Кики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Испорачката на Кики“
РежисерХајао Мијазаки
Сунао Катабучи
ПродуцентХајао Мијазаки
Тору Хара
СценаристНобујуки Ишики (оригинално сценарио)
Хајао Мијазаки
засновано на книгата од Еико Кадоно
НастапуваатМинами Такајама
Реи Сакума
Капеи Јамагучи
МузикаЏо Хисаиши
КинематографијаШигео Сугимура
МонтажаТакеши Сејама
СтудиоСтудио Џибли
Премиера29 јули 1989
Времетраење102 минути
ДржаваЈапонија
ЈазикЈапонски
Буџет¥800,000,000 (estimated)
$6,927,244.46
Бруто заработкаЈапонски јен ¥2,170,000,000 Американски долар $18,172,849.38

Испорачката на Кики (魔女の宅急便 Majo no Takkyūbin?, преведено "Испорачката на Вештерка") е јапонски анимиран фантазиски филм од 1989 година напишан, режиран и продуциран од Хајао Мијазаки. Кики е четвртиот театрално издаден Џибли-ев филм.

Филмот ја освои наградата Animage Anime Grand Prix во 1989. Испораката на Кики е малку базиран на истоименуваниот роман на Еико Кадоно. Според Мијазаки филмот се допира до препадот кој постои меѓу независността и увереноста на јапонските тинејџерки. Ги надминува темите околу растењето на секој поединец, се занимава со суштината на креативността и талентот, и тешкотиите со кои секој човек се соочува во процесот на откривајки се себеси, дали преку среќа, напорна работа или доверба. Филмот бара одговор на истите прашања кои се подоцна застапени во Шепот на срцето.

Испорачката на Кики беше првиот филм на Студио Џибли објавен под партнерството Дизни/Студио Џибли.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Кики е 13-годишна вештерка-во-обука која живее во село каде мајка и е главна и единствена билкарка. По традиција секоја вештерка штом наполни 13 години треба да живее сама за една година. На почетокот на приказнава Кики го напушта својот дом и тргнува да бара нов дом во нов град со својот најдобар пријател Џиџи, говорлив црн мачор. Заедно патуваат јавајќи ја метлата на Кики сè додека не пристигнат во Корико, убав град покрај морето. По напорниот и непријатниот почеток, главно заради сопствена несигурност, Кики наоѓа пријатели и место престој. Нејзина единствена вештина е леатње на метла, но дури и тука не е толку умешна. Со цел да се издржува себеси започнува работа како испорачателка.

Ликови[уреди | уреди извор]

Кики е 13-годишна вештерка; е оптимистична, искрена и малку наивна.

Џиџи е миленичето на Кики и нејзиниот најдобар пријател. Тој е нејзиниот единствен сопатник на патот за Корико.

Томбо е момче кое живее во Корико и обожува да лета.

Урсула е млада сликарка која живее сама во шума близу Корико.

Господин и госпоѓа Осино се маж и жена, сопственици на пекарна во Корико. Госпоѓа Осино е првата вистинска пријателка на Кики во Корико.

Кокири е вештерка, билкарка и мајка на Кики.

Окино е таткото на Кики кој па за разлика од ќерка си и жена си не е магионичар.

Мадам е една од првите клиенти на Кики.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Кики — Минами Такајама;
  • Џиџи — Реи Сакума;
  • Осоно — Кеико Тода;
  • Урсула — Минами Такајам;
  • Томбо — Капеи Јамагучи;
  • Пекачот — Коичи Јамадера;
  • Кокири — Миеко Нобусава;
  • Окино — Коичи Миура;
  • Мадам — Харуко Като;
  • Берта — Хироко Секи;
  • Постара Вештерка — Ѕуко Кобајаши;

Надворешни врски[уреди | уреди извор]