Ирена Дерменџиевска
Изглед
Ирена Џелаковиќ Дерменџиевска (18 август 1917 во Печ, Унгарија — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Учествувала во напредното работничко движење во Гевгелија, каде живеела. Во НОД учествувала од 1941 година. Чувала илегалци и разнесувала илегален материјал. Во летото 1941 била затворена од бугарската полиција, но бидејќи била бремена, а немало доказен материјал била ослободена. Во текот на НОД работела на прифаќање жени во движењето и чувала илегалци. Во јануари 1941 при еден претрес во нејзиниот стан, еден полицаец ја удрил по слепоочницата од што го изгубила видот.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]| Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |