Институт за филозофија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Институт за философија)

Институтот за филозофија е една од најстарите студиски групи на Филозофскиот факултет - Скопје. Почнува да работи уште во 1920-тите години од, во рамките на тогашниот Факултет кој бил експозитура на Филозофскиот факултет во Белград. После Втората светска војна, на него се формираат и со него се развиваат доајените на современата македонска филозофија. Тоа се професорите: д-р Јонче Јосифовски, д-р Митко Илиевски и академик Георги Старделов. Наедно, во тој период, забележлива е работата на професорот Павао Вук Павловиќ од Загреб и на професорката Загорка Мичиќ од Белград.

Дејност на Институтот[уреди | уреди извор]

Покрај додипломската студии, на Институтот се организирани последипломски студии, како и докторски студии од областа на филозофските науки. Дипломираните студенти се стекнуваат со звањето Дипломиран професор по филозофија, додека со завршувањето на последипломските, односно докторските студии со научниот степен Магистер, односно Доктор по филозофски науки.

Филозофските дисциплини што се изучуваат Институтот[уреди | уреди извор]

На Институтот за филозофија се изучуваат класичните филозофски дисциплини: Историја на филозофијата, Логика, Онтологија, Теорија на познанието, Методологија, Естетика и Етика. Покрај овие класични филозофски дисциплини застапени се и посебните филозофски дисциплини, помеѓу кои се: Филозофска антропологија, Филозофија на религијата, Теории за религијата, Филозофија на политиката, Филозофија на јазикот, Филозофија на правото и други.

Библиотеката на Институтот[уреди | уреди извор]

Библиотеката на Институтот е една од најстарите и најбогатите библиотеки на Филозофскиот факултет. Опфаќа повеќе од 15.000 наслови од областа на филозофијата и на науките сродни на неа. Со библиотеката раководи г-ѓа Фросина Новак, која е воедно и ЕКТС-координатор на институтот.

Денешни наставници и соработници[уреди | уреди извор]