Исламот во Башкортостан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија во Башкортостан
Џамија во Башкортостан

Исламот во Башкортостан има долговековна традиција која датира уште од 8 век. Денеска, исламот е најголема религија во Башкортостан[1], главно прифатен од страна на верници од башкирско и татарско потекло. Муслиманите главно го следат сунитскиот Ханифиски мезхеб.

Според анкетата од 2012 година во која биле интервјуирани 56.900 луѓе, 38% од населението во Башкортостан е муслиманско[2].

Историја[уреди | уреди извор]

Исламот во Башкортостан бил промовиран преку трговијата и економските врски со муслиманските земји во текот на 8 и почетокот на 9 век. Првото муслиманско археолошко наоѓалиште на Урал се наодите од Левашовската могила во Ишимбајскиот регион во Башкортостан. При археолошките испитувања биле откриени три сребрени и златни пари од Арапскиот калифат во 706 и 712 година. Според некои извори, дури пророкот Мухамед ги испратил своите придружници (Сахаби) на Јужен Урал во VII век. Турскиот научник Осман Нури Топбас смета дека овде биле испратени тројца сахаби. Во книгата „Историја на Бугарија“ Хисамитдин бин Шарафетдин пишува дека Башкортостаните го прифатиле исламот пред сите свои соседи во 748 година, додека во „Суштината на настаните“ се споменува дека околу 70 градови и тврдини на Башкортостаните го прифатиле исламот во 1152 година[3].

Културните и трговските и економските односи со земјите од Средна Азија придонеле за ширење на учењата на Ханифискиот мезхеб во Башкортостан. Ширењето на исламот продолжило кога исламот бил прогласен како државна религија во 922 година во Волшка Бугарија, во чија територија бил вклучен западниот дел од Башкортостан. Од 13 век започнале активностите на шејкот Мухамед Рамазан ел-Ауш, погребан на планината Ауштау, како и активностите на Хусеин-бег кој станал првиот имамот на Башкортостан.

Башкортостан во следниот период бил дел од териториите на Златна Орда, Казанско Ханство, Сибирско Ханство и Ногајска Орда, кое дополнително ги зацврстило позициите на исламот помеѓу народот. Во времето на Узбек-хан (1312-1342), исламот станал официјална религија на Златната Орда. Еден од главните услови за прием на Башкортостан во Русија бил да се зачува слободата на религијата и традиционалните обичаи на луѓето. Прекршувањето на договорот од царската власт (принудена христијанизацијата) резултирало со појавата на востанија. Во исто време во Башкортостан се развило муслиманското образование, преку отворање на нови медреси.

Кон крајот на 19 век се појавило традиционалното и реформско движење помеѓу мислиманите во земјата. Традиционалистите се бореле против руската доминација и модернизација на земјата додека реформистите, чии симпатизери главно биле интелектуалната класа сакале модернизација на исламската заедница преку секуларизација на општеството.

Во 1920 - 1930 во Башкирска Автономна Советска Социјалистичка Република, како и во другите региони на СССР, започнала борбата против религиите преку уништување на џамии, затворање на верски образовни институции, воведување нови празници и традиции меѓу верниците. За споредба: во 1927 година имало 2.414 џамии, а потоа во 1934 година - 323, а во 1940 година само 12 џамии останале во земјата. Дел од муслиманското свештенство било подложено на репресија. Слабеењето на репресијата се случило за време на Втората светска војна.

Во осумдесеттите години затворените џамии биле реконструирани и биле изградени нови, заедно со нови муслимански образовни институции. Во 1990 година во Уфа бил свикан конгрес на муслиманите. Во 1992 година бил формиран Духовен одбор на муслиманите од Башкортостан. Религиозната литература започнала да се објавува а деновите на муслиманските празници Бајрам и Курбан бајрам во Република Башкортостан станале неработни.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „islamonline.com“. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на January 24, 2016.
  2. „Социологические опросы «Среды», или кто заказывает «магию цифр»?!“. Русская народная линия. Информационно-аналитическая служба. 6 September 2012.
  3. Уметбаев М. И. Башкиры // Ватандаш. — 1998. — № 2. — С. 161—162. — ISSN 1683-3554

Надворешни врски[уреди | уреди извор]