Интервизија (Шостакович)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интервизија ― кратко оркестарско дело на Дмитриј Шостакович компонирано во 1971 година. Била нарачана од Intervision Network, која ја емитувала својата премиера на 29 март 1971 година, еден ден пред 24-тиот конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.[1] Бидејќи Интервизија на Шостакович редовно била користена за предговор за емитување на странски вести, делото станало едно од најпознатите на композиторот во последните децении на Советскиот Сојуз.[2] Објавен е во том 36 од новото комплетно издание на музиката на композиторот што во моментот го издава DSCH Publishers.[3] Ракописот на Шостакович, кој содржел делови од неговата транскрипција за гласови и пијано од неговата Симфонија бр. 14, композиторот му го подарил на Борис Парсаданијан.[4] Ракописот моментално се чува во Џулијардовата збирка на ракописи.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fay, Laurel (2000). Shostakovich: A Life. Oxford: Oxford University Press. стр. 270. ISBN 0195134389.
  2. „SHOSTAKOVICH, Dmitry (1906-1975). Two autograph music manuscripts“. Christie's. 2005. Архивирано од изворникот на 16 декември 2021. Посетено на 3 мај 2022.
  3. „Catalogue of New Collected Works: For Hire“ (PDF). DSCH Publishers. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-03-14. Посетено на 3 мај 2022.
  4. Christies 2005.
  5. „Intervidenie ("Pozyvnye signaly sovetskogo Interviden︠i︡a")“. The Juilliard Manuscript Collection. Архивирано од изворникот на December 16, 2021. Посетено на May 30, 2021.