Интракранијално крвавење
Интракранијално крвавење | |
---|---|
Специјалност | Ургентна медицина |
Поимот интракранијално крварење или интракранијална хеморагија или внатречерепно крварење („крварење во главата“) ги опфаќа формите на крварење во рамките на черепната празнина - крварење во мозочното ткиво (интрацеребрално крварење) и крварење во околните стуктури надвор од мозокот (екстрацеребрално крварење).
Поимот мозочно крварење (Haemorrhagia cerebri) се однесува на крварењето во мозочното ткиво. Мозочото крварење е една од различните форми на интракранијално крварење т.е. крварење во черепната празнина. Поимот мозочно крварење, иако некоректно, понекогаш се користи за да се означи било кое крварење во рамките на черепната празнина. Мозочното крварење обично се случува ненадејно, најчесто кај луѓе со висок крвен притисок, а се манифестира како мозочен удар.
Интракранијалното крварење вклучува:
- интрацеребрално крварење или мозочно крварење - крварење во мозочното ткиво и во ликворните простори
- екстрацеребрално крварење - крварење во пределот на мозочните обвивки (менингите)
- епидурално крварење т.е. епидурален хематом
- субдурално крварење т.е. субдурален хематом
- субарахноидално крварење
Интракранијалните крварења можат да бидат опасни по живот. Многу пациенти со интракранијално крварење може успешно да се лекуваат неврохируршки.
Причини
[уреди | уреди извор]- траума
- хипертензија
- васкуларни тумори
- тумори на мозокот
- церебрална аневризма (мозочни аневризми)
- васкулитис
- нарушување на коагулацијата
- третман со антикоагуланси (инхибитори на згрутчување на крвта)
- Церебрална амилоидна ангиопатија [1]
- васкуларни малформации
Ако не може да се докаже никаква причина, тогаш се нарекува спонтано крварење.[2]
Трауматските инракранијални хеморагии особено често се случуваат кај алкохоличарите, бидејќи тие често претрпуваат падови кога се пијани, при што удираат со главите поради недостаток на заштитни рефлекси. Покрај тоа, луѓето кои се зависни од алкохол и имаат оштетување на црниот дроб може да имаат нарушено згрутчување на крвта, што ги промовира и комплицира настаните на крварење. Крварењето во пределот на базалните ганглии е таканаречено локо-типико крварење (типично место за крварење). Во овој предел крвните садови скршнуваат во нивниот тек под остар агол, што го предиспонира местото за настанување на крварење.
Интракранијални, интрацеребрални крварења
[уреди | уреди извор]Интрацеребралното крварење, т.е. мозочното крварење во потесна смисла на зборот резултира со испадни на мозочни функции, за кои е потребно засегнатото мозочно ткиво. Преку големината и локализацијата на крварењето се проценува нивниот масен ефект. Најмногу се стравува од масивно крварење кое може да се јави во првата година од мозочното крварење, со стапка на смртност од 50% до 60%.
Интракранијално, екстрацеребрално крварење
[уреди | уреди извор]Интракранијално, екстрацеребрално крварење подразбира крварење во главата, надвор од мозочното ткиво, т.е. во стуктурите околу черепниот мозок.
Форми на интракранијално, екстрацеребрално крварење:
- епидурален хематом
- субдурален хематом
- субарахноидално крварење
Епидурален хематом
[уреди | уреди извор]Епидуралниот хематом е резултат на интракранијално крварење во епидуралниот простор помеѓу коската на черепот и тврдата мозочна обвивка дура матер, предизвикано од траума која обично вклучува фрактура на черепниот покрив. Епидуралниот хематом предизвикува компресија на мозокот (compressio cerebri).
Се прави разлика помеѓу две форми со прогностички различни диспозиции:
Кај артерискиот епидурален хематом доаѓа до раскинување на артериски крвни садови кои лежат на внатрешната страна од черепната коска. Најчесто засегната е Arteria meningea media. Симптомите можат да се развијат веднаш по трауматската повреда или по одреден латентен период. Карактеристично за оваа форма на крварење е временски интервал во кој се присутни малку, или воопшто не се присутни симптоми - таканаречен латентен интервал, но овој не мора да биде присутен. Крварењето напредува и сѐ повеќе ги притиска тврдата мозочна обвивка (дура матер) и мозокот кон внатре што резултира со гадење, повраќање, губење на свеста, ширење на зениците на погодената страна. Се работи за животозагрозувачка состојба. Најчесто е потребна итна операција со отворање на черепот (трепанација) или со т.н. Кронлајн-бушење пред и зад увото во висина на очната веѓа на погодената страна со цел растеретување на притисокот. При благовремена терапија шансите за преживување изнесуваат околу 70% (20% со попреченост).
