Иранската теорија за потеклото на Србите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Племето Serbi покрај утоката на реката Волга, според грчките пишани извори, на карта отпечатена во Лондон околу 1770.

Оваа теорија претпоставува дека името -{Serboi}- било сарматско (иранско) племе кое живеело во источна Европа (Sarmatia Asiatica), северно од Кавказот. Првите пишани споменувања за "сарматските Срби"можат да се пронајдат во 1. век (69тата. година), во делото на Плиниј Цецилија Секундуса "Познавање на природата", на латинизиран облик - Serbi. Овие "Serbi" тука се забележани како народ кој живеел во Азиска Сарматија, северно од Кавказот, па од тоа може да се претпостави дека биле сарматско (иранско) племе.Понатаму Плиниј пишува "Покрај Кимеријците живеат Меотите,Валите,Србите,Зингите и Псесите".

Споменувањето на српскиот етноним наоѓаме во делото "Географија" на египетскиот научник Клаудио Птоломеј (пред 175. година). Тој го забележува српското племе дека постоеле на подрачјето на Кавказ, пишувајќи: "Помеѓу Кераунската гора и реката Ра смештени се Оринеи и Вали и Срби".

После Плиниј и Птоломеј, народот "Serbi" го споменуваат и Тацит, Прокопиј, Јорданес, Вибијус, Ајнхард.

Врската помеѓу овие "Стари Срби" (кои некогаш се викале Serbi) и денешните Срби не е научно докажана, туку претставува хипотеза. Се претпоставува дека овие Serbi од Азиска Сарматија се преселиле во Средна Европа (Полабија) во 4. век, заедно со Аланите. Се смета дека овие Serbi и Аланите биле многу сродни сарматски племиња, а потомците на Аланите се денешните Осети на Кавказот. Според едно друго предание самите Сарматски Serbi биле дел од Аланите.

Споменувањето на српскиот етноним наоѓаме во делото "Географија" на египетскиот научник Клаудио Птоломеј (пред 175. година). Тој го забележува Српското племе дека постоеле на подрачјето на Кавказ, пишувајќи: "Помеѓу Кераунската гора и реката Ра смештени се Оринеи и Вали и Срби".

Врска со денешните Срби[уреди | уреди извор]

Врската помеѓу Сарматските Срби и денешните Срби не е научно докажана,туку претставува хипотеза, а противниците на иранската теорија за потеклото на Србте тврдат дека во прашање е само "случајно споменување на овој етноним со некој недефиниран етникум".

Според Тадеуш Сулимирски, Србите, како дел од сарматските Алани, во Хунската војска сочинувале гарнизон кој имал задача во покорените подрачја да ја одржува власта на Хуните. Кога Атила 453. године умре, Србите источно од реката Река Сала постанале независни и ја задржавали власта над месното словенско население во Полабија, со која со тек на време се претопиле и му го дале своето име.

На основата на широко прифатената реконструкција на преселбата на Словените и изворите како што се Константин Порфирогенит и Ајнхард, кои недвосмислено укажуваат на западнословенско потекло на балканските Срба, се смета дека дел од овие Полабски Словени кој го присвоил името Срби (можно било уште под власта на веќе словенизираните Срби-Алани, се доселил на Балканот во седмиот век, каде се помешал со раните доселени словенски племиња и романизираните потомци на балканските староседелци. Друг дел на Србите, кој не се доселил на Балканот, останал да живее во Полабија, а нивните потомци се денешните Лужички Срби.

Потекло на сарматските Срби[уреди | уреди извор]

Генеологија на Паштунските племиња, на кое се наоѓа името на Сарбан, синот Каис Абдур Рашид

Сарматите водат потекло од Средна Азија, од кадешто се преселиле на подрачјето на Источна Европа. Денешниот Осетски јазик, кој настанал од некогашниот скитско-сарматски, спаѓа во групата на источноирански јазици, а останатите јазици од оваа група денес се говорат на подрачјето на Таџикистан, Авганистан и Пакистан. Најсроден со осетскиот е јазикот на народот Јагноби, а потоа и јазикот на Паштуните, како и јазиците на Памирските народи.

Меѓу Паштуните постојат племенски групи со името Сарбани, а според една паштунска легенда, оваа племенска група потекнува од предокот кој се викал Сарбан, а кој било син на Каис Абдур Рашид, легендарниот предок на паштунскиот народ. Легендата кажува дека Каис Абдур Рашид имал три синови, Сарбан, Батан и Гургушт, од кој потекнуваат денешните паштунски племиња.

Византискиот цар, Константин VII Порфирогенит во својата книга "Book Of Ceremonies66" ги нарекува Хрватите и Србите "Krevatas" и "Sarban", што претставува интересна сличност со името на паштунските племенски групи.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Александар М. Петровић, Кратка археографија Срба, Нови Сад, 1994.
  • Живко Д. Петковић, Прве појаве српског имена, Београд, 1996.
  • Лазо М. Костић, О српском имену, Србиње - Нови Сад, 2000.
  • Владимир Ћоровић, Илустрована историја Срба, књига прва, Београд, 2005.
  • Noel Malcolm, Kosovo - A Short History, Pan Books, London, 2002.
  • Миодраг Милановић, Српски стари век, Београд, 2008.
  • Сава С. Вујић - Богдан М. Басарић, Северни Срби - (не)заборављени народ, Београд, 1998.
  • Лазар Шебек, Стари Срби, Серби свеске 2, Издавач: Крим, Београд, Ложионичка 4.
  • Реља Новаковић, Још о пореклу Срба, Београд, 1992.
  • Реља Новаковић, Срби, Београд, 1993.
  • Реља Новаковић, Срби и њихови прадавни сродници, Београд, 2000.
  • Реља Новаковић, Одакле су Срби дошли на Балканско полуострво, Београд, Народна Књига, 1978.
  • Реља Новаковић, Где се налазила Србија од VII до XII века, Београд, Народна Књига, 1981.