Ирма Кристенстон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ирма Кристенсон (14 јануари 1915 - 21 февруари 1993) била шведска глумица позната по многу улоги во Кралскиот драмски театар во Стокхолм, и во многу филмови.

Кристенсон е родена во малото село Хунебостранд. Студирала на Кралскиот драмски театар од 1933 до 1936 година.

Се омажила за писателот Пер-Ерик Рундквист и со него имала син, Микаел Рундквист, исто така глумец.

Избрана филмографија[уреди | уреди извор]

  • Емили Хегквист, 1939 година
  • Од Вавилон, 1941 година
  • Доктор Глас, 1942 година
  • Живејте опасно, 1944 година
  • Вие што ќе влезете, 1945 година
  • Затвор, 1949 година
  • Едно лето на среќата, 1951 година
  • Разведен, 1951 година
  • Најдобри намери, 1992 година
  • Деца од неделата, 1992 година

Надворешни врски[уреди | уреди извор]