Инцидент во манастирот Свети Прохор Пчински (1990)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Инцидент во манастирот Свети Прохор Пчински (1990)
Датум 2 август 1990
Место Манастир Свети Прохор Пчински,
Социјалистичка Федеративна Република Југославија СР Србија
Исход Македонците од тогаш се принудени да го прославуваат АСНОМ во Пелинце
Завојувани страни
Македонија Социјалистичка Федеративна Република Југославија СФРЈ
Команданти и водачи
Васил Тупурковски
Тодор Петров
Србија Воислав Шешељ
Сила
ок. 50 ок. 100
Жртви и загуби
неколку повредени нема

Инцидентот во манастирот Свети Прохор Пчински беше конфликт меѓу две групи (едната македонска и другата српска) кој се случил во Манастирот Прохор Пчински на 2 август 1990 година. Српскиот радикал Воислав Шешељ заедно со неговите четници насилно ги симнале македонските државни симболи и повредиле неколку. Инцидентот се случил пред очите на српската полиција.[1]

Настан[уреди | уреди извор]

На 30 јули 1990 г. Владата упати апел до граѓаните, за празникот Илинден, 2 август, да не патуваат за манастирот „Св. Прохор Пчињски“. Истиот ден, членот на Претседателството на СФРЈ, Васил Тупурковски, во Собранието на РМ предупреди на опасност од општа војна во Југославија, а во законодавниот дом се бара најдобра позиција за Македонија по повлекувањето на ЈНА од Словенија. Државата е пред клучна одлука: Југославија веќе не постои, сега треба да се реализираат најавите дека Македонија нема да остане во каква било скратена федерација.

За Илинден, на Мечкин Камен говореше претседателот на Собранието, Стојан Андов, но очите на јавноста се свртени кон „Прохор Пчињски“, сардисан од четниците на српскиот радикал Воислав Шешељ, кој се закануваше дека за шест часа може да ја прегази Македонија. Во манастирот заминаа само Васил Тупурковски и пратеникот Тодор Петров, а првпат по Втората светска војна, во комплексот немаше прослава на јубилејот на АСНОМ.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]