Индиски слон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Индиски слон
Мажјак со бивни, Национален парк Бандипур
Женка, Зоо Скопје
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Сурлачи
Семејство: Слонови
Род: Азиски слонови
Вид: Азиски слон
Подвид: Индиски слон
Триномен назив
Elephas maximus indicus
Кивје, 1798
Синоними

E. m. bengalensis де Бленвил, 1843

Индискиот слон (Elephas maximus indicus) ― еден од трите постоечки признати подвидови на азискиот слон и роден во континентална Азија.[2]

Од 1986 година, азискиот слон е ставен како загрозен на црвениот список на МСЗП бидејќи дивото население се намалило за најмалку 50% од 1930-тите до 1940-тите, т.е три генерации слонови. На азискиот слон му се заканува губење на живеалиштата, деградација и одделување.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Череп на индиски слон во Природонаучниот музеј во Гетеборг, Гетеборг, Вестра Јеталанд, Шведска

Општо земено, азиските слонови се помали од африканските слонови и имаат највисока точка на телото на главата. Врвот на нивната сурла има функција слична на прст. Нивниот грб е конвексен или израмнет.[2] Индиските слонови достигнуваат висина на рамото помеѓу 2 и 3,5 м, тежат помеѓу 2,000 и 5,000 кг, и имаат 19 пара ребра. Нивната боја на кожата е посветла од онаа на шриланкскиот слон со помали места за депигментација, но потемни од оној на суматрискиот слон. Женките обично се помали од машките и имаат кратки или се без бивни.[3]

Најголемиот индиски слон бил 3,43 м висок кај рамената.[4] Во 1985 година, два големи мажјаци биле забележани за прв пат во Националниот парк Бардија, именувани се Раџа Гаџ и Канча. Заедно шетале низ паркот и повремено посетувале женски стада. Раџа Гај застана на 3,43 м висок кај рамото и имал огромна телесна тежина. Неговото чело и куполите на главата биле поистакнати отколку кај другите азиски машки слонови.[5] Неговиот изглед бил споредуван со изгледот на стегодон и мамут поради неговата висока двокуполно обликувана глава.[6]

Индиските слонови имаат помали уши, но релативно пошироки черепи и поголеми сурли од африканските слонови. Прстите на нозете се големи и широки. За разлика од нивните роднини од Африка, нивниот стомак е пропорционален со нивната телесна тежина, но африканскиот слон има голем стомак во споредба со черепите.

Распределеност и живеалиште[уреди | уреди извор]

Диви слонови во Мунар, Керала
Стадо слонови во Националниот парк Џим Корбет
Слоновите кои се бањаат во кампот со слонови на Националниот парк Мудумалаи
Слон во засолништето за диви животни Сатијамангалам

Индискиот слон е домороден во континенталната Азија: Индија, Непал, Бангладеш, Бутан, Мјанмар, Тајланд, Малајскиот Полуостров, Лаос, Кина, Камбоџа и Виетнам. Регионално изумрел во Пакистан. Тој населува пасишта, суви листопадни, влажни листопадни, зимзелени и полузимзелени шуми. Во раните 90-ти, проценетото диво население вклучува:[7]

