Инженерство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Инженерите)
Слетувачот InSight со сончеви плочи распореден во соба за чистење

Инженерство или техника претставува примена на наука за постигнување на потребите на човештвото. Ова се остварува низ општо знаење, математика и практично искуство применети во дизајнот на корисни предмети или процеси. Професионалните практичари на инженерство се наречени инженери.