Ирски териер
Ирски териер во шума во Англија | |||||||
Други називи | Ирски црвен териер | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Потекло | Ирска | ||||||
| |||||||
| |||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Ирскиот териер ( ирски: Brocaire Rua ) е раса на кучиња од Ирска, една од многуте раси на териер . Ирскиот териер се смета за една од најстарите раси на териер.За прв пат на саемот за кучиња во Даблин во 1873 година овој вид на кучиња се признати за посебна раса. До 1880-тите, ирските териери биле четвртата најпопуларна раса во Ирска и Британија.[1]
Ирскиот териер е активно куче со компактна големина, кое е погодно за живот и во рурална и во градска средина. Неговото грубо црвено крзно го штити од секакви временски услови.
Опис
[уреди | уреди извор]Изглед
[уреди | уреди извор]Стандардите за раса на кучиња го опишуваат идеалниот ирски териер со црвено крзно и правоаголно тело. Ирскиот териер изгледа како моќно куче, но нема голема тежина. Обликот на тело на ирскиот териер значително се разликува од она на другите териери. Телото на ирскиот териер е пропорционално подолго од телото на Фокс Териер.
Крзно и боја
[уреди | уреди извор]Ирскиот териер има златно-црвена, црвена или темно црвена боја. Темно црвената често се смета за единствена правилна боја која ја имаат оваа раса на кучиња, можеби затоа што златно-црвените и црвените крзна често се со полош квалитет. Како и кај многу други еднобојни раси, на градите е можно да има бела боја. Како што старее ирскиот териер, така може да се појават и сиви влакна на крзното.
Внатрешниот дел на крзното, наречен подкрзно или подвлакно, исто така е црвено. Под-крзното може да биде тешко да се забележи од страна на сопствениците кои немаат искуство со овие раси. Крзното е прилично густо, така што „кожата е тешко видлива“.[2]
Очите се темно кафени и прилично мали. Целата глава има добра пигментација.
Големина
[уреди | уреди извор]Во повеќето земји имаат перцепирано идеален опис на оваа раса и велат дека ирскиот териер не треба да биде повеќе од 48 cм. Сепак, не е невообичаено да се видат женки со 50 cм. висина или мажјаци кои се дури 53 см. Помладите генерации на оваа раса се поблиску до идеалот, но ова има и негативна страна: кога ирскиот териер е многу мал и со лесни коски, го губи вистинскиот расен тип.
Иако идеалот на тежина е од 11 до 12 кг, многу ретко се среќаваат ирски териери кои ја имаат таа тежина, па така се смета13 кг за женско куче и 15 кг за машко куче за прифатлива тежина.
Темперамент
[уреди | уреди извор]Ирските териери се прилично активни кучиња и имаат потреба да имаат постојани ментални и физички предизвици; добро обучените ирски териери можат добро да се снаоѓаат во различни спортови на кучиња. Ирскиот териер е полн со живот, но не е и хиперактивен; исто така има потреба да се поминува време, внатре во домот во кој што живее.
Ирските териери се добри со луѓе. Имаат високо развиено чувство за лојалност и во сопственикот гледаат силен одговорен лидер, кон кого имаат природна почит. Повеќето ирски териери сакаат деца и до одреден степен толерираат да си играат со деца. Ирските териери имаат потреба често да вежбаат; па затоа не е препорачливо да земате да чувате куче од оваа раса, ако не планирате често да го шетате. Овие кучиња уживаат да бидат обучувани од сопственикот и задачите кои им се даваат лесно ги совладуваат. Ирските териери имаат помала желба да ги задоволат луѓето отколку некои други раси, но имаат добра ментална способност и уживаат во решавање на загатки. Тие најдобро реагираат на конзистентна обука базирана на награди од опуштен и авторитативен сопственик.
Ирските териери често се доминантни со другите кучиња. Како и кај секое куче, слабо социјализираните кучиња можат да започнат тепачка со други кучиња и затоа раната социјализација е неопходност. Повеќето кучиња од оваа раса имаат силни чуварски инстинкти и кога овие инстинкти се контролираат, се добива одлично куче, кое е чувар на домот.
Нега
[уреди | уреди извор]Кога е правилно негувано, крзното ќе го штити кучето од дожд и студ. Замрсеното крзно е прилично лесно да се среди, на кучињата миленичиња им треба средување на крзното само еднаш или двапати годишно.
При средување на крзното некогаш е потребно целосно да се скрати и да се остави кучето во подвлакното додека не порасне нов слој. Доколку го чувате како домашно милениче, ова треба да го правите најмалку двапати годишно. Кога сакате вашето куче да има крзно со квалитетен изглед, тоа може да се постигне на многу начини. Едниот е со „превртување на палтото“, односно скратување на крзното на кучето на секои 10 седмици за да се отстранат сите мртви влакна.
Здравје
[уреди | уреди извор]Ирскиот териер е генерално здрава раса. Просечниот животен век е околу 13-14 години.
Пропорциите на кучето се правилни и затоа проблемите со очите или дишењето се ретки. Повеќето ирски териери не покажуваат знаци на алергија на храна. Бидејќи се мали кучиња, расата има многу мала инциденца на дисплазија на колкот .
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Портал за кучиња
- Список на раси на кучиња
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ирски териер на Curlie (англиски)
- ↑ The Irish Terrier - A Complete Anthology of the Dog. Read Books Ltd. 16 April 2013. стр. 123–. ISBN 978-1-4474-9178-1.
- ↑ „Irish Terrier Club of America Breed Standard“. Архивирано од изворникот на 2006-10-23. Посетено на 2023-01-15.