  • 27,785-31,368 во Индија,[8] каде населението е ограничено на четири општи области:[7]
    • во северозападот - во подножјето на Хималаите во Утараканд и Утар Прадеш, почнувајќи од засолништето за диви животни Катарнијагат до реката Јамуна;
    • во североистокот - од источната граница на Непал во северен западен Бенгал преку западен Асам по должината на хималајските подножја до ридовите Мишми, се протега во источниот дел на Аруначал Прадеш, рамнините на горниот Асам и подножјето на Нагаланд, до ридовите Гаро на Мегалаја преку ридовите Каси, до делови од долната рамнина Брамапутра и платото Карби; изолирани стада се појавуваат во Трипура, Мизорам, Манипур и во областите Асам во долината Барак:
    • во средишниот дел - во Одиша, Џарканд и во јужниот дел на Западен Бенгал, со некои животни кои талкаат во Чатисгар;
    • во југот - осум населенија се расцепкани едни од други во северниот дел на Карнатака, во сртот на Карнатака- Западни Гати, во Бадра-Малнад, во Брамагири-Нилгирис-Источни Гати, во Ниламбур-Тивка Долина-Коимбаторе, во Анамалаи- Парамбикулам, во Перијар - Сривилипутур и еден во Агастајамалаи;
  • 100–125 во Непал, каде нивниот опсег е ограничен на неколку заштитени области во Тераи долж границата со Индија. Во 2002 година, проценките се движеле од 106 до 172 жители и преселнички слонови, од кои повеќето биле во Националниот парк Бардија;[9]
  • 150–250 во Бангладеш, каде само изолирани населенија преживуваат во ридовите Читагонг;
  • 250–500 во Бутан, каде нивниот опсег е ограничен на заштитени подрачја на југ долж границата со Индија;
  • 4,000-5,000 во Мјанмар, каде што населението е многу расцепкано, и се јавува во северните опсези и Аракан Јома на запад, Пегу Јома од средиштен Мјанмар, Тенасерим и сојузната држава Шан;
Мажјак со бивни во Националниот парк Као Јаи, Тајланд.
  • 2,500-3,200 во Тајланд, главно на планините долж границата со Мјанмар, со помали ресцепкани населенија што се појавуваат на полуостровот на југот;
  • 2,100-3,100 во Малезија;
  • 500–1,000 Лаос, каде што тие остануваат широко распространети, но ситно распределени во пошумените области, и во висорамнините и во низините;
  • 200–250 во Кина, каде преживуваат само во префектурите Шишуангбана, Симао и Линцанг од јужен Јунан;
  • 250–600 во Камбоџа, каде што првенствено ги населуваат планините на југозапад и во покраините Мондулкири и Ратанакири;
  • 70–150 во јужните делови на Виетнам.

Патишта на слоновите[уреди | уреди извор]

Вкупно има 138 државни слонови коридори, 28 меѓусојузно-државни коридори и 17 меѓународни државни коридори каде што се наоѓаат населенија на индиски слонови. Во табелата подолу се наведени коридорите.[10]

Распределеност на коридори според региони
Регион Број на коридори Површина (км2) Процент на население на слонови
Североисток 58 41,000 33%
Исток 54 23,500 10%
Север 8 5,500 4%
Југ 46 40,000 53%

Екологија и однесување[уреди | уреди извор]

Диви индиски слонови

Слоновите се класифицирани како големи тревојади и јадат до 150 кг растителна материја во ден.[11] Тие се воглавно стриктни во исхраната, истовремено пасачи и берачи. Во проучувана површина од 1,130 км2 во јужна , слоновите се забележани дека се хранат со 112 различни видови растенија, најчесто од слeзовидниот ред, и бобовите, палмовите, Cyperaceae-вите и тревните семејства.[12]

Во националниот парк Бардија во Непал, слоновите консумираат големи количини на поплавенорамнинската трева, особено за време на сезоната на монсуни. Тие повеќе пребаруваат во сувата сезона со кора што претставува голем дел од нивната исхрана во ладниот дел од тоа годишно време.[13] За време на студија во тропска влажна мешана листопадна пошумена област од 160 км2 во Асам, забележано е дека слоновите се хранат со околу 20 видови треви, растенија и дрвја. Тревите како Imperata cylindrica и Leersia hexandra се убедливо најглавен дел во нивната исхрана.[14]

Стадо диви слонови во националниот парк Куи Бури, Тајланд.

Шемите на движење и користење на живеалиштата на слоновите населенија биле проучени во јужна Индија во текот на 1981–83 година во рамките на 1,130 км2 проучувана област. Вегетационите врсти на оваа област опфаќаат сува трнова шума од 250 до 400 м, листопадна шума од 40 до 1,400 м, овенат зимзелена шума и пасишта од 1,400 до 1,800 м. Пет различни слонови кланови, секој составен од 50 до 200 поединци, имале домови од 105 км2 и 320 км2, кои се преклопувале. Тие претпочитале живеалиште каде што била достапна вода, а растенијата за храна биле вкусни. За време на сувите месеци од јануари до април, тие се собирале со голема густина до пет лица на км2 во речните долини каде што берените растенија имале многу поголема содржина на белковини од грубите високи треви на падините на ридот. Со почетокот на дождовите во мај, тие се распрснаа на пошироко подрачје со помала густина, главно во високите шуми со трева, за да се хранат со свежите треви, кои тогаш имале голема вредност на белковините. Во текот на втората влажна сезона од септември до декември, кога високите треви станале влакнести, тие се преселиле во отворени шуми со кратки треви. Нормалната шема на движење може да се наруши за време на неповолни услови на животната средина. Сепак, шемата на движење на слоновите во овој регион во основа не се менувал повеќе од еден век, како што се заклучува од описите забележани во текот на 19 век.[15]

