Ирен Вист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ирен Вист
Ireen Wüst.jpg
Вист во 2013
Лични податоци
НационалностХоланѓанка
Роден(а)1 април 1986 (1986-04-01) (36 г.)
Гоирле, Холандија
Висина1.68 m
Тежина63 kg
Порталireenwust.nl
Спорт
ЗемјаХоландија
СпортSpeed skating
Дисциплини1000 m, 1500 m, 3000 m, 5000 m
Професионалец од2005

Ирен Вист (холандски: Ireen Wüst; родена на 1 април 1986 година) е холандска натпреварувачка во брзо лизгање на долги патеки. Вист освоила најмалку еден златен медал на своите пет последователни настапи на Зимските олимписки игри и со тоа станала единствен спортист кој освоил златен медал во поединечна конкуренција на пет олимписки игри (без разлика дали се летни или зимски), а воедно e најуспешeн олимпиец во брзо лизгање.[1][2]

Вист е и најмлад освојувач на медал на Олимписки игри за Холандија и најстар освојувач на златен медал во брзо лизгање во историјата на Зимските олимписки игри. На свои деветнаесет години, на 12 февруари 2006 година, таа го освоила златниот медал на Зимските олимписки игри во 2006 година на 3000 метри; четири години подоцна, на Зимските олимписки игри 2010 година, победила на 1500 метри; на Зимските олимписки игри 2014 година, освоила две златни и три сребрени медали, со што станала спортистка која освоила најмногу медали на Игрите во Сочи.[3] По нејзиниот рекорден шести златен медал во брзо лизгање на 1500 метри на Зимските олимписки игри 2022 година, таа освоиla рекордни дванаесет олимписки медали, најмногу медали освоени во брзо лизгање, и со тоа станала најуспешен спортист на Холандија на Олимпијадите. Исто така, Вист е седумкратен светски шампион во брзо лизгање во генерален пласман, петнаесеткратен светски шампион во одредена далечина и петкратен европски шампион во генерален пласман. Во 2014 година, од Ројтерс била избрана за спортистка на светот.

Олимписки игри во Пекинг (2022)[уреди | уреди извор]

На Зимските олимписки игри 2022 година, Вист освои златен медал на 1500 метри, и притоа поставила нов олимписки рекорд и станала првата спортистка што освоила златни медали во поединечна конкуренција на пет различни Олимписки игри. [4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Speed skater Ireen Wüst makes Olympic history with gold at fifth straight Games“. The Guardian. Associated Press. 7 February 2022. Посетено на 7 February 2022.
  2. „Ireen Wüst becomes the first person to win individual golds at five Olympics“ (англиски). nytimes.com. 7 February 2022.
  3. „Ireen WÜST – Olympic Speed skating – Netherlands“. International Olympic Committee. 17 February 2018.
  4. „Speed skater Ireen Wüst makes Olympic history with gold at fifth straight Games“. The Guardian. Associated Press. 7 February 2022. Посетено на 7 February 2022.