Ирена Крзивицка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ирена Крзивицка
'
Irena Krzywicka Polish writer 1930.jpg
Ирена Крзивицка
Роден(а) 28 мај 1899(1899-05-28)
Јенисејск, Руска империја
Починал(а) 12 јули 1994(1994-07-12) (воз. 95 г.)
Бир сир Ивет, Франција
Националност Полска
Вероисповед Атеист
Период Современа филозофија
Подрачје Континентална филозофија
Школа Феминизам
Установи Варшавски универзитет
Претежна дејност
Политика, Феминизам, Етика
Значајни идеи
Феминистичка етика
Ирена Ирена Крзивицка, од Виткевич, 1928

Ирена Крзивицка (моминско Голдберг) (полски изговор: [irɛna kʂɨvitska]; (родена 28 мај 1899 година во Јенисејск, Руската империја, почина 12 јули 1994 во Бир сир Ивет, Франција) била полска феминистка, писателка, преведувач и активистка за правата на жените, која ја промовираше сексуалната едукација, контрацепцијата и за планираното родителство.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Ирена Крзивицка е родена во семејство на полска Еврејска левичарска интелигенција. Нејзините родители биле социјалистички активисти во егзил во Сибир, каде Ирена е родена. Нејзиниот татко, Станислав Голдберг, бил лекар, а нејзината мајка била стоматолог. За време на егзилот, татко и на Ирена заболе од туберкулоза и умрел три години по нивното враќање во Полска.[1] Таа беше израсната од страна на нејзината мајка, љубител на полска литература, во духот на толеранцијата и рационализмот.

Во 1922 година Крзивицка дипломирала од Универзитетот на Варшава со диплома во полски. Таа не ја завршила докторската теза поради конфликтот со својот надзорник. За време на нејзиниот престој во универзитетот таа го објави својот прв есеј Kiść bzu.

Ирена Крзивицка се ожени во 1923 со Јержи Крзивицки, кој бил син на Лудвик Крзивицки, социолог и активист за правата на жените. Тие одлучија да имаат отворен брак. Веднаш по нејзината свадба, Крзивицка отиде во Корзика со нејзиниот љубовник Валтер Хасенклевер, познатиот германски поет и драмски писател. Таа верувала дека нејзиниот брак е среќен и имала два сина, Пјотр и Анджеј.

Феминистка[уреди | уреди извор]

Крзивицка беше автор на неколку романи и преведувала дела на Херберт Џорџ Велс, Макс Фриш, и Фридрих Дјуренмат. Запознавањето со Тадеуш Бој-Желенски испадна да биде клучен момент во нејзиниот живот. Тие се заљубиле и станале љубовници. Работата на Крзивицка - ширењето на знаењето за сексуалното образование и контацепцијата ја направи најпознатата феминистка во предвоена Полска. Таа била сметана за скандалист бидејќи зборуваше за абортусот, сексуалноста на жените и хомосексуалноста.

Крзивицка и Бој-Желенски отвориле клиника во Варшава која давала информации, бесплатно, за планираното родителство. Таа била нападната од страна на десничарски приврзаници кои тврдеа дека Крзивицка и́ "штети на нацијата" и од либерални писатели, како што се Јан Лехоњ, Марија Домбровска и Јарослав Ивашкевич, кои протестирале против доминацијата на сексуални теми во нејзините дела.

Втората светска војна и емиграцијата[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна и окупација на Полска (1939-1945) Крзивицка мораше да се крие под лажно име, бидејќи таа беше ставена на нацистичката листа на луѓе за истребување. Таа и помогна на Armia Krajowa (Армија Крајова) во отпорот. Три од нејзините блиски загинале за време на војната. Сопругот (веројатно убиен во Катинскиот масакр), љубовникот (убиен во Лавов), и синот Пјотр.[2]

По војната работела во полската амбасада во Париз од 1945-1946, но на крајот се вратила во Полска. Во 1962 година таа ја напушти Полска за на нејзиниот син да му помогне во кариерата, тој беше награден со стипендија од Фондацијата Форд. Отидоа првин во Швајцарија, а потоа во Франција. Крзивицка живеела долго време во Бир сир Ивет, каде што исто така починала. Во 1992 година Крзивицка ја објавила својата најпозната книга (автобиографија) Wyznania gorszycielki.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Pierwsza krew Towarzystwo Wydawnicze "Rój", Warszawa 1933, since 1948 entitled Gorzkie zakwitanie), reissued by Wydawnictwo Krytyki Politycznej, Warszawa 2008, ISBN 978-83-61006-30-5
  • Sekret kobiety, Towarzystwo Wydawnicze "Rój", Warszawa 1933
  • Sąd idzie, reportaże sądowe, Towarzystwa Wydawniczego "Rój" 1935, reissue "Czytelnik", Warszawa 1998 ISBN 83-07-02657-1
  • Zwycięzka samotność. Kobieta szuka siebie, Towarzystwo Wydawnicze "Rój", Warszawa 1935
  • Co odpowiadać dorosłym na drażliwe pytania, essays, Towarzystwo Wydawnicze "Rój", 1936
  • Ucieczka z ciemności, novels, 1939
  • Tajemna przemoc, Wydawnictwo Awir, Katowice 1947
  • Skuci i wolni, novels:
  • Rodzina Martenów, Czytelnik, Warszawa 1947
  • Bunt Kamila Martena, Czytelnik, Warszawa 1948
  • Siew przyszłości, Czytelnik, Warszawa 1953
  • Dzieci wśród nocy, Czytelnik, Warszawa 1948
  • Dr Anna Leśna, Czytelnik, Warszawa 1951
  • Żywot uczonego. O Ludwiku Krzywickim, Państwowy Instytut Wydawniczy, Warszawa 1951
  • Wichura i trzciny, Nasza Księgarnia, Warszawa 1959
  • Wielcy i niewielcy, wspomnienia, Czytelnik, Warszawa 1960
  • Mieszane towarzystwo. Opowiadania dla dorosłych o zwierzętach, Czytelnik, Warszawa 1961, wzn. 1997, ISBN 83-07-02574-5
  • Miłość... małżeństwo... dzieci..., essays published in 1950-1962, Iskry, Warszawa 1962
  • Wyznania gorszycielki, autobiography, Czytelnik, Warszawa 1992, ISBN 83-07-02261-4
  • Kontrola współczesności. Wybór międzywojennej publicystyki społecznej i literackiej z lat 1924 - 1939, ed. Agata Zawiszewska, Wydawnictwo Feminoteki, Warszawa 2008, ISBN 978-83-924783-4-8

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sławomir Koper. Wpływowe kobiety Drugiej Rzeczypospolitej. Bellona. стр. 157–158. ISBN 978-831-112-1454. 
  2. Agata Tuszyńska, Długie życie gorszycielki. Losy i świat Ireny Krzywickiej, Iskry, Warszawa 1999, p. 64, ISBN 83-207-1617-9