Прејди на содржината

Интернационализам (лингвистика)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интернационализам[1][2] или меѓународен збор — поим за заемка во лингвистиката што се појавува во повеќе јазици (транслингвализам ) со исто или слично значење и етимологија. Овие зборови постојат на „неколку различни јазици како резултат на истовремени или последователни позајмувања од крајниот извор“ (И. В. Арнолд). Изговорот и правописот се слични, така што зборот е разбирлив меѓу различни јазици.

Се расправало за тоа колку јазици се потребни за да зборот биде интернационализам. На пример, според Гилад Цукерман, најважните јазици што треба да ја вклучуваат истата лексичка единица за да се класифицираат како интернационализам во хебрејскиот јазик се: јидиш, полски, руски, француски, германски и англиски јазик.[3]

Европските интернационализми потекнуваат од латинскиот и грчкиот јазик, но и од други јазици. Меѓутоа, бидејќи англискиот јазик е главната лингва франка на западниот свет, има зголемен број на интернационализми кои потекнуваат од англискиот јазик. Многу неевропски зборови станале меѓународни.

Поврзано

[уреди | уреди извор]