Ирокеска митологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Mитологијата на Ирокезите која ја почитувале пет од шестте племиња на Северноамериканските индијанци е изумрена. Некои од религиозните приказни кои се предаваат од колено на колено сѐ уште се присутни, вклучувајжи и делови од фолклорот.

Хагведију (Hahgwehdiyu) е богот креатор; тој ја посеал пченката во телото на неговата мајка Атахенсик (Atahensic). Тој има и брат близнак Хагведаетган (Hahgwehdaetgan) кој е чисто зло.


Гаол е бог на ветрот.

Гохоне е персонификација на ветрот.

Адекагагваа (Adekagagwaa) е персонификација на летото.

Оната (Onatha) е бог на плодноста и заштитник на фармерите, поточно на сточарите.

Јошека (Yosheka) е вториот бог-креатор.

Тархухјавахку (Tarhuhyiawahku).

Оки е олицетворение на животната слика на ирокезите. Тој е споредлив со Ваканда (Лакота) и Маниту (Алгонкински јазик).

Јогах се природните духови, слично на двете нимфи и фурии. Ха Вен Неју е "Големиот Дух".

Првите луѓе биле создадени од Јошека, кој им дал многу знаење од ирокеските магични и ритуални церемонии, како и тутунот кој зазема централно место во ирокеската култура.


Северниот ветер е олицетворение на мечката Јаa-о-гах, која живее во пештера и е контролирана од Гах-ох. Јa-o-гах може да го уништи светот со нејзиниот ладен здив, но е надгледувана и контролирана од Гах-ох.

Сосондовах (Sosondowah) бил големиот ловец (познат по ловот на натприродниот елен) кој бил заробен од зората, божица на која и требало чувар. Тој се заљубил во Генденвита Gendenwitha ("таа која го носи денот"), a која била обична ќена. Тој се обидел да ја заведе со песна. На пролет тој пеел како славеј, во лето како кос а на есен како ут, кој потоа се обидел гда ја однесе Гендевита на небото. Таа побегнала и се преобразила во Утринска ѕвезда која тој може да ја гледа секое утро, но не и да биде со неа.