Ирена Шевињска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ирена Шевињска
Irena Szewinska 2012.jpg
Ирена Шевињска во 2012 година
Лични податоци
Полно имеIrena Kirszenstein-Szewińska
Роден(а)24 мај 1946 (1946-05-24) (73 г.)
Ленинград, Русија
Висина&100000000000001760000001,76 м
Тежина60 kg (130 lb)
Спорт
СпортАтлетика
КлубПолонија Варшава

Ирена Шевињска (родена како Ирена Киршенштејн на 24 мај 1946 г.), полски: Irena Kirszenstein-Szewińska — поранешна полска спринтерка која била една од водечките светски спортисти во речиси две децении во повеќе дисциплини.[1][2][3][4][5][6]

Ран и личен живот[уреди | уреди извор]

Ирена Киршенштејн е еврејка, и е родена во Ленинград во еврејско семејство.[7][8][9][10] Нејзиниот татко бил од Варшава а нејзината мајка од Киев. Тие се запознале во Ленинград, каде студирале во тоа време и во 1947 година се преселиле во Варшава..[11]

Во 1967 година таа се венчала со нејзиниот тренер, Јануш Шевињски,[12] кој се натпреварувал во атлетските дисциплини со пречки на државно ниво и подоцна работел како спортски фотограф.[13] Тие имаат два сина, Андреј Шевињски (роден 1970 г.), кој играл одбојка и подоцна станал сенатор, и Јарослав (роден 1981 г.).[13]

Во 1970 година Шевињска дипломирала на Варшавскиот универзитет со магистерска диплома по економија.[13]

Кариера[уреди | уреди извор]

Ирена Шевињска во 1964 година

Помеѓу 1964 и 1980 година таа се натпреварувала на пет изданија од Летните олимписки игри, освојувајќи седум медали, од кои три златни. Таа исто така соборила шест светски рекорди и е единствената спортистка која поседувала светски рекорд во трките на 100 метри, 200 метри и 400 метри. На Европските првенства таа освоила вкупно десет медали (пет златни). Помеѓу 1965 и 1979 година таа собрала 26 државни титули и поставила 38 рекорди во спринтерските трки (100, 200 и 400 метри) и скок во далечина.[12]

Во 1974 година, таа станала првата шена која ја соборила границата од 50 секунди на 400 метри, и поставила нов светски рекорд од 22.21 секунди на 200 метри. Таа била рангирана на 1. во светот во трките на 100, 200 и 400 метри во 1974 година

Последниот олимписки медал таа го освоила на игрите во 1976 во Монтреал, победувајќи на трката на 400 метри со нов светски рекорд од 49.29 секунди. [12] На воведното издание на Светскиот куп во атлетика во 1977 година, таа ги освоила титулите во трките на 200 и 400 метри; победувајќи ги фаворизираните спринтерки од Источна Германија, Барбел Вокел и Марита Кох редоследно. Таа била рангирана на 1. во светот во трките на 200 и 400 метри во 1976 и 1977 година.

Во 1998 година, Шевињска станала член на Меѓународниот олимписки комитет.[12] Од 2004 година, таа е на чело на полската атлетска федерација.

На 3 август 2005, таа била избрана како трета жена во Советот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за време на првата сесија од 45. конгрес на ИААФ во Хелсинки.

Таа е член на Меѓународната еврејска спортска куќа на славни, и на куќата на славни на ИААФ.[14][15]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Joseph Siegman (2000). Jewish sports legends: the International Jewish Hall of Fame. Brassey's. стр. 176–177, 252–253. ISBN 1-57488-284-8. http://books.google.com/books?id=1jBV8GvioMUC&pg=PA176. 
  2. Robert Wechsler, Bob Wechsler (2007). Day by Day in Jewish Sports History. KTAV Publishing House, Inc.. стр. 36, 40, 54, 70, 145, 157, 165, 21, 221, 246, 248, 288–289, 292–293, 295. ISBN 0-88125-969-1. http://books.google.com/books?id=aFkwyOIHsr8C&pg=PA288. 
  3. Mordecai Schreiber, Alvin I. Schiff, Leon Klenicki (2003). The Shengold Jewish Encyclopedia. Schreiber Pub.. стр. 301. ISBN 1-887563-77-6. http://books.google.com/books?id=DK5K72JymAEC&pg=PA246. 
  4. Peter S Horvitz (2007). The Big Book of Jewish Sports Heroes: An Illustrated Compendium of Sports History and the 150 Greatest Jewish Sports Stars. SP Books. стр. 22. ISBN 1-56171-907-2. http://books.google.com/books?id=voCnkWSOoRsC&pg=PA22. 
  5. Paul Taylor (2004). Jews and the Olympic Games: the clash between sport and politics : with a complete review of Jewish Olympic medallists. Sussex Academic Press. стр. 268. ISBN 1-903900-87-5. http://books.google.com/books?id=tGcPDXOjxMoC&pg=PA272. 
  6. Mariah Burton Nelson, Lissa Smith (1998). Nike is a Goddess: The History of Women in Sports. Atlantic Monthly Press. стр. 22. ISBN 0-87113-761-5. http://books.google.com/books?id=SOwKTgEnTBsC&pg=PA22. 
  7. „Irena Kirszenstein-Szewinska“. jewishvirtuallibrary.org. 
  8. [1]
  9. „The International Jewish Sports Hall of Fame“. google.com. 
  10. „Day by Day in Jewish Sports History“. google.com. 
  11. Rozmowa z Ireną Szewińską. bieganie.pl. 18 May 2012
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Irena Szewińska-Kirszenstein. sports-reference.com
  13. 13,0 13,1 13,2 SZEWIŃSKA (KIRSZENSTEIN) IRENA. pkol.pl
  14. Joseph M. Siegman (1992). The International Jewish Sports Hall of Fame. SP Books. стр. 96, 170–171. ISBN 1-56171-028-8. http://books.google.com/books?id=RX2b_cvczccC&pg=PA170. 
  15. Carolyn Starman Hessel (1999). Blessed Is the Daughter. Shengold Books. стр. 123–124. ISBN 1-887563-44-X. http://books.google.com/books?id=DTH-CIEqeL8C&pg=RA2-PA123. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]