Инџес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Инџес
Παράδεισος
Инџес is located in Грција
Инџес
Инџес
Местоположба во областа
Инџес is located in Места (општина)
Инџес
Местоположба на Инџес во општината Места и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°04.78′N 24°45.50′E / 41.07967° N; 24.75833° E / 41.07967; 24.75833Координати: 41°04.78′N 24°45.50′E / 41.07967° N; 24.75833° E / 41.07967; 24.75833
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаМеста
Општ. единицаСаришабан
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно216
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Инџес или Инџелер (грчки: Παράδεισος, Парадисос, до 1926 г. Ίντζες, Инѕес[2]) — село во Кавалско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 216 жители (2011). Претставува најисточното населено место во Егејска Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото е сместено североисточно од градот Саришабан, на десниот брег на реката Места, крај главниот пат од Кавала и Саришабан за Скеча. Се наоѓа на надморска височина од 70 м, а атарот зафаќа површина од 11 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Инџес живееле 175 жители Турци[3], но населението веројатно било побројно, бидејќи во во пописот во 1913 г. се евидентирани 589, а во 1920 г. — 306 жители.[2]

Лозанскиот договор од 1923 г. турското население е присилно иселено, а доведени се поголем број на грчки бегалски семејства од Турција. Во 1928 г. попишани се 572 жители, а во 1941 г. бугарската окупациска власт евидентирала 625 жители.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 627 638 716 433 387 287 429 216
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Саришабан со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Места, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Инџес, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Обработливите површини се мошне ограничени, но земјиштето е плодно и дава високи приноси, наводнувајќи се од реката Места. Главни земјоделски култури се тутунот и пченицата, а развиени се лозарството и овоштарството.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 242–243.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 204.