Ирит Динур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ирит Динур
ПолињаКомпјутерка наука, Комплексна теорија
УстановиИнститут за наука Вајцман
ОбразованиеУниверзитет во Тел Авив
Теза(2001)
Докторски менторШмуел Сафра
Поважни наградиЕрдешова nаграда (2012)
Страница
wisdom.weizmann.ac.il/~dinuri/

Ирит Динур (хебрејски: אירית דינור) е израелска математичарка. Таа е професор по компјутерски науки на Институтот за наука Вајцман. Нејзиното истражување е во основите на компјутерската наука и комбинаториката, а особено во случајно проверливите доказ и тврдоста на апроксимацијата (приближувањето).

Животопис[уреди | уреди извор]

Ирит Динур докторирала во 2002 година на училиштето за компјутерски науки на Универзитетот во Тел Авив, советувана од Шмуел Сафра; нејзината теза била насловена „За цврстината на приближувањето на минималната покривка на темето и најблискиот вектор во решетка“. Се приклучила на Институтот Вајцман, по посетата на Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, НЕЦ и на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Динур во 2006 година објавила нов доказ за ПКП теоремата, кој биле значително поедноставен во однос на претходните докази за истиот резултат.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Јад Ханадив и ја доделила Меморијалната награда Мајкл Бруно по компјутерски науки. Таа била пленарна говорничка на Меѓународниот конгрес на математичари во 2010 година. Во 2012 година ја освоила наградата Ана и Лајош Ердеш по математика, доделена од Математичката унија на Израел. Таа била соработничка на Вилијам Бентик-Смит на Универзитетот Харвард во 2012-2013 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]