Искра (1933)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Искра ― весник, орган на обласниот комитет на КПЈ за Македонија.[1]

Излегувал на српски јазик, печатен на гештетнерска техника. За уредник бил определен Коста Рацин, кој поради тоа бил осуден на робија, а весникот бил забранет.[1] Првиот број на весникот излегол во ноември, 1933 година. Излегуваат само два броја на весникот, бидејќи на почетокот на јануари 1934 година се случува провала во која се уапсени 15 македонски комунисти, вклучително и Рацин. Рацин е подложен на дури 42 испрашувања, при што морал да признае многу од она што не смеел да го каже.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 203. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Блаже Ристовски „Животот и делото на Кочо Рацин (1908-1943)“, „Матица македонска“, Скопје, 2009, 107 стр.