Во околу 10% од случаите се работи за трауматска повреда на венски крвен сад или на венозен синус со истекување на крв во епидуралниот простор, т.е. просторот помеѓу внатрешната страна на черепот и тврдата мозочна обвивка дура матер. Во овој случај крварењето е, ако и воопшто напредувачко, бавно и мало.
Субдурален хематом
[уреди | уреди извор]Субдуралниот хематом (SDH) е крварење - хематом во субдуралниот простор повеѓу мозочните обвивки дура матер и арахноидеа матер, предизвикано од повреда на вените која ја дренираат венската крв од површинските мозочни вени во венските синуси.
Акутен субдурален хематом се јавува при тешки повреди на черепот со истовремени други оштетувања. Акутниот субдурален хематом при соодветна динамика и големина мора да се третира оперативно (трепанациј) и обично завршува фатално доколу не се оперира, особено ако има поместување во средната линија (поместување и притискање на мозочните стуктури од едната половина преку средната линија кон другата мозочна половина) [3].
Хроничниот субдурален хематом настанува најчесто како резултат на лесни повреди на черепот, според дефенција по најмалку две недели, додека кај околу 50% при експлорацијата не може да се утврди траума. Високата возраст и намалена способност за коагулација на крвта (поради лекови или алкохол-индуцирано оштетување на црниот дроб) го олеснуваат настанувањето. Кај постарите луѓе доаѓа до физиолошко намалување на волуменот на мозокот, а со тоа и до поголемо затегнување на засегнатите вени, поради што можат да се оштетат и при полесни повреди. Формирачкиот хематом може да го спречи текот на вените така што доаѓа до венски застој (конгестија) во мозочното ткиво на кое се наоѓа субдуралниот хематом. Можни последици се главоболки, чувство на притисок, дезориентација, нарушување на свеста, ретко и парези, особено хемипареза. Хроничниот субдурален хематом може исто така да се отстрани оперативно со дренажа, прогнозата е подобра во споредба со акутниот субдурален хематом.
Субарахноидално крварење
[уреди | уреди извор]Субарахноидалното крварење се одвива под мозочната обвивка наречена арахноидеа, во таканаречениот субарахноидален простор, т.е. просторот поѓу двете меки мозочни обвивки арахноидеа и пиа матер. Овој тип на крварење е од артериска природа и се манифестира со ненадејна екстремна главоболка со гадење и повраќање како водечки кардинален симптом.
Субарахноидално крварење може да се јави како резултат на руптура (пукање) на аневризма (малформација на ѕидот на артерискиот сад, со недостаток на мускулен слој во одреден дел од ѕидот на крвниот дас, што резултира негово испакнување на местото на дефектот). Засегнатите артерии се артериските крвни садови од таканаречениот артериски прстен на Вилис на базата на мозокот. За разлика од другите два типа на крварење, кај субарахноидалната хеморагија (крварење) се излева крв во цереброспиналните (ликворни) простори, односно се помешува соцереброспиналната течност.
Во зависност од причината за крварењето, субарахноидалното крварење се третира на различни начини, од хируршки до ендоваскуларни.
Рехабилитација
[уреди | уреди извор]За да се ограничат последиците по мозочно крварење, во зависност од тежината, често се неопходни долгорочни мерки за рехабилитација. При стационарна и амбулантска рехабилитација, се прават обиди да се намалат или елиминираат невролошките и физичките нарушувања. Дополнително, треба да се намали ризикот од понатамошно мозочно крварење и да се ограничи последователната штета. На пример, земањето на антихипертензивни леково, т.е. лекови против висок крвен притисок (на пр. ambrisentan, bunazosin и gallopamil ) од страна на пациентот обично е дел од терапијата по мозочно крварење предизвикана од висок крвен притисок.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- интракранијален притисок
- каверном
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ T. Hagen: Die intrazerebrale Blutung im Rahmen der Amyoidangiopathie. In: Der Radiologe. 1999; 39, S. 847–854.
- ↑ Vgl. etwa P. Franz, Arno Villringer: Spontane intrakranielle Blutungen. In: Der Internist. Band 30, 1989, S. 104–109.
- ↑ Ars Neurochirurgica: Akutes Subduralhämatom.
Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето). |