Инфекција на мочните патишта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Инфекција на мочните патишта — заболување на урогениталниот тракт, најчесто предизвикана од некоја бактерија.

Причини за појава[уреди | уреди извор]

Оваа инфекција е прилично честа мачнина, која се јавува кога микроорганизмите што живеат во урогениталниот тракт во цревата ќе навлезат во мочниот меур. Речиси 90% од инфекции на мочните патишта се предизвикани од бактеријата ешерихија коли која вообичаено се наоѓа во цревата. Почесто се јавуваат кај жените кои имаат многу пократка мочна цевка, така што бактериите полесно навлегуваат во мочниот меур. Притоа, овие инфекции најчесто се јавуваат кај девојките кои штотуку започнале со сексуални односи, како и кај жените во менопауза. За зголемување на ризикот од појава на овие инфекции придонесуваат неколку фактори, како: лошите хигиенски навики и прекумерната хигиена (примена на агресивни сапуни и гелови за туширање кои ги уништуваат добрите бактерии), капењето во када или во базен, одложување на мокрењето (уринарна ретенција), сексуално преносливите болести (гонореја, кламидија итн.), зголемената простата кај мажите, ослабен имунитет итн.[1]

Симптоми[уреди | уреди извор]

Симптоми на инфекција на мочните патишта се:[2]

  • притисок во мочниот меур
  • печење при мокрењето
  • заматена урина и крв во урината
  • треска
  • болка во долниот дел на стомакот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. М.А.М., „Седум сојузници против уринарните инфекции“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 28-29.
  2. М.А.М., „Седум сојузници против уринарните инфекции“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 28-29.