Прејди на содржината

Искарска Клисура

Од Википедија — слободната енциклопедија

43°2′36″N 23°21′10″E / 43.04333°N 23.35278°E / 43.04333; 23.35278

Искарската Клисура

Искарската Клисура (бугарски: Искърски пролом) — клисура во Бугарија со должина од 70 км, која поминува низ Стара Планина (Балкан). Таа е главниот премин низ Балканот, кој инаку ја пресекува северна Бугарија во непрекината линија.[1]

Преминот го поврзува главниот град Софија преку Мездра, каде што клисурата завршува, со другите поголеми градови во северниот дел на земјата, како што се Видин, Враца, Плевен и други. Низ клисурата поминуваат пат и железница, следејќи го текот на реката Искар.[1]

Ѕидовите на кањонот се направени од варовник и песочник, кои реката Искар ги обликувала во текот на илјадници години, создавајќи нерамни карпи и кули по целиот тек.[1] На одредени места, ѕидовите достигнуваат висина од речиси 300 метри.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 189. ISBN 0-89577-087-3.