Инглишов Брег

Координати: 73°30′S 73°0′W / 73.500° ЈГШ; 73.000° ЗГД / -73.500; -73.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Инглишов Брег во рамките на Антарктик
Инглишов Брег
Местоположба на брегот

Инглишов Брег (англиски: English Coast) — дел од бреговата линија на Антарктикот помеѓу северниот крај на Ридберговиот Полуостров и нунатиците Батрес, на западната страна на Палмеровата Земја. На запад се наоѓа Брајановиот Брег, а северозпадно се протега Рајмиловиот Брег источно од Александровиот Остров преку протокот Џорџ VI.

Овој брег е откриен и потоа копнено истражен во 1940 г. од Фин Роне и Карл Еклунд, а од воздух е истражуван од членови на Источната база на Антарктичката служба на САД во 1939–41 г. Првично бил наречен „Брег на Роберт Инглиш“ во чест на Роберт Игнлиш, извршен секретар на службата (1939–41) и каптеан на бродот „Беар“ на експедицијата на Ричард Берд (1933–35). Подоцна името е скратено.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „English Coast“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 2 март 2012. (англиски)

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Инглишов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

73°30′S 73°0′W / 73.500° ЈГШ; 73.000° ЗГД / -73.500; -73.000