Квачење

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вид на патка која лежи на јајцата во текот на инкубацијата.

Квачењето е дел од репродуктивниот процес кај јајценесните животни во кој од снесеното (положеното) јајце се развива и излегува младенчето по пат на инкубација.

Во текот на квачењето, родителите се однесуваат различно: додека некои видови (главно топлокрвните животни) остануваат да ги чуваат и лежат јајцата, други едноставно ги закопуваат и ги напуштаат. Трети пак, остануваат во близина и по излегнувањето им се враќаат на младенчињата. Лежењето на јајцата („квачење“) кај топлокрвните животни обезбедува константна топлина на ембрионот во јајцето која помага во неговиот развој.