Ио (митологија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ио и Зевс

Ио во грчката митологија била ќерка на Инах, богот на реките. Станала љубовничка на Зевс и го родила Епаф.

Зевс се заљубил во Ио и приоѓал во облик на облак. Тоа меѓутоа го приметила неговата сопруга Хера. Да би ја скрил измамата Зевс ја претворил Ио во бела крава. Сепак, Хера и тоа го дознала и побарала од Зевс да и подари крава. Зевс тоа не можел да го одбие. Хера побарала од стоокиот гигант Аргус да ја чува кравата, која всушност била Ио.

Зевс го пратил Хермес кај Аргус. Хермес го успал Аргус со свирката на своиете свирала и му ја скинал главата, така што Ио, и понатака во облик на крава, морала да побегне. Хера е бргу ја приметила оваа измама и ја испратила Обад, која цело време ја гонела Ио (брмчењето на овие мушички можело да предизвига стампеда на животни).

Ио во своето бегство го поминала мореузот кој е именуван по неа Босфор, т.е кравин премин. Таму го сретнала за карпа окованиот Прометеј кој цело време ја тешел и и ветил дека кога ќе се врати во човечки облик че постане прамајка на најголемиот јунак, т.е Херакле.

Бегајќи понатаму, Ио го поминала морето кое е именувано по неа Јонско Море и стигнала во Египет. Тука ги молела бобовите да и се смилуваат. Хела на големото Зевсово молење се смирила и и го вратила на Ио човечкиот облик,па Египќаните ја обожувале како божица. Во Египет го родила Епаф и подоцна се венчала со египетскиот крал Телегон.