Ињево

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Инево)
Прејди на: содржини, барај
Ињево
ЕкспедицијаЛакавичко 213.jpg

Панорамски поглед на селото Ињево, а во позадина се гледа градот Радовиш

Ињево се наоѓа во Republic of Macedonia
Ињево
Местоположба на Ињево во Македонија
Координати 41°36′49″ СГШ 22°25′40″ ИГД / 
Регион Logo of Southeastern Region, Macedonia.svg Југоисточен регион
Општина Coat of arms of Radoviš Municipality.svg Општина Радовиш
Население 1.624[1] жит.
Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Надм. вис. 380 м
Commons-logo.svg Ињево на Ризницата


Ињево — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.624 жители[1], со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ињево се наоѓа југоисточно од градот Радовиш.

Историја[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век, селото било дел од Радовишката каза на Отоманската Империја.

Во 1897 година, во Дедино и Ињево се одвила Радовишката афера на МРО.[3].

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 740 жители, сите Македонци.[4] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Ињево имало 880 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година во селото Ињево, живееле 1.624 жители[1], од кои 1.623 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 740 880 802 900 922 1.189 1.381 1.496 1.546 1.624
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Панорамски поглед на Ињево, а во позадина се гледа градот Радовиш

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Ињево, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[9]
  • Црква „Вознесение Христово — парохиска црква на Ињевско-конечката парохија; изградена е во 1872 година. Не е познато кога и од кој архиереј е осветена. Иконите се од 19 век од непознат автор. Црквата не е зографисана.
  • Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — камен темелник за изградба е поставен во 1991 година, а осветена е во 1992 година од Митрополитот Струмички Горазд.
  • Црква „Св. Петка“ — манастирска црква на истоимениот манастир. Камен темелник за изградба е поставен во 17. 11. 1994 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветена е на 22. 10. 1995 година од Митроплитот Брегалнички Сефан. Иконите се од зограф Стефан од Охрид.
  • Црква „Св. Архангел Михаил“ — манастирска црква на истоимениот манастир. Камен темелникот е поставен на 27 април 1999 година од Митрополитот Брегалнички Стефан, а осветен е на 20 октомври 2002 година од Митрополитот Брегалнички Агатангел. Не е фрескоживописан. Престолните икони се од монахиња Макрина од манастирот “Свети Архангел Михаил” во Берово, а останатите икони се од зограф Тони од Радовиш.

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Ињево
  • Коста Мазнејков — револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на МРО

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во село Ињево секоја година традиционално се одржува Изворниот фолклорен фестивал „Гајда“.

Исто така се негува селската традиција на многу празници и прослави, таков пример е за време на празникот „Лазара“ каде што девојки облечени во селска носија одат од куќа на куќа и пејат песни.

Во село Ињево активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Бобовец“ кој се натпреварува во „Општинска фудбалска лига - Радовиш“.

Теренот на училиштето Орце Николов (фудбалско и кошаркарско игралиште), покрај користењето од училиштето (ФЗО), се користи и за одржување на турнирот во мал фудбал „Меморијален турнир - Ињево“ кој започнува на почетокот на месец август секоја година, а се организира во чест на тројца луѓе кои загинаа во сообраќајна незгода во 2003 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 30 мај 2016 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Атанасов, Зоранчо (2011) (на македонски). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче. стр. 65–77. http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi_44-45/06-Zoranco.pdf. конс. 30 мај 2016 г. 
  3. Куманов, Милен. Македония. Кратък исторически справочник, София, 1993, стр. 213.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „Ињевско-конченска парохија“ (на македонски). Брегалничка епархија. http://bregalnickaeparhija.org.mk/index.php/index.php/index.php/index.php?option=com_content&view=article&id=63:2009-12-19-06-51-28&catid=35:2010-01-15-21-58&Itemid=55. конс. 17 септември 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]