Во биосферниот резерват Нилгири, три слонови кланови имале вкупни домови од 562 км2, 670 км2 и 799 км2 во почетокот на 90-тите години на минатиот век. За време на тригодишно истражување, нивниот годишен опсег на домови се преклопувал во голема мера со само мали поместувања во домот меѓу годините.[16]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Црвен список на загрозени видови. Отсутно или празно |title= (help)
  2. 2,0 2,1 Shoshani, J.; Eisenberg, J. F. (1982). Elephas maximus (PDF). Mammalian Species (182): 1–8. doi:10.2307/3504045. JSTOR 3504045. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2021-04-03.
  3. Shoshani, J. (2006). „Taxonomy, Classification, and Evolution of Elephants“. Во Fowler, M. E.; Mikota, S. K. (уред.). Biology, medicine, and surgery of elephants. Wiley-Blackwell. стр. 3–14. ISBN 0-8138-0676-3.
  4. Pillai, N.G. (1941). „On the height and age of an elephant“. Journal of the Bombay Natural History Society. 42: 927–928.
  5. Furaha tenVelde, P. (1997). „The wild elephants of the Royal Bardia National Park, Nepal“ (PDF). Gajah: Journal of the IUCN/SSC Asian Elephant Specialist Group (17): 41–44.
  6. Ben S. Roesch. „Living Stegodont or Genetic Freak?“. Архивирано од изворникот на 8 ноември 2006. Посетено на 3 април 2021.
  7. 7,0 7,1 Sukumar, R. (1993). The Asian Elephant: Ecology and Management Second edition. Cambridge University Press. ISBN 0-521-43758-X
  8. „Elephant Reserves“. ENVIS Centre on Wildlife & Protected Areas. Посетено на 3 април 2021.
  9. Bhatta, S. R. (2006). Efforts to conserve the Asian elephant in Nepal. Gajah: Journal of the IUCN/SSC Asian Elephant Specialist Group 25: 87–89.
  10. „Elephant Corridors of India“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2018-10-27. Посетено на 2021-04-03.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. Samansiri, K. A. P., Weerakoon, D. K. (2007). Feeding Behaviour of Asian Elephants in the Northwestern Region of Sri Lanka Архивирано на 18 ноември 2016 г.. Gajah: Journal of the IUCN/SSC Asian Elephant Specialist Group. Number 2: 27–34
  12. Sukumar, R. (1990). Ecology of the Asian Elephant in southern India. II. Feeding habits and crop raiding patterns Архивирано на 12 октомври 2007 г.. Journal of Tropical Ecology (1990) 6: 33–53.
  13. Pradhan, N.M.B., Wegge, P., Moe, S.R., Shrestha, A.K. (2008). Feeding ecology of two endangered sympatric megaherbivores: Asian elephant Elephas maximus and greater one-horned rhinoceros Rhinoceros unicornis in lowland Nepal. Wildlife Biology 14: 147–154.
  14. Borah, J., Deka, K. (2008). Nutritional Evaluation of Forage Preferred by Wild Elephants in the Rani Range Forest, Assam, India. Gajah: Journal of the IUCN/SSC Asian Elephant Specialist Group 28: 41–43.
  15. Sukumar, R. (1989). Ecology of the Asian elephant in southern India. l. Movement and habitat utilization patterns Архивирано на 20 јули 2011 г.. Journal of Tropical Ecology 5: 1–18.
  16. Baskaran, N., Desai, A. A. (1996). Ranging behaviour of the Asian elephant (Elephas maximus) in the Nilgiri Biosphere Reserve, South India. Gajah: Journal of the IUCN/SSC Asian Elephant Specialist Group 15: 41–57.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • G. P. Sanderson (1907) „Thirteen years among the wild beasts of India: their haunts and habits from personal observation : with an account of the modes of capturing and taming elephants“. John Grant, Единбург. 8. издание во 2000 од Asian Educational Services, Њу Делхи. ISBN 81-206-1464-XISBN 81-206-1464-X .ISBN 978-81-206-1464-2

Надворешни врски[уреди | уреди извор]