Информациски систем
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Главна статија: Глобален информациски систем[уреди | уреди извор]
Мултинационалните корпорации се соочуваат со предизвикот за развивање глобален информациски систем за глобална обработка на податоци и одлучување. Интернетот им нуди на бизнис корисниците и поединците услуги од различни области. Бидејќи светски распространетата мрежа (WWW) може да се поврзе со кој било компјутер во светот којшто е поврзан на интернет, интернетот и глобалните информациски системи се тесно поврзани. Глобалниот информациски систем е комуникациска мрежа на податоци која ги преминува националните граници за да пристапи и обработува податоци за да постигнат заеднички и стратешки цели. Ширум компаниите и континентите, информациските стандарди ги обезбедуваат посакуваните карактеристики на производи и услуги какошто се: квалитет, еколошки состав, безбедност, сигурност, ефикасност и заменливост со поволни цени. Широкораспространетото усвојување на меѓународните стандарди, за бизнисите, значи дека добавувачите можат да развијат и да понудат производи и услуги кои ги исполнуваат меѓународно прифатените спецификации во нивните сектори. Според Меѓународната организација за стандарди (International Organization for Standardization) бизнисите со користење на нивните меѓународни стандарди стануваат конкурентни на многу светски пазари. МОС развива стандарди преку организирање на стручни одбори на експерти од индустриски, технички и деловни сектори кои побарале проверка на стандардите и кои подоцна почнале да ги употребуваат. На овие експерти можат да им се приклучат претставници на владини организации. лаборатории за истражување,Здруженија на потрошувачи, невладини организации и академици.