Ингрид оди на запад (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ингрид оди на запад (англиски: Ingrid Goes West) е американски филм, во режија на Мет Спајсер (Matt Spicer). Главните улоги ги играат: Обри Плаза, Елизабет Олсен и О'Шеи Џексон.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот претставува црна комедија за осаменоста во епохата на друштвените медиуми. Ингрид Торбурн (ја игра Плаза) е ментално нестабилна девојка која страда од осаменост. Таа е зависна од нејзиниот паметен телефон, а по смртта на нејзината мајка, таа наследува одреден износ пари и од Пенсилванија се сели во Лос Анџелес. Таму, пак, живее Слоун Тејлор (ја игра Олсен), која е инфлуенсер на Инстаграм и идол на Ингрид...[1]

Осврт кон филмот[уреди | уреди извор]

„Ингрид оди на запад“ е првиот долгометражен филм на Спајсер. Притоа, режисерот не морализира и не ги осудува главните ликови во филмот, туку ги претставува во допадливо светло за публиката. Сепак, при крајот, филмот ја губи својата суптилност и се наклонува кон клишето на пустинското насилство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ѓорѓи Јаневски, „Ингрид оди на запад“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 102-103.