Исламска нова година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Исламска нова година
Офиц. називرأس السنة الهجرية‎
Ра'с ас-Санах ал-Хиџријах
Наречен иАрапска нова година
Хиџранска нова година
Го празнува(ат)Муслиманите
Видисламски
Почнува
  • зајдисонце, последниот ден на месецот Ду ал-Хиџах
Завршува
  • самрак, 1 мухарем
Датум
  • 1 мухарем

Исламската Нова година (арап. رأس السنة الهجرية, Ра'с ас-Санах ал-Хиџријах), исто така наречена хиџранска нова година или арапска нова година, - денот што означува почеток на новата хиџранска година и е денот на кој се зголемува бројот на годините. Првиот ден од исламската година муслиманите го обележуваат на првиот ден од месецот мухарем. Епоха (наводен датум) на исламската ера била поставена како 622 нова ера (н.е.), година на преселбата на Мухамед и неговите следбеници од Мека во Медина, позната како хиџра.[1] Сите верски должности, како молитва, пост во месецот Рамазан и аџилак, и датумите на значајни настани, како што се славење на свети ноќи и празници, се пресметуваат според исламскиот календар.

Додека некои исламски организации претпочитаат да го одредуваат новиот месец (а со тоа и новата година) со мештанско гледање на Месечината,[2] повеќето исламски установи и земји, вклучително и Саудиска Арабија,[3] следат астрономски пресметки за да се утврдат идните датуми на исламскиот календар . Постојат различни шеми за пресметување на табеларниот исламски календар (т.е. не се заснова на набљудување), што резултира во разлики од типично еден или дури два дена помеѓу земјите што користат ваква шема и оние што користат месечинско видување. На пример, календарот Ум ал-Кура користен во Саудиска Арабија бил преобликуван неколку пати во последните неколку години. Тековната шема бил воведена во 1423 година според хиџра (15 март 2002 година).[4]

Ден во исламскиот календар е дефиниран како почеток на зајдисонцето. На пример, 1 мухарем 1432 бил дефиниран да одговара на 7 или 8 декември 2010 година во официјалните календари (во зависност од земјата). За календар заснован на набљудување, гледањето на новата месечина на зајдисонцето на 6 декември би значело дека 1 мухарем траел од моментот на зајдисонце на 6 декември до моментот на зајдисонце на 7 декември, додека на места каде што не била видена на 6 декември 1 декември, мухарем ќе трае од моментот на зајдисонцето на 7 декември до моментот на зајдисонцето на 8 декември.[5]

Грегоријанска напоредност[уреди | уреди извор]

Бидејќи исламската месечева година е единаесет до дванаесет дена пократка од сончевата година, сметана од грегоријанскиот календар, Исламската нова година не се случува на истиот ден од грегоријанскиот календар секоја година.

Следниве датуми се предвидуваат за датумите на Грегоријанскиот календар да одговараат на исламската нова година:[6]

Исламска година Грегоријански датум
1442 20 август 2020[6][7]
1443 9[8] или 10[9] август 2021
1444 30 јули 2022
1445 19 јули 2023

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Beginning of Hijri calendar Архивирано 1 јануари 2019. – Paul Lunde, Saudi Aramco World Magazine (ноември/декември 2005), посетена на 31 декември 2020.
  2. „Islamic Crescents' Observation Project“. Архивирано од изворникот на 12 ноември 2018. Посетено на 31 декември 2020.
  3. „Islamic Crescents' Observation Project: Saudi Dating System“. Архивирано од изворникот на 30 октомври 2010. Посетено на 31 декември 2020.
  4. Robert Harry van Gent, The Umm al-Qura Calendar of Saudi Arabia Архивирано 11 јуни 2011.
  5. Islamic Crescents' Observation Project, Visibility of Muharram Crescent 1432 AH Архивирано 10 мај 2012.; seen on 6 December in Algeria, Iran, Saudi Arabia, South Africa.
  6. 6,0 6,1 „Principal Islamic days of observation (1420 AH to 1450 AH)“. Архивирано од изворникот на 9 септември 2017. Посетено на 31 декември 2020.
  7. „Hijri Calendar 1442 AH (based on Global Crescent Moon Sighting): Important dates in Hijri Calendar 1443 AH“. al-habib.info. Посетено на 31 декември 2020.
  8. „Muharram Hijri calendar Letters: Islamic calendar of year 1443“. calendarhijri.com. Посетено на 31 декември 2020.
  9. „Hijri Calendar 1443 AH (based on Global Crescent Moon Sighting): Important dates in Hijri Calendar 1443 AH“. al-habib.info. Посетено на 31 декември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]