Инуитски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Инуитски јазици
Народност: Инуити
Географска
распространетост:
Алјаска, Северна Канада, Нунавут, Нунатсјавут, Гренланд
Класификација: ескимско-алеутски
  • ескимски
    • инуитски јазици
Гранки:
Inuktitut dialect map.svg

Инуитските јазици се американски староседелски јазици кои традиционално се зборуваат во северноамериканскиот арктички круг и во одредени делови во Лабрадор, Канада. Сродни јазици на инуитските се јупичките јазици, кои се зборуваат во западна и јужна Алјаска и Рускиот Далечен Исток. Инуитите воглавно живеат во три држави: Гренланд, Канада и САД.

Вкупниот број на Инуити кои ги зборуваат своите мајчини јазици е тешко да се одреди, бидејќи сите пребројувања се базираат на самоизјаснување при пописите, кои пак може несоодветно да ја прикаже употребата на јазикот. Според пописните проценки на Греналанд, овие јазици (дијалекти) во рамките на државата ги зборуваат околу 50.000 жители. Според проценките во Канада, во државата овие јазици ги зборуваат околу 35.000 жители. Во овие две држави живее мнозинското инуитско население, а има уште околу 7.500 жители во Алјаска кои зборуваат инуитски[1] од вкупно 13.000 Инуити.

Овие јазици се зборуваат од неколку стотина жители во Русија. Додадтно на тоа, се проценува дека има околу 7.000 гренландски Инуити во Данска, најголема инуитска заедница надвор од Гренланд и Канада. Глобално гледано, се проценува дека овие јазици ги зборуваат околу 90.000 луѓе.

Зборовен фонд[уреди | уреди извор]

Зборови за снег[уреди | уреди извор]

Популарно верување е дека Инуитите имаат невообичано голем број зборови за снег. Сепак, ова не е точно и тоа произлегува од несфаќањето на природата на полисинтетичките јазици. Всушност, во инуитските јазици има само неколку основни коренски збиорови за снег: 'qanniq-' ('qanik-' во некои дијалекти), кој често се користи како глаголот „снежи“, и 'aput', што значи „снег“. Инуитските јазици може да создадат многу големи зборови со додавање на повеќе афикси. Овие афикси (наставки) може да модифицираат синтаксни и семантички особини на основниот збор, или пак да функционираат како придавки или прилози.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Јазик

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Indigenous Languages Spoken in the United States (by Language)“. yourdictionary.com. http://www.yourdictionary.com/elr/natlang.html. конс. 20 февруари 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Речници[уреди | уреди извор]

Општо[уреди | уреди